Историја на Иран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Внмание

Историјата на Иран е тесно поврзана со историјата на поголемо подрачјето кое се протега од реката Дунав на запад, па на исток се до реката Инд и Сирдарја, односно од Кавказот, преку Каспиското Море и Аралското Езеро на север па се до Персискиот залив, Заливот на Оман и Египет на југ. Југозападниот дел од Иранската Висорамнина се наоѓа на подрачјето кое се смета за антички Блиски Исто к, со неколку цивилизации кои постоеле на тоа подрачје како Еламите во периодот на раното Бронзено доба. Вистинскиот процут на Персиската Империја се случува во Железното доба, како резултат на надоаѓањето на иранските народи на тоа подрачје. Иранските народи ја формирале Медијанската династија, а како противтежа персискиот народи ги формирал Акаемедиското Царство, Партиската династија и династијата на Сасанидите кои постоеле во класичниот антички период. Некогаш голема империја, како што од секогаш била нарекувана како Персија, многу често била освојувана нејзината територија а поради тоа и имала чести промени на територијалните граници. Била напаѓана и освојувана од страна на Грци, Римјани, Арапи, Турци, Монголци и други народи, често биле вмешани во политики од големи размери па затоа оваа империја воспостави слика во светот дека се разликува од останатите поради нејзиниот уникатен политички и културен систем. Иран е дом на еден од најстарите цивилизации којшто во континуитет некогаш постоеле, со историски и урбани населби, кои датираат 4000 г.п.н.е. Медијците ја споиле целата иранска територија заедно со целокупното иранско население во 625 г.п.н.е. Акаемедиската Империја е првата од низата на ирански империи кои владееле од Балканот, северна Африка па се до Централна Азија со главен град Персеполис. Тие биле наследени од Империјата на Селевкидите, Партите, и Сасанидите кои владееле со Иран скоро 1000 години. Исламското освојување на Персија ги прекинала Сасанидите и претставува пресвртна точка во иранската историја. Исламизацијата на Иран се одвивала од 8 до 10 век и довело до постепено изумирање на зороастријанската религија. Меѓутоа постигнувањата на оваа империја во претходниот период не биле изгубени туку биле присвоени од исламската култура и претопени во нова политичка и цивилизациска империја. После вековна окупација и нивните династии којшто кратковремено претстојувале на тронот, Иран повторно била споена во својата целовитост како независна држава во 1501 г. За време на династијата на Сафавидите кои го востоставиле исламскиот шиитизам како официјална државна религија, создавајќи пресвртница во историјата на Исламот. Иран била монархија со кој владеел шах или цар, скоро и без престан од 1501 г. па се до 1979 г. до Иранската револуција пос која Иран станала република на 1 април 1979 г.


Праисторија

Палеолит


Најраните археолошки артефакти во Иран се најдени во Кашафруд и Гањ Пар и се проценува дека нивната старост изнесува 800.000 г. во раниот палеолит. Мустеријанско камено орудије направено од неандерталци исто така било пронајдено. Пронајдени се повеќе културни остатоци од неандерталец кои датираат од средниот палеолит најчесто во Загрос регионот и неколку од Централен Иран како што се Ќобе, Кунџи, Бисетун, Тамтама, Варваси и пештерата Јафте. Во 1949 г. од страна на Карлтон Кун биле откриени остатоци од нерндерталски живеалишта во пештерата Биситун. Доказите за постоење на активности во доцен палеолит се пронајдени околу Загрос регион во пештерите на Керманшах и Ќорамабад, како и неколку во Алборц и централен Иран.


Неолит во Енеолит


Постојат предмети со човечки или животински лик стари 9000 г. пронајдени во Тепе Сараб во подрачјето на Керманшах. Во 8-от милениом п.н.е. стари земјоделски заедници се пронајдени како и едни од најстарите селски населби наречени Чога Бонут во Суса, по претпоставка дека овие населби биле создадени своеиницијативно или како резултат на туѓо влијание. Со проценета иста старост биле пронајдени човечки и животински теракотни фигури во Гањ Даре, во западен Иран. Југозападниот дел на Иран бил меѓу првите региони користени за одгледување на житни култури, во селата како Суса, Чога Миш, а во планинскиот масив Загрос биле пронајдени тегли за вино стари 7000 г. како и остатоци од населби со приближно иста старост. Двата главни населби од периодот на неолитот биле речната цивилизација на Зајанде Гањ Даре.


Бронзено Доба


Суса е една од најстарите населби во Иран па и во светот. Била основана најрано во 4395 г.п.н.е. постара дури и од населби пронејдени во Месопотамија. Главниот заклучок којшто го имаат археолозите е дека Суса е продолжеток на сумерскиот град – држава Урук. Во нејзината подоцнежна историја, Суса прераснала во главен град на Еламското царство основано 4000 г.п.н.е. Низ целокупната територија на Иран може да се пронајдат дузина населби чија старост би се проценила на 4000 г.п.н.е. Една од најстарите култури на Иранската Висорамнина е Жироф цивилизацијата во југоисточен Иран, во провинцијата Керман. Оваа локација е една од најголемите наоѓалишта на археолошки артефакти во целата област. Археолошките ископини во Жироф пронајдоа неколку објекти стари 4000 г.п.н.е. постојат многубројни артефакти украсени со животински мотиви, митолошки фигури и други мотиви. Предметите и нивната иконографија се нешто со што археолозите првпат се судриле. Многу од нив биле направени од хролит, сиво-зелен камен, други од бакар, бронза, теракот, а некои дури и од лапис лазули. Неодамнешни ископини на локалитети откриле записи постари од оние од Месопотамија. Постојат записи за останати антички цивилизации кои живееле во Иранската Висорамнина пред доаѓањето на иранските племиња во текот на раното железно доба. Во раното Бронзено доба се случиле првите урбанистички градби внатре во самите градови, како и пронаоѓањето на пишувањето во Блискиот Исток. Додека Еламите во Бронзеното доба се користеле со пишани форми на изразување, писмото на Протоеламите сеуште не е дешифрирано а записите од Сумер кои се однесувааат на Еламите се ретки т.е. недоволни.


Рано Железно доба


Записите стануваат се почести со појавата на Новоасирското царство и нејзината појава на Иранската Висорамнина. До раниот 20-ти век, постоеше теорија дека племињата доаѓале на Иранската Висорамнина од понтиско-касписките степи. Некои тврдат дека со доаѓањето на иранските народи, Еламите биле приморани да ги предадат териториите во нивни раце и полека да се повлечат во Суса, Ќузистан и околината по што подоцна таа област била ограничена само со Елами. Други научници велат дека едноставно со доаѓањето на Иранците, Еламите само се измешале со нив. Кон средината на првиот милениум п.н.е. Медејците, Персијците и Партите биле тие кои ги населиле овие простори.


Класичен антички период


Во 646 г. асирскиот крал Ашурбанипал ја опустошил Суса, со што завршила доминацијата на Еламитите во регионот. Во период од 150 години Асирските кралеви се обидувале да ги освојат медијанските племиња во Западен Иран. Под притисок на Асирското царство, малите кралства на западен Иран се сплотиле во поголема и поцентрализирана држава. Во втората половина на 7-ми век п.н.е. медијанските племиња се здобиле со независност и се соединиле под водство на Диокс. Во 612 г.п.н.е. Куаксер Велики, внукот на Диокс, и вавилонскиот крал Набуполасар извршиле инвазија на Асирија и поставиле опсада и подоцна го уништиле Ниневех, асирскиот главен град, со што подоцна доведе уништување на Новоасирското царство. На Медесите им се придодава како на зачетници на Иран како и царство, и дека ја создале првото иранско царство најголемата дотогаш видена се до унификацијата на Медесите и Персијците под водство на Кир Велики кој ќе ја формира Акаемедиското царство. Кир Велики ги совладал Медесите, Либијците и Вавилонците, создавајќи уште поголемо царство од Асирското. Тој се покажал како поспособен, попрактичен, да се помират неговите поданици на персиски правила, а со тоа да создаде долготрајна империја. Персискиот крал, исто како асирскиот, бил нарекуван "Крал над кралевите". Камбус Втори го освоил антички Египет, отфрлајќи ја 26. Династија. Според записи од Херодот, тој починал поради болест, а други извори тврдат дека тој бил убиен поради непочитување на египетските богови. Како и да е, за негов наследник бил назначен Дариј Први, по неговите тврдења дека тој водел директна линија на потекло од Акаемедиската династија. Дариј за негов прв главен град ја назначил Суса, и ја започнал изградбата на Персеполис. Тој го реконструирал каналот помеѓу реката Нил и Црвеното Море, предвесникот на модерниот Суецки Канал. Тој ја унапредил патната инфраструктура, и токму за време на неговото владеење бил изграден кралски автопат спојувајќи ги Суса и Сардис. Многу други реформи биле започнати во негово време. Ковањето пари, во форма на златни и сребрени монети, било започнато како и зголемувањето на ефикасноста во поглед на управувањето. Стариот персиски јазик се појавува во кралските списи, пишувано како специјално адаптирано клинесто писмо. Под водство на Кир Велики и Дариј Велики, Персија станала најголемата дотогаш видена во светот, владеејќи и управувајќи со поголем од тогаш познатиот свет. Нивното најголемо достигнување била самата нивна империја. Персиската Империја претставувала првата светска сила која се засновала врз моделот на толеранција и почит кон другите култури и религии. Во 499 г. Атина пружала помош во бунтот во Милетус што резултирал со ограбување на Сардис. Ова довело Акаемедијците да почнат кампања против Грција, позната како Грчко-Персиските војни, траејќи целосно во првата половина на 5-ти век п.н.е. во текот на овие војни Персија создала свои предности и успеала да ја уништи Атина во 480 г.п.н.е. но по врзани неколку победи на бојното поле од страна на Грција, Персија била приморана да се повлече, губејќи територии во Македонија, Тракија и Јонија. Војната завршила со примирје на Калас ви 449 г.п.н.е во 404 г.п.н.е. по смртта на Дариј Втори, Египет се побунил под водство на Амуртус. Подоцна египетските фараони ги одбивале персиските напори за повратување на нивната територија, се до 343 г.п.н.е. кога Египет бил повторно освоен од страна на Артаксеркс Трети.


Империјата на Селевкидите


Во 334 - 331 г.п.н.е. Александар Македонски, кој во зороастриската света книга познат и под псевдонимот „проклетиот Александар“, го поразил Дариј Трети во битката кај Граник, Ис и Гавгамела, молневито освојувајќи ја Персиската Империја во 331 г.п.н.е. Македонската империја по неговата смрт се расцепкала на помали делови, а неговиот генерал Селевкид Први Никатор, се обидел да ја превзеде контролата врз Персија, Месопотамија и подоцна Сирија и Мала Азија. Неговата династија е позната како династијата на Селевкидите. Тој бил убиен во 281 г. од страна на Птоломеј Кераун. Грчки јазик, филозофија и уметност пристигнала со пристигнувањето на доселениците. За време на владеењето на оваа династија, грчкиот јазик прераснал во официјален јазик на дипломатијата и литературата. Трговијата преку копнен пат допринесе и за културна размена на некои обичаи. Влијанието на Будизмот дојден од Индија, како и зороастријанизмот продирајќи со своето влијание кон запад и попречувајќи ја самостојноста на Јудеизмот. Масивни статуи на Буда направени во класично грчки стил се пронајдени во Персија и Авганистан, илустрирајќи го спојот на култури кои се судирале во овој период. Империјата на Партите со која владеела династијата на Аркасидите по освојување на на Партите и поразувајќи ја грчката Империја на Селевкидите во 3. век п.н.е. ја обновиле старата територија и тие управувале со пределите на Иранската Висорамнина, како и помеѓу периодот од 150 г.п.н.е. и 224 г.н.е. повремено успевале да воспостават своја контрола и на територијата на Месопотомија. Партите во тоа време прераснале во најголемиот непријател на Римската Империја, кои го попречувале продорот на римјаните да не оди подалеку од Кападокија, Централна Анадолија. Нивната војска била сочинета од два вида на коњаници, тешко воорушена со добар оклоп коњаница и лесно вооружена но и многу подвижни коњанички стрелци. Римјаните, кој се потпирале најмногу на тешката пешадија, многу тешко можеле да ги поразат Партите поради фактот што и двата типа на коњаница биле многу побрзи и поподвижни од противнижката пешадија. Од друга страна, на Партите им било тешко да го окупираат освоеното подрачје поради недостигот на искуство кој го имале при спроведување на опсадна кампања. Поради оваа слабост, ниту Римјаните ниту Партите не успеале да воспостават целосна контрола врз освоената територија. Империјата на Партите опстоила цели пет века, многу повеќе отколку било која друга друга империја на Истокот. Крајот на оваа Империја се сличил во 224 г. кога Империјата го изгубила својот сјај и нивниот последен крал бил тргнат од престолот од нивното вазално царстно, Персијците под водство на династијата на Сасанидите.


Империјата на Сасанидите


Првиот шах на Империјата на Сасанидите, Ардашир Први, ги направил првите економски и воени реформи. Нивната територија ја сочинувале, денешен Иран, Ирак, Израел, Либан, Јордан, Ерменија, делови од Абганистан, Турција, Сирија, делови од Пакистан, Кавказ, Центална Азија, Арабија и делови од Египет. Персијците ги поразиле Римјаните во битката кај Едеса во 260 г. и го заробиле римскиот цар Валеријан, кој останал заробен до крајот на неговиот живот. За време на владеењето на Ќосра Втори, Египет, Јордан, Палестина и Либан биле припоени кон нивната Империја. Сасанидите нивната држава ја нарекувале Ераншахир или Ираншахир, што значи територијата на Аријанците – Иранците. За овој народ ќе се отвори ново поглавје во нивната историја каде што ќе бидат воено активни против Римската Империја цели шестотини години. За ова време, Сасанидите и Романо-Византијската војска се судирале за здобивање на територии во Месопотамија, Ерменија, и Левент. Под водство на Јустинијан Први, било склучено примирје со кое Римјаните биле приморани да плаќаат за да се одржи мирот. Меѓутоа, Сасанидите ќе ги искористат доказите против императорот Маврициј поради неговото кршење на договорот за примирје како изговор за да ја нападнат империјата. По неколкуте последователни воени успеси, Сасанидите конечно ќе доживеат неколку порази и тоа кај Исис, Константинопол и на крај Ниневе, со што на крајот и двата спротивставени табора се согласиле за склучување на мир. Поради Римско-Персиските војни, исцрпените сили на Персија ја загубиле битката кај Ал Чадишија во Хила во денешен Ирак, со што им се отворил патот на муслиманите. Ерата на Сасанидите, опфаќајќи го доцниот антички период се мисли дека е еден од најбитните историски моменти во историјата на Иран и нивниот белег што го оставиле на светската сцена. Од повеќе аспекти може да се каже дека за време на владеењето на оваа династија, персиската цивилизација го живеела својот цивилизациски врв, и ја оформиле најголемата Иранска Империја до пред нивната исламизација. Персија во нивно време значително влијаела врз римскиот граѓанин, нивните културни влијанија се протегале далеку зад нивните државни граници, доспевајќи се до Западна Европа, Африка, Кина, и Индија, како и улогата која ја одиграле во креирањето на евро-азијатската уметност. Ова влијание опстојувало и во исламскиот период. Уникатната и аристократската култура која ја носеле со себе владеачката династија како исламски освојувачи, од воени уништувачи, го претвориле Иран во персиска ренесансна држава. Она што се мисли дека се исламска култура, архитектура, книжевност и други државни достигнувања, всушност се позајмици од Сасанидите, а се користеа и многу пошироко од нивните граници.


Иран низ средновековието


Мислиманите го нападнале Иран за време на владеењето на Умар и по неколку добиени битки ја освоиле целата територија. Последниот лидер на Сасанидите Јаздегер Трети бегал од една во друга провинција се додека не бил убиен во грабеж во близината на Мерв во 651 г. Во 674 г. муслиманите го освоиле Големиот Хорасан, територија која денес се протега од денешната провинција Хорасан, денешен Авганисан и делови на Трансоксанија. Исламското освојување на Персија ја довела до крај Империјата на Сасанидите а со неа и декаденцијата на зороастријанската религија. Со текот на времето, мнозина од Иранците го прифатиле Исламот. Многуте елементи кои ја чинеле Персија пред исламските освојувања не исчезнале туку биле претопени во новата исламска држава.


Калифатот на Омејадите


По падот на династијата на Сасанидите, Омејадите прифатиле многу персиски обичаи, особено во државното управување и дворските манири. Арапските гувернери кои биле распоредени во провинциите биле Персиски Арамејци или етнички Персијци. Персискиот јазик останал како официјален јазик на Калифатот се до прифаќањето на арапскиот јазик кон крајот на 7-ми век. Во 692 г. почнал нов систем на ковање пари во главниот град Дамаск. Новите кованици биле имитации на сасанитските, како и византиските. За време на нивното владеење го наметнале арапскиот јазик на домородното население. Хаџи ибн Јусуф, не бил задоволен поради присуството на персискиот јазик во Диванот, па наредил арапскиот да се наметне на места каде што наидувал на отпор. Постојат голем број на историчари кои посочуваат дека владеењето на Омејадите довело до зголемување на данокот на населението од немуслиманска вероисповест. Гувернерите вложувале жалби до калифатот дека измените на законите допринеле полесно да се врши промена на вероисповест, со што многумина го префатиле Исламот а со тоа се намалиле приходите од даночните обврски. Во 7-ми век, кога многумина неарапи го прифатиле Исламот биле нарекувани Мавали и биле третирани како граѓани од втор ред се до крајот на династијата на Омејадите. Во текот на овој период, Исламот како религија тесно се поврзувал со етничките Арапи и било потребно нивна поддршка за да останатите нови членови на оваа религија бидат прифатени и да бидат сметани за еднакви. Недоследностите на Омејадите за почитување на неарапските муслимани со шиитските муслимани се кренало големо незадоволството на овие малцинства кое не успеале да го смират. Ако ова навистина е така, ова појава се косела со исламските учења, бидејќи Пророкот Мухамед имал близок придружник Салман кој водел потекло од Персија. Со смртта на калифот Хишам ибн Абди ал Малиќ во 743 г. муслиманскиот свет потонал во граѓанска војна. Абу Муслим бил пратен во Хорасан од страна на Абасидите во улога на пропагатор за да ја подгрее атмосферата за бунт. Тој во битката кај Мерв го поразил гувернерот на Омејадите Насер ибн Сајар. Со тоа тој постанал абаситскиот гувернер на Хорасан. Во 750 г. Абу Муслим прераснал во лидер на армијата на Абасидите и ги поразил Омејадите во битката кај Заб. Покасно таа година, тој успеал да влезе и зазеде главниот град на Омејадите, Дамаск.


Калифатот на Абасидите


Војската на Абасидите се состоела од војници по потекло од Хорасан и била предводени од страна на иранскиот генерал Абу Муслим Хорасани. Во неа биле сплотени ирански и арапски елементи како и војници кои воделе потекло како од иранските краишта така и од арапските., Абасидите ги наследиле Омејадите во 750 г. Првиот потег кои Абасидите го направиле по доаѓање на власт бил преименување на главниот град од Дамаск во Левент, денешен Ирак. Овој потег бил направен поради големото влијание кое персиската историја и култура го имала во тоа подрачје, па овој град ќе стане главен административен по барање на Арапите за да се намали ова влијание. Багдад и неговата изградба ќе биде завршена во 762 г. По течението на реката Тигар, како нивни нов главен град. Абасидите поставувале везири наречени Бармакијади кои ималe улога да управуваат со државните работи, како вицекалифи, односно нивни заменици. Со овие промени значеле дека многу калифи од оваа динасија биле само формално на чело на државата, а нивните помошници всушност ја имале целокупната моќ во нивни раце. Новата персиска бирократија постепено почнала да ја заменува застарената арапска аристократија, а со тоа почнале да се забелешуваа видливи промени по што можело да се воочи дека Абасидите се разликувале од Омејадите. До 9-от век контролата на територијата почнала да им се лизга од рацете поради локалните владари и нивните апетити за поголема моќ. Абасидските калифи почнале да вршат регрутирање на војници од туркиско потекло кои се доселиле од Централна Азија во Трансоксиана како робови-војници. Кратко потоа калифите само ја претставувале како владетели, но вистинската моќ ја држеле овие воини во своите раце. Како што моќта на Абасидите се намалувала, така се појавувале локални династии кои контролирале значителен дел од нивната територија а со тоа и поседувале моќ и влијание. Една од највлијателните династии била и династијата на Тахиридите во Хорасан, Сафаридите во Систан и Саманидите во Бухара. Саманидите постепено успеале да воспостават контрола на подрачјето кое се протегало од Централен Иран до Пакистан. До почетокот на 10-ти век, Абасидите скоро ја загубиле целосно својата територија на новата брзорастечка династија на Бујидите. Поради фактот што целокупната управувачка моќ на Абасидите била персиска, Бујудуте многу лесно стигнале до власт во Багдад. Бујидите биле поразени од страна на Селџуците во средина на 11-от век, па ја продолжиле својата доминација за сметка на Абасидите, а јавно искажувајќи им верност. Абасидите владееле во Багдад, барем формално, се до инвазијата на Монголците во 1258 г. со што градот бил ограбен а со тоа и завршила приказната за династијата на Абасидите. За време на нивното владеење целосно се променил управувачкиот систем, од примарниот со кој владееле арапските муслимани а другите муслимани биле сметани како граѓани во втор ред, во систем каде што сите муслимани биле рамноправно третирани каде што сите службеници на Империјата може да и служат само ако се муслимани, но и ништо повеќе.


Златниот период на Исламот


Исламизацијата била долготраен процес кој траел долг период за да резултира со крајната цел. "Стапката на исламизација" на Ричард Булиет индицира дека само 10% од жителите на Иран го прифатиле Исламот во периодот на владеењето на арапските Омејади. Но со доаѓањето на Абасидите на власт тој процент постепено почнал да се зголемува со отприлика 40% муслимани од целокупното население кон средината на 9-от век, а до крајот на 11-от век процентот се искачил на 100%. Сејид Хусеин Наср вели дека забрзаното зголемување на исламизирано население се должи на притисокот од страна на персиските лидери. И покрај тоа што Персијците ја прифатиле религијата на нивните освојувачи, низ вековите работеле кон сочувување на нивниот јазик и култура, во процес познат како персијанизација. Во 9-от и 10-от век неарапското население од редот на Умет доздале движење наречено Шуубија како незадоволство од привилегираниот статус на арапите. Повеќето членовите на ова движење биле Персијци, но имало присуство на Египќани, Бербери и Арамејци. Повикувајќи се основните начела во Исламот за рамноправност, првичната цел им била зачувување на персиската култура и заштита на персискиот идентитет. Како доказ може да се воочи постоењето на персискиот јазик до ден денешен. династијата на Саманидите довела до препород на персиската култура, а овој период бил одбележан од страна на персискиот поет Рудаки, кој е првиот поет од генерацијата која ќе биде воздигнувата од страна на оваа династија. Династијата исто така вратиле одамна заборавени персиски празници во употреба. Нивниот наследник, династијата Гањевиди која била од неиранско потекло, исто така се залагала во заживување на персиската култура. Кулминацијата на персијанизацијата бил епот Шахнаме, напишан целосно на персиски. Ова дело се осврнува на иранската античка историја, уникатната културна вредност, нивната предисламска религија. Исламизацијата на Иран требало да доведе целосна трансформација од културен, научен и политички аспект во иранското општество. Расцутот на персиската литература, филозофија, медицина и уметност биле од голема важност во новоформираната муслиманска држава. Наследникот на илјадници години стара култура, секогаш наоѓајќи се себеси на крстопат меѓу најголемите цивилизации, Персија го започнала своето чекорење во златниот период на Исламот. Во текот на периодов, стотици учители и научници допринеле во технолошките достигнувања, научните и медицинските, со што подоцна влијаеле и во зародишот на европската ренесанса. Највлијателните интелектуалци од овој период живееле во Иран, собирачите на Хадиси, сунитски и шиитски, како што се Шеик Садуќ, Шеик Кулаини, Имам Бухари, Имам Муслим и Хаким ал Нишабури, најголемите теологисти како Шеик Туси, Имам Газали, Имам Факир ал Рази и Ал Замахшари, великаните во физиката, астрономијата, логиката, математиката, метафизиката, и филозофијата како Ал Гараби, Авицена и Насер ал Дин Туши, најголемиот Шеик од Суфизмот како што е Руми и Абдул Кадир ГИлани.

Во 962 г. туркиски гувернер на Саманидите, Алптигин ја освоил Газна и формирал династија на Гањевидите која траела се до 1186 г. Оваа империја фунционирала на принципот со кој постепено ја земал територијата на Саманидите.

Тие се познати по нивниот поход во освојување на индиските територијани подрачја. Инвазијата започнала во 1000 г. предводена од Махмуд и траела неколку години. Не успеале да воспостават долгогодишна власт на тие област. Во 1040 г. Селџуците ја презеле власта од рацете на оваа династија. Селџуците кои како и Гањавидите по потекло се Персијци, полека но сигурно го освоиле Иран во текот на 11-от век. Оваа династија води потекло од туркоманските племиња од Централна Азија и со нив започнало владеењето на оваа група народ на таа територија. Тие воспоставиле владеење во Централна Азија, Блискиот Исток од 11-от до 14-от век. Таа била позната како Големата Селџучка Империја која се протегала од Анадолија на запад па се до Кина на исток. Таа била првата муслиманска држава која била мета на крстоносците. Тие денес се нарекуваат културните предци на западните Туркијци, Азери, Турци и Туркмени и биле забележани како големи заштитници на персиската култура, уметност, литература и јазик. Основачот на династијата Тугрил Бег, ја свртел свијата војска против Гањевидите во Хорасан. Продирајќи успешно во нивната територија во 1055 г. калифот на Багдад му даал ткаенини, подароци и го прогласил за Крал на Истокот. За време на наследникот на Тугрил Бег, Малиќ Шах, Иран живеел во културна и научна ренесанса, воглавно поради иранскиот визионер Низам ал Мулк. Овие лидери подигнале обсерваторија каде што Омар Кајам ги вршел своите експерименти за нов календар, подигнале религиозни училишта во сите поголеми градови. Тие го донеле еден од најголемите муслимански теологисти, Абу Хамид Газали и други еминенти интелектуалци во главниот град на Селџуците, Багдад каде има ја давале нивната целосна поддршка. Кога Малик Први Шах умрел во 1092 г. неговата империја се поделила меѓу неговиот брат и неговите синови кои имале потешкотии во поделбата на територијата. Во Анадолија тој бил наследен од Килиџ Арслан Први кој го формирал Султанатор на Румелија а во Сирија неговиот брат Тутуш Први. Во Персија бил наследен од неговиот син Махмуд Први, Мухамед Први во Багдад и Ахмед Санјар во Хорасан. Како што селџучката сила во Иран слабеала, други династии го заземале нејзиното место, вклучувајќи ги воскреснатите Абасиди и Кварезмијаните. Кварезмијаните биле сунитска држава, по потекло од Централна Азија, порано како вазали на Селџуците па искорустувајќи ја нивната слаба позиција успеале да се прошират на иранска територија. Шахот на Кварезам Ала ад Дин Текиш го поразил селџучкиот султан Тогрул Трети па селџучката контрола во Иран се распадната. Поради ова останала само да постои селџучка држава само во Анадолија. Посериозна опасност за самите Селџуци и нивната држава бил секташкиот одред на Исмаилите со седиште во Аламут. Тие контролирале поголемо подрачје и повремено за да ги зацврстат своите позиции праќале нивни истомисленици кои вршеле атентат на оние државници кои им прецеле. Неколку различни теории за потекло на зборот атентатор води потекло токму од овие луѓе.


Еуроазија во време на монголската инвазија


Империјата на Кварезмидите траела само неколку децении, се до доаѓањето на Монголците. Под водство на Џингис Кан, Империјата веднаш почнала да се шири во различни правци, се до 1218 г. кога неговото царство се граничело со Квареземското. Во тоа време, Кварезмидите биле предводени од Ала ад Дин Мухамед. Тој како и Џингис Кан имал намера да си ги прошири своите граници и успеал да се здобие со контрола на поголемиот дел од Иран. Тој се прогласил себеси за Шах и побаран негово формално признавање од страна на Абасидите. Кога Калифот го одбил неговиот предлог Ала ад Дин Мухамед се обидел да го расчини Калифот од неговата позиција но не успеал во обидите. Монголската инвазија во Иран започнала во 1219 г. Бухара, Самаркант, Херат, Тус и Нишапур во текот на 1220-21 г. биле опустошени а целокупното население убиено. Шахот побегнал на остров на каспискиот брег, каде живеел до крајот на неговиот живот. При инвазијата на Трансоксанија во 1219-20 г. заедно со монголската војска, Џингин Кан користел и специјални кинески катапулти. Додека Џингис Кан ги освојувал Трансоксанија и Персија, неколку Кинези кои добро ја познавале функцијата на барутот му служеле нему. Цели одреди од кинески војници под негова команда управуваа со вакво орудие за време на освојувањето на Иран. Пред смртта на Џингис Кан во 1227 г. успеал до стигне до Западен Азербејџан, ограбувајќи и палејќи градови како што поминувал. Монголската инвазија се покажала како катастрофална за Иранците. И покрај тоа што Монголците што освојувале биле преобратени во Ислам и ја прифатиле културата на Иран, тие имале разорнувачко дејство врз тој регион од културна гледна точка. Поголемиот дел од шествековната исламска култура, училишта и инфраструкрура биле уништени, библиотеките биле запалени, а џамиите преобратени да служат како будистички храмови. Биле убиени многу цивили, само во Мерв и Ургенч околу 2.5 милиони жители биле погубени. Уништениот систем за наводнување го попречувал нормалниот живот, со што се создале неколку изолирани мали гратчиња. Голем бил процентот на убиено машко население, од вкупно 2.5 милиони жители во Иран бројот паднал на само 250.000 жители.


Илканатот


По смртта на Џингис Кан, со Иран владееле неколку монголски команданти. Неговиот внук, Хулагу Кан, бил задолжен да управува со западните граници од царството, но кога ќе му се укаже шанса тоа да го стори, царството веќе почнало да пропаѓа и да се дели на повеќе фракции. Тој со неговата војска прогласил независна држава под името Илканат и со неа владеел во следните 80 години. Хулагу Кан успеал да го заземе Багдад и го погубил последниот Абасидски калиф. Западното ширење на монголските сили било сопрено од Мамелуците, но сепак војните не завршувале. Берке, Канот на Златната Хорда која го прифатила Исламот била против воените дејтвувања на Хулагу Кан, па дошло до нивна воена пресметка со што укажало на неединството внатре меѓу нив. Владеењето на внукот на Хулагу, Газан Кан бил првиот во чие време се прогласил Исламот за официјална религија во Илканатот. Тој со неговит прочуен ирански визионер Рашид ал Дин му донеле краток економски процут на Иран. Монголците ги намалиле таксите за уметниците, го поттикнувале земјоделието, граделе и продолжувале системи за наводнување и обезбедиле побезбедни патишта за трговците, а со тоа се зголемил и профитот во самата држава. Стока од Индија, Кина и Иран се движела лесно преку азиските степи со што се постигнало културно обогатување на Иран. Како за пример, Иранците развиле нов стил на ликовна уметност. По смртта на внукот на Газан, Илканатот зачекорил во граѓанска војна во која Музафаридите, Сарбадарите и Картидите се бореле за превласт.


Династијата на Тимуридите


Иран останал поделeн се до доаѓањето на Тимуридите кои делумно воделе потекло од Монголците и од Туркијците. Како и нивните претходници, династијата на Тимуридите исто така се поврзува со персиската историја. По воспоставување на нивна контрола во Трансоксијана, во 1381 г. извршиле инвазија врз Иран и истиот го освоиле. Воените кампањи на Тимуридите и нивниот лидер Тимурленк биле познати по нивната бруталност, многумина биле погубени и убиени, а градовите биле уништувани. Неговиот режим ги вклучил Иранците во државните работи, поттикнал изградба на зданија и поттикнувал поезија. Тие ја имале контролата на оваа територија се до појавата на династијата на Каракојунлу (Црни Овци)во 1452 г. тие пак, биле освоени од страна на династијата на Аккојунлу (Бели Овци) под водство на Узун Хасан во 1468 г. Белите Овци владееле со Иран се до појавата на Сафавидите.


Сунитизмот и Шиитизмот пред појавата на Сафавидите


Заедно со појавата на Сафавидите, Суни Исламот била доминантна религија, околу 90% од населението. Според Мортаза Мотахари мнозина од населението како и поголемиот број на иранските интелектуалци останале сунити за време на владеењето на Сафавидите. Доминацијата на Сунитите не значело дека шиитите биле угнетени. Авторите на ”Четирите Книги за Шиитизмот” биле со иранско потекло, исто како и многѕмина интелектуалци. Настрана оваа доминација, Шиитите се вклопиле во таков живот, но сепак нивното религиозно движење преовадува во одредени делови од територијата. Во текот на периодот, шиитизмот бил најзастапен во Куфа, Багдад, а подоцна и во Наџаф и Хила. Шиитизмот било доминантно движење во Табаристан, Чом, Кашан, Аваџ и Сабзевар. Во останатите подрачја шиитите и сунитите живееле заедно. Во текот на 10-ти и 11-ти век, египетските Фатимиди испратиле Исмаилисти, мисионери, во Иран како и во останатиот исламски свет. Кога Исмаилистите се поделиле на две секти, Низарис им формирал седиште во Иран. Хасани Сабах успевал да освои многу тврдини, како и освојувањето на тврдината Аламут во 1090. Низарус ја употребил оваа тврдина се до појавата на Монголците 1256 г. По пустошењето на Монголците и падот на Абасидите, Сунитите не само што го загубиле Калифатот туку и статусот на мезхебот. Загубата на Сунитите значело добивка за Шиитите, но нивниот центар тогаш не се наоѓал во Иран, но таму почнале да се формираат неколку шиитски династии како што биле Сарбадарите. Главните промени настанале во почетокот на 16-от век, кога Исмаил Први ја оформил Сафавидската династија и иницирал религиозен процес во кој Шиитизмот беше признат како официјална религија на Сафавидите, со што овие промени остануваат до ден денешен на оваа територија. Персија по закрила на Сафавидите доживува процут, на чело со Шах Абас Први. Некои историчари тврдат дека Сафавидите се основачите на модерната иранска држава, бидејќи денешниот карактер на шиитизмот, исто како и нивните државни граници водат потекло токму од овој период.


Империјата на Сафавидите


Сафавидите биле иранско – шиитска династија, мешавина помеѓу Азерите и Курдите, кои владееле со Персија од 1501-02 до 1722 г. Сафавидите воспоставиле држава која ќе биде во својата големина на исто рамниште како во периодот на првите исламски освојувања, а со ова ги основале првите училишта за шиитско учење. Династијата била основана од страна на Исмаил, попознат како Шах Исмаил Први. Практично обожуван од страна на следбениците Кзлбаши, тој спровел инвазија на Шиирван и се одмаздил за смртта на неговиот татко. Потоа тој продолжил во освојувачка кампања, освојувајќи го Табриз во месец јули 1501 г., прогласувајќи се себеси за владетел на Азербејџан и наредил да се коваат пари со неговиот лик и сите тие новоосвоени територии биле соочени со нови религиозни промени каде што шиитизмот им бил наметнет за нивна официјална религија. Како нови владетели на Азербејџан успеале да го скршат отпорот на останатите династии коишто сакале да дојдат до превласт. После година од победата во Тебриз, Исмаил се прогласил за владетел во поголемиот дел од персиската територија. Подоцна, новоформираната империја ќе ги освои денешната територија на Авганистан и Ирак., но подрачјата во денешна Источна Анадолија и Југоисточна Анадолија ги препуштил во рацете на Османлиите. Најголемиот од сите лидери на Сафавидите бил Шах Абаз Први застанал на чело со државата на 16 годишна возраст. Тој се борел против Узбеците, успевајќи во 1598 г. да ги покори Херат и Машхад. Подоцна се свртел против Османлиите, освојувајќи им ги во 1622 г. Багдат, источен Ирак и Кавказот. Тој ја искористил силата на неговата армија за да го отстрани присуството на Португалците во Бахреин, како и на Англичаните и нивната морнарица во Ормускиот Проток и Персискиот Залив. Тој воспоставил трговска зона со Источна Индија која била под водство на Ангичаните, како и со Западна Индија под закрила на Холандија. Тој успеал да го скрши отпорот и влијанието на Кзлбашите, а со тоа и да воспостави државничка контрола врз регионот. Династијата на Сафавидите наскоро ќе постанат голема светска сила па со тоа ќе почнат и големите туристички промоции на државата. Под нивно водство персиската архитектура ќе доживее свој нов почеток и ќе се градат многу нови зданиа. Освен Шах Абаз Втори, лидерите на оваа династија којшто го наследиле Абаз Први биле неефикасни во своето владеење. Со неговата смрт во 1666 г. се означила постепената декаденција на оваа династија. И покрај тоа што ги намалиле даноците, а со тоа се намалиле и воените закани, сепак шаховите живееле раскошен живот. Шах Золтан Хусеин бил познат по тоа што бил голем вљубеник во виното, а имал многу мал интерес во водењето на државата. Државата била под континуирани напади од надворешни непријатели. Конечно Гилзаи Паштун започнал бунт во Кандахар и ги поразил Сафавидите. Потоа, во 1722 г. Авганистанска армија предводена од неговиот син Махмуд продрел во Источен Иран, опустошувајќи го Исфахан. Тој се прогласил себеси за Шах на Персија. Во меѓувреме, најголемите непријатели на Персија, Османлиите и Русите, ја искористиле оваа подредена положба на државата и успеале да зграбаат дел од нејзината териотрија.


Династиите на Афшаридите и Зандите


Теротиријалниот интегритет на Иран се вратил под водство на туркискиот водач на Афшаридите по потекло од Хорасан, Надер Шах. Тој ги поразил Авганите и Османлиите, го вратил Сафавидите на власт и преговарал со Русите за нивно повлекување од персиската територија. Надер бил толку моќен што успеал да им ја оттргне власта од рацете на Сафавидите и самиот себеси да се прогласи за шах. Тој бил еден од последните најголеми освојувачи во Азија, а неговите воени реформи успеале да ги покорат Индија и Кандахар. Тој исто така го покорил Узбечкиот Каганат, со исклучоци на Коканд и Оман. Но во подоцнежните години поради неговите сурови методи на владеење предизвикале неколку бунтови кои на крајот завршиле со негово убиство. По неговата смрт следел период на анархија во Иран, каде што неговите команданти се бореле за превласт. Неговото семејство, Афшаридите, биле протерани и останале да владеат само со делови на Хорасан. Каганатите на Оман и Узбеците прогласиле независност. Ахмед Шах Дурани формирал независна држава која денес го носи називот Авганистан. Од неговиот главен град Шираз, Карим Кан, член на династијата на Зандите владеел со територија која се нарекувала “остров кон нудел мир и спокој во тој крвав и деструктивен период”. Неговата смрт во 1779 г. довела до уште една граѓанска војна во која династијата на Чаџарите успеале да создадат превласт и стапат на сила во Иран.


Каџарската династија


До почетокот на 17-ти век, европските земји, вклучитено и на Велика Британија, Кралството Русија и Франција веќе започнале да воспоставуваат колонии во тој регион. Како резултат на ова Иран почнал да губи контрола во одредени региони. Во период од 1870 - 1871 г. познат е како “Големата персиска година на гладта” каде што во текот на една година умреле 2 милиони луѓе од глад. Нова ера во историјата на Персија се слушувала со уставната револуција која се слушувала во Иран против Шахот во доцниот 19-ти век и почетокот на 20-ти век. Шахот успеал да остане на чело на државата, прифаќајќи дел од предлозите и прогласувајќи ја државата во 1906 г. уставно за Монархија. Првиот нејзин парламент односно Меџлис, бил формиран на 7. октомври во 1906 г. Пронаоѓањето на нафтени извори во 1908 г. од страна на Британците во Хузестан, па така истите тие подоцна пројавиле интерес за нивната територија. Контролата на персиската територија останала во рацете на Велика Британија и Русија кои според англо-руската конвенција потпишана во 1907 г. позната под називот “Големата Игра”, Персија била поделена на два дела и покрај нејзината национална непобитост. Во текот на Првата Светска војна, земјата иако била неутрална, била окупирана од страна на Британците, Османлиите и Русите. Во 1919 г. по руската револуција и нивното повлекување од персиска територија, Британија се обидела да воспостави протекторат во Иран, но не им успеало. Конечно, конституцијалистите и нивното движење во Гилан создале дестабилизација во која Каџарската влада паднала, а на власт се искачил Реза Шах Пахлеви и ја воспоставил династијата Пахлеви во 1925 г. Во 1921 г. по воен удар Реза Кан, персиски офицер на воена бригада, се поставил како доминантна личност во следните 20 години. Сејјед Зијадин Табатабави исто така бил лидер и важна личност во водењето на револтот. Иранската револуција од 1921 г. не била насошена директно против Каџарите, според “Енциклопедија Ираника”, била насочена кон оние кои ја контролирале државата од сенка, како и против целокупниот пратенички состав во тогашниот парламент. Во 1925 г. по неколку поминати години на место Премиер на државата, Реза Шах, ќе стане крал на Иран и ја формирал динасијата Пахлеви.


Ерата на Пахлеви

Реза Шах Пахлеви

Реза Шах владеел скоро 16 години, се до 16. септември 1941 г. што бил приморан да абдицира поради англо-советска инвазија на Иран. Тој имал воспоставено авторитарно управување, кое го негувал национализмот, милитаризмот, секуларизмот и антикомунизмот споено со строга цензура и државна пропаганда. Реза Шах направил многу социо-економски реформи, реорганизација на армијата, на државната администрација и државните финансии. За неговите поддржувачи тој донел закон и ред, дисциплина, и централизација, модерни образовни центри, железница, автобуси, радија, кинотеки и телефонски централи. Меѓутоа, неговите обиди за модернизација биле критикувани дека се пребрзи и само површни, а за неговото владеење дека вршел пресија, корупција, високо оданочување, со безбедносни мерки типични за полициска држава. Многу од новите закони и регулативи довеле незадоволство кај муслиманите и свештенството. За пример, џамиите морале да користат столчиња, мажите биле приморани да носат западна облека заедно со фес, жените биле натерани да отфрлат забулувањето, на мажите и жените им било дозволено слободно да се социјализираат меѓусебе, со што се кршело исламското начело на полово мешање. Тензиите пораснале во 1935 г. кога пазарџии и селани кренале бунт кај Имам Ризовата џамија во Машхад, држејќи слогани со натпис “Шахот е новиот Језид од Омејадите”. Многумина биле убиени а стотици биле повредени кога војската се обидела да ги задуши немирите. Синот на Реза Шах Пахлеви, стапил на власт во текот на Втората Светска војна, кога Иран бил окупиран од страна на британски и индиски сили од Ирак и Советски сили навлегувајќи од северните делови на државата во август 1941 г. Иран бил од стратешко значење поради нивните нафтени извори, како и поради поради линијата која ги поврзувала сојузниците со нивните залихи и појачувања. Реза Шах бил приморан да абдицира во корист на неговиот син Мухамед Реза Шах Пахлвави кој бил пробритански настроен, владејќи со државата се до 1979 г. На Техеранската Конференција во 1943 г. Техеранската Декларацијата гарантирала поствоена независност на Иран. Меѓутоа, кога војната конечно завршила, советските сили кои биле стационирани во северозападен Иран не самошто одбиле да се повлечат туку и подигнале револт со што накратко се појавиле квази сепаратистички држави во самите граници на државата, во северните граници на Азербејџан и иранскиот Курдистан. Советските сили не се повлекле целосно од иранска територија се до мај 1946 г. по ветување дека ќе добијат нафтена концесија. Советските републики на север наскоро биле задушени а со тоа и ветувањето за нафтена концесија се повлекло.


Шах Мухамед Реза Пахлеви


Првично, се мислело дека повоен Иран ќе прерасне во Монархија. Младиот Шах Мухамед Реза Шах Пахлеви всушност имаше лежерен пристап во неговото владеење со државата, и дозволи парламентот да се здобие со прилично голема моќ. Некои избори се случуваа во самиот почеток на повоениот период, иако тие беа значително корумпирани. Парламентот станал нестабилен, и од 1947 г. до 1951 г. Иран сцедочеше за превласт и нивен постепен пад на шест влади. Пахлеви го зголемил своето политичко влијание преку свикување на конститутивна седница на Парламентот во 1949 г. кога и конечно се формирал Сенатот на Иран, горниот дом во Парламентот, кој постоел уште од уставот од 1906 г. но никогаш не се појавил во истата форма. Новите сенатори биле настроени кон Пахлеви. Во 1951 г. Премиерот Мухамед Мусадек ја доби поддршката од владата која му беше потребна за да ја национализира нафтената индустрија која беше во сопственост на Британците, ситуација позната како “Иранската КРеза”. Покрај британскиот притисок, економските ембарга, национализацијата продолжила. Мосадек накратко бил тргнат од власт во 1952 г. но за кратко пак бил прогласен за шах. Подоцна на 19. август бил изведен успешен државен удар на чело со пензионираниот генерал Фазлула Захеди, организиран од американската ЦИА со поддршка на Британската МИ6, операција позната под називот “Операција Ајакс”. Удрот прво бил сочинет од пропаганда во која било вклучено населението со цел да го сврте против Мозадег и да го повлече од функцијата. Тој бил уапсен и затворен, под обвинение за предавство. Бил прогласен за виновен, неговата казна била намалена на казна домашен притвор, додека неговиот министер за надворешни работи, Хусеин Фатеми бил погубен. Захеди го наследи на позицијата Премиер на државата, поттиснувајќи ги опозиционерите на Шахот, особено партијата за Национален Фронт и Комунистичката Народна Партија. Во Иран владеела автократија, на чело со шах, со поддршка од САД се до револуцијата. Иранската влада потпишала договор со интернационалниот конзорциум на странски компании кои ги воделе иранските нафтени полиња со кој се договориле за поделба на профитот 50-50, како и дека на Иран нема да и биде дозволе ревизија на сметките на странските фирми или на нивните директори. Во 1957 г. воен закон престанал да важи после цели 16 години, и Иран се повеќе станувал поблизок до Запад, приклучувајќи се на Багдатскиот Пакт, и прифаќајки воена и економска помош од САД. Во 1961 г. Иран иницирал серија на економски, социјални, земјоделски и административни реформи со цел да ја модернизира земјата, а овој настан беше познат под името “Белата Револуција на Шахот”. Суштината на оваа програма се засновала на аграрни реформи. Модернизација и економски развиток кој се одвивал во забрзан ритам, се поради придобивките од нафтените извори, кои беа трети по големина во светот. Покрај реформите, економската состојба не се подобрила, а политиката на државата која била свртена прозападно само создала многу политички противници и исламистички групи. Во јуни 1963 г. се сличиле масовни протести во поддршка на Ајатолахот Хомеини по неговите говори кои биле насочени против шахот. Две години подоцна, врз Премиерот Хасан Али Мансур бил извршен атентат, а со тоа и внатрешната безбедносна служба (САВАК) станала многу по насилна. Во 1970 г. левичарски герилски групи како што e Народното муџахединско движење на Иран, која вршела постојани напади врз домашни и странски цели. Стотина политички затвореници биле убиени во Иран од страна на САВАК, уште повеќе биле уапсени и измачувани. Исламското свештенство, на чело со Ајатолахот Хомеини, кој бил во бегство во 1964 г., станувало се погласно. Во почетокот на 70-те години иранскиот воен буџет значително се зголемил и тогаш била најголеманата воена сила во регионот. Билатералните односи со неговите соседи бе биле на највисоко ниво. Во ноември 1971 г. иранските сили заземале контрола врз три острова на Персискиот Залив, како одговор на ова, Ирак избркал илјадници Иранци од нејзините граници. По многубројни меѓусебни судири, Иран го укина заедничкиот договор со Ирак од 1937 г. и бараат повторно да стапат преговори за нов. Кон средината на 1973 г. Шахот ја поврати државната контрола врз нафтените полиња. Последователно арапско-израелската војна во октомври 1973 г. Иран не се приклучил на нафтеното ембарго кои арапите го спроведуваа против Западот и Израел. Напротив, тие ја искористиле ситуацијата и ја зголемиле цената на нафтата, а со парите ги прошириле своите одбранбени и воени капацитети.


Иранската револуција и Исламската Република


Иранската револуција, попозната како Исламската револуција, беше револуција која го трансформираше Иран од абсолутна монархија на чело со Шах Мухамед Реза Пахлеви во Исламска Република под водство на Ајатолах Руала Хомеини, еден од лидерите на револуцијата и основачите на Републиката. Тоа движење настанало во јануари 1978 г. со првите големи демонстрации, а завршиле во декември 1979 г. со нов теократски устав, а на чело со државата застанал Хомеини како нејзин врховен лидер. Тој во меѓувреме, во јануари 1979 г. по низа демонстрации кои ја парализирале државата, ја напуштил државата, стапувајќи во бегство, за да во февруари 1979 г. да се врати во Техеран за да отпоздрави неколку милиони Иранци. Завршниот удар за династијата на Пахлеви кога неговата армија ќе се изјасни дека оттогаш па се натаму таа ќе биде само нем набљудувач на работите што се случувале, а бројот на герилците и уличните борби се зголемувал. Во април 1979 г. на референдум се изјасниле позитивно за стапување на сила на новото државно уредување.


Идеологијата на Иранската Револуцуија


Популизмот, национализмот и шиитизмот биле главните двигатели во политиката на новата власт. Нивниот концепт е заснован врз начелото дека на секого му е потребно водство, во форма на државно и религиозно водство. Хомеини владееше неприкосновено се до неговата смрт во 1989 г. Наглото модернизирање, воведувањето на пазарната економија, било заменето со нова популистичка, религиозна, економска и културна политика. Многу производствени погони биле национализирани, законите и училиштата претрпеле исламизација, а западните влијанија забранети. Исламската револуција имала свое влијание и пошироко низ светот. Во немуслиманскиот свет ја смени сликата за таа религија, создавајќи нова политичка и духовна слика за Исламот, заедно со стравот кон подемот на деструктивноста на оваа религија и нејзината новоформирана држава.


Ерата на Хомеини


Хомеини бил лидер на револуцијата и како врховен лидер на Иран од 1979 г. до неговата смрт на 3. јуни 1989 г. Во овој период доминирал теократскиот пристап на владеење на Хомеини, дури и скапата и крвава војна која ја воделе со Ирак. Од овој период Иран излегол со големи економски и воени загуби, протести и бунтови на секуларисти, на левичари, и потрадиционалните муслимани кои се како ривали беа ефикасно отстранети. Следствено на ова, марксистичките герилци и федералните партии кренале револт во одредени региони, во Хузестан, Курдистан и Гондаде Чабус, а резултатот бил судир на вооружени сили од една страна на бунтовниците, а од другата на револуцијата. Револуцијата почнала 1979 г. и траела неколку месеци, зависно од регионот каде се водела. Курдскиот бунт, бил најнасилен, траејќи од 1983 г. и одземајќи 10.000 животи.


Иранската заложничка кРеза


Во почетокот на Исламската Република се случил настанот кој ќе остави длабок белег во државата. Поранешниот шах на Иран бил на третман за лечење на рак во САД, па во ноември 1979 г. ирански студенти земаа заложници, вработени во американската амбасада. 52 заложници биле држани во заробеништво 444 дена се до јануари 1981 г. американска воена операција за ослободување на заложниците била неуспешна. Овој настан во Иран се следел со голем интерес, дури илјадници граѓани се собирале и им давале поддршка на киднаперите, а со тоа владеењето на Хомеини и антиамериканското мислење се зајакнувало. Во овој период АСАД била нарекувана како “Големиот Сатана”, па во САД полека се создаваше антиинаско расположение. Односите помеѓу овие две држави останале непријателски, па американските санкции оставиле голем белег во иранската економија.

Ирано-ирачката војна


Низ текот на оваа политичка и социјална кРеза, иреачкиот лидер Садам Хусеин се обидел да придобие од нестабилниот сосед, и да ги искористи слабостите како резултат на иранскиот воен и револуционерен антагонизам со западните влади. Некогаш моќната иранска армија била распуштена за време на револуцијата, и со отстранување на шахот, Хусеин имал амбиции да се постави за лидер на Средниот Исток. Тој се обидел да продре до Персискиот Залив преку иранска територија која трдеше дека на неговата земја им била одземена за време на владеењето на шахот. Од големо значење за Ирак беше Хузестан, не само поради бројното арапско население, туку и поради подрачје богато со нафта. Со поддршка од Обединетите Арашски Емирати островите Абу Муса и Голем Тунбс постанаа цел на освојување. Со овие планови, Хусеин планирал опсежен план за напад на Иран, тврдејќи дека неговите сили ќе стигнат до главниот град за три дена. На 22. септември 1980 г. ирачката војска изврши инвазија во Хузестан започнувајќи ја иранско-ирачката војна. Нападот го снајде Иран неподготвен. Иако силите на Садам Хусеин напредувале на фронтот, иранските сили во 1982 г. го одбиле нападот и ги вратиле ирачките сили назад на нивна територија. Хомеини увидел шанса да си ја прошири својата револуција и на ирачка територија, особено со големиот број шиити кои живееле таму. Војната траела се до 1988 г. кога Хомеини, според неговите зборови “да го испиеме отровот”, прифатил мировнни преговори под медијаторство на ОН. Десетици илјадници ирански цивили воен персонал биле убиени за време на војната кога од ирачка страна било употребено хемиско оружје. Ирак финансиски бил поддржан од Египет, арапските држави долж Персискиот Залив, Советскот Сојуз, земјите од Варшавскиот Пакт, САД, Франција, Велика Британија, Германија, Бразил и Народна Република Кина. За време на војната имало 100.000 жртви од иранска страна поради поради употреба на ирачко хемиско оружје. Вкупните податоци за жртви на иранска страна изнесуваат помежу 500.000 и 1000.000. скоро сите новински агенции имаа потврдено дека иранската страна не употребувала ваков тип на оружје, додека тие тврделе дека земјата на Садам со ваков тип на оружје се обидела да убие што поголем број на ирански цивили.почнувајќи од 19. јули 1988 г. И во текот на следните пет месеци, владата во Иран систематски погубила илјадници политички затвореници. Овој настан бил познат како “Иранскиот Масакр”. Главната цел им била членството на Народната Муџахединска Организација, но и припадници на Комунистичката Партија биле вклучени во оваа чистка. бројките варираат од 1.400 до 30.000 погубени луѓе.


Периодот на Хомеини


На неговата посмртна постела во 1989 г. Хомеини назначил уставен совет од 25 члена, на чело со Али Хомеини за негов наследник а со тоа и бројни уставни измени. Иако на неговиот наследник му недостигале харизмата и верскиот статус на неговиот претходник, тој воспоставил редица на поддржувачи во редовите на армијата и економските бизниси. За некои ова почнало да наликува на верска олигархија, отколку на автократија. Наследувајќи го Хомеини, Али Акбер Хашеми Рафсањани служеше два мандата, а за тоа време се обие да ја стабилизира економски и воено државата, да ја обнови инфраструктурата со продажба на нафта за многу ниски цени. Неговиот режим воведе контрола на раѓањето, ги намали воените трошоци и ги нормализира односите со соседите. Во текот на војната на Персискиот Залив во 1991 г. државата останала неутрална, останувајќи само на осуда упатена кон САД и дозволувајќи им на ирачките бегалци и воени авиони да ја користат нејзината територија.

Реформаторот Мухамед Хатам


Рафсанџани бил наследен од Мухамед Хатами во 1997 г. Неговиот мандат бил одбележан со тензии додека се обидувал да ги спроведе неговите реформи и наичол на отпор од конзервативното свештенство. Овој ќорсокак доживеал кулминација во јули 1999 г. кога со недели се случувале антивладини протести, се додека полицијата и провладини симпатизери не ја разбиле толпата. Хатами бил реизбран во јуни 2001 г. но наидувал на постојан отпор од конзервативците. Тие се обиделе преку зебранување на печатениот медиум и дисквалификација на предизборни кандидати да ги поткопа реформите. Во јуни 2006 г. се случиле студентски протести во Техеран на кој учествувале неколку илјади студенти. На Претседателските изборите во 2005 г. тогашниот градоначалникот на Техеран, Махуд Ахмадинеџат постанал шестиот претседател на Иран, поразувајќи го Рафсанџани. За време на церемонијана на прогласување тој ја бакнал раката на Хомеини како знак на лојалност. Во овој период се случила инвазија на Ирак од страна на САД, и пад на режимот на Садам Хусеин, а со тоа шиитската заедница се здобила со моќ, со што главниот шиитски лидер побарал делови од Ирак и Иран бидат предадени за формирање на автономен шиитски регион. Поранешниот секретар за одбрана Вилијам С. Коен изјавил од 2009 со се поголемата моќ со која Иран се здобива, се повеќе расте антисемитското расположение на Блискиот Исток. Во текот на 2005 и 2006 г. имало тврдења дека САД и Израел планираат да го нападнат Иран, најмногу поради иранската нуклеарна програма. Народна Република Кина и Русија се спротивставиле на овие воени планови или економски санкции. Ајатолахот Хомеини издал декрет со кој се забранувалчо производство и употреба на нуклеарно оружје. Во 2009 г. реизборот на Ахмадинеџат бил оспорен со протести, и довел до формирање кај водството на Исламската Република “големи внатрешни предизвици”. Неговиот опонент Мир Хусеин Мусави и неговите поддржувачи се изјасниле за наводно нерегуларно гласање и на 1. јули 2009 г. 1000 луѓе биле уапсени и 20 убиени во текот на улични демонстрации. Врховниот Лидер Али Хомеини другите исламски лидери обвиниле надворешен фактор дека стои зад организирање на протестите.