Историја на Перу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Перу

Историја на Перу

Рана историја
Империја на Инките
Шпанско освојување
Вицекралство Перу
Независност
Перуанско-боливијска конфедерација
Тихоокеанска војна
Перу

Портал:Перу

Најраните докази за човековото постење на територијата на Перу датираат од пред 11.000 година п.н.е. Најстариот комплексен систем на живеење во Перу е цивилизацијата Норте Чико, која се протегала покрај Тихиот Океан и опстојувала помеѓу 3000 и 1800 година п.н.е. Овие докази се пронајдени во археолошките наоѓалишта Чавин, Паракас, Мочика, Наска, Вари и Чиму. Во 15 век, Инките се воздигнале и станале најсилна империја во регионот и најголемата империја на Јужна Америка пред доаѓањето на Европејците[1]. Андските општества биле засновани врз земјоделието, користејќи системи на наоводнување современи за тој период.

Во 1532, група конкистадори предводени од Франсиско Писаро ги поразил Инките и воспоставил шпанска контрола. Десет години подоцна, шпанската круна ја основала „Поткралството Перу“. Поткралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светото Римско Царство на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франсиско Писаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу. Во 1543 година кралот го испратил и го назначил како поткрал Бласко Нунеж Вела за да ја спречи војната, но тој бил убиен три години подоцна од страна на Гонсало Писаро. Конеечно, Педро де ла Гаска успеал да воспостави ред во поткралството и во 1548 година да стави крај на граѓанската војна.

Во текот на своето постоење, поткралството било управувано од страна на 39 кралеви во периодот помеѓу 1544 до 1824 година. Франческо де Толедо (1569-1581) тој спровел големи реформи во поткралството. Тој ги централизирал колонијалните владини функции и ги поставил идните административни работници на поткралството. Во текот на нејзиното постоење, наредните векови следувале тешки моменти и кризи како во Шпанија така и во Перу. Во 1713 година било создадено Поткралството Нова Гранада на север, како и Поткралството Рио де ла Плата во 1776 година.

Во текот на 19 век, голем дел од териториите на државата добиле независност и целосното постоење на државата завршило по Битката кај Ајакуча во 1824 година.

Во раниот 19 век, додека останатите јужноамерикански држави се бореле за независност, Перу останал лојален кон кралот. Независноста на Перу била стекната со воените походи предводени од Симон Боливар и Хосе де Сан Мартин. За време на раните години на републиката, воени водачи создале политичка нестабилност во Перу. Подоцна се формирала Конфедерацијата на Перу и Боливија. За време на Конфедерацијата, учествувал во повеќе битки и воени походи со околните јужноамерикански држави. По распадот на конфедрацијата, Перу објавил војна на Боливија во која и загубил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Terence D'Altroy, The Incas, pp. 2–3.