Историја на Византија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историјата на Византија го опфаќа периодот од 330 година кога престолнината на Римското Царство била преместена од Рим во Цариград до 1453 година, кога престолнината била заземена од страна на Османлиите. Неколку настани од 4 до 6 век го одбележиле периодот на поделба на Римското Царство на два дела: Источно Римско Царство и Западно Римско Царство. Претходно, Диоклецијан во 285 година административно ја поделил империјата на источна и западна. Во периодот помеѓу 324 и 330, Константин I ја пренесел престолнината од Рим во Византион, подоцна познат како Цариград. Во времето на Теодосиј I (379-395), христијанството станала официјална државна религија на империјата. Во времето на Ираклиј I (610-641), војската и администрацијата на империјата биле реформирани и јазик станал официјален во службена употреба, наместо латинскиот.

Позадина[уреди | уреди извор]

Крштевањето на Константин насликано од учениците на Рафаел (1520–1524, дреска, Ватикан, Апостолски дворец); Евсевиј Кесариски евидентирал дека (како што било својствено за верниците на раното христијанство) Константин го одложувал крштевањето сè до пред неговата смрт[1]

Римската војска успешно освоила многу територии кои го опфаќале целото Средоземје и крајбрежни региони во Југозападна Европа и Северна Африка. Овие територии биле дом на многу различни културни групи, на урбано и рурално население. Општо кажано, источните средоземни провинции биле поурбанизирани за разлика од западните, петходно обединети под Македонската империја и хеленизирани од влијанието на грчката култура.[2] Исто така Западот повеќе страдал од нестабилноста на 3 век. Оваа разлика помеѓу воспоставениот хеленизиран Исток и помладиот латинизиран Запад опстојала и станала многу значителна во наредните векови, водејќи до постепено оддалечување на двата светови.[2]

Тетрархија[уреди | уреди извор]

Во текот на 3 век, три кризи се заканиле на Римското Царство[3]:. Надворешните инвазии, внатрешна граѓански војни и економија полна со слабости и проблеми во градот Рим кој постепено станал помалку важен како административен центар. Во тогашни услови, старата престолнина Рим немала услови да опстојува. Царот Диоклецијан тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со својата империја раководел од Никомедија во Мала Азија. Самата тетрархија била воведена од Диоклецијан во 293 година.[4] кој сметал дека повеќе не било можно да се управува со Царството од еден центар. Воведувањето на тетрархијата се смета за крај на Кризата на третиот век. Според идејата на Диоклецијан власта ја делеле 4 владетели (тетрарси) (два августа и два цезара). Така Диоклецијан како август управувал од Никомедеја, Максимијан ако август од Медоланум, Галериј како цезар во Сириум и Констанциј I Хлор како цезар од Аугуста Треворорум.

Константинова династија[уреди | уреди извор]

Во 305 година двајцата августи, Диоклецијан и Максимијан абдицирале од престолот и Констанциј Хлор ја прифатил од Максимијан функцијата август на западот. Иако и двајцата импператори имале свои легитимни синови Константин и Максенциј, тие биле запоставени при предавањето на власта. Наместо тоа источниот август Галериј го назначил за цезар Флавиј Валериј Север и Максимин Даја. Галериј побарал Константин да остане кај него како заложник и подмолно се обидувал да го убие. Во 306 година Константин успеал да ја напушти Никомедија и да се приклучи на својот татко во Галија. Констанциј сепак се разболел за време на експедицијата против пиктите во Каледонија и починал на 25 јули 306 година во Јорк. Таму војводата од алеманско потекло Хрок и војниците верни на Констанциј, веднаш го прогласиле Константин за август[5].

По крајот на војната меѓу римските цареви, како победник излегол Константин I. Во 330, Константин го преместил седиштето на империјата во Цариград, кој тој го основал како втор Рим на местото на Византион, град стратешки сместен на трговските патишта помеѓу Европа и Азија и помеѓу Средоземјето и Црното Море. Константин извршил големи промени во војската, монетарниот систем, граѓанските и верските институции. Што се однесува до неговата економска политика, тој бил обвинет од страна на одредени научници за „несвесна даночна политика“, но златните солиди кои ги вовел станале стабилна валута кои ја трансформирале економијата и промовирале развој.[6]

Под водство на Константин, христијанството не станало ексклузивна религија на државата, но било претпочитано од империјата, бидејќи царот го поддржувал со великодушни привилегии. Константин го поставил принципот дека владетелите не смееле сами да постават верски прашања, но наместо тоа требало да се свикаат основните црковни совети за таа цел. Неговото свикување на Арлскиот синод и првиот вселенски собор ги посочило неговите интереси за обединување на црквата, демонстрирајќи го неговото тврдење дека е нејзина глава.[4]

Римското Царство за време на владеењето на Лав I (исток) и Мајоријан (запад) во 460 г. Римското владеење на западот траело уште неполни две децении, додека територијата на исток била непроменета сè до повторното освојување од страна на Јустинијан I.

По неговата смрт во 337 година, процесот на уништување и распаѓање на Римското Царство се зголемил главно поради борбата за негов наследник. Во 335 година тој правел планови да ја подели империјата меѓу останатите живи синови, Константин, Констанциј II и Константа. Во прилог Константин дал мали удели од империјата на двајцата си внуци, Далмациј и Ханибал. Сите пет млади цезари биле надвор од градот во време кога Константин починал, но Констанциј брзо се вратил во градот за погребот на својот татко. Тројцата августи се сретнале во почетокот на летото 338 година, за да си го поделат империјата, зачувувајќи всушност истите региони во кои владееле како Цезари. Констанциј владеел со истокот со центар Цариград, додека останатите со западните земји. По долготрајната војна, како единствен победник излегол Констанциј II.

Констанциј починал на 3 ноември 361 година за време на една војна против Персијците и како цар, неговото владеење претставувало триумф за аријанството. Негов наследник станал Јулијан како првиот цар роден во новата престолнина. Јулијан издал декрет според кој се дозволило верски обреди на сите религии, пагански, христијански и еврејски, по кое ги вратил имотите на старите грчки храмови кои биле одземани од страна на Констанциј и ги суспендирал стипендиите кои државата ги давала на градската црква и на еден начин го вратил паганството во градот и империјата поради кое подоцна од христијаните бил наречен Отпадник. Тој починал во 363 година во една битка со Персијанците, а негов наследник станал Јовијан кој никогаш не пристигнал во престолнината бидејќи се разболел и починал во 364 година.

По смртта на Јовијан на 26 февруари 364 година за нов август бил избран Валентинијан I кој управувал со западните земји, и неговиот помлад брат Валенс за источните земји. И двајцата браќа биле големи христијански верници, но и покрај тоа тие ги толерирале различните религиозни конфликти. Во првите години на владеењето на Валенс се случил државен удар од страна на роднина на Јулијан Отпадник, Прокопиј, кој ја зазел престолнината. Во тоа време Валенс бил на поход против Персија и кога разбрал веднаш се вратил во градот и го погубил на узурпаторот. Конфликтите продолжиле кога друг роднина на Јулијан го зазел Халкедон, но и тој бил заробен и погубен. Како одмазда, Валенс наредил погубување на сите кои биле поврзани со конфликтот, како и рушење на ѕидините на Халкедон. Во 375 година починал Валентинијан I и на негово место застанал неговиот син Грацијан. Во 378 година започнала инвазијата на Готите а самиот цар во Битката кај Адријанопол бил убиен. По ова Готите се упатиле кон Цариград но не успеале во походот. На негово место бил поставен Теодосиј I, кој како август бил прогласен на 19 јануари 379 година.

Теодосиева династија[уреди | уреди извор]

Теодосиј бил решен да го искорени ересот и во своето владеење издал вкупно единаесет едикти. Од друга страна, тој бил толерантен кон Евреите и по неколкупати издавал наредби за повторното градење на синагоги, уништени од христијаните. Тој бил апсолутен противник на паганството и издал неколку закони со кои го забранил пренесувањето на жртви во чест на боговите, и дозволил голем број храмови да бидат уништени или да бидат претворени во цркви. Најмногу драстичните закони против паганството биле издадени во 391-392 година. Во овој период, сите храмови во целата империја биле затворени за посета, а било забрането дури и приватното поклонение пред паганските богови под заканата од жестоки казни. Во периодот од мај до 9 јуни 381 година бил одржан Вториот вселенски собор во Цариград со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и по Првиот вселенски собор во Никеја.

Bo 395, Теодосиј I ја препуштил царската власт на неговите синови: Аркадиј на Истокот и Хонориј на Западот, распределувајќи ја царската управа. Во V век источниот дел на империјата бил во голема мера поштеден од потешкотиите со кои се соочувал западниот, делумно поради повоспоставената урбана култура и финансиски ресурси, кои овозможиле да се смират напаѓачите со данок и да се платат странските платеници. Овој успех му овозможил на Теодосиј II да се фокусира на кодификацијата на римскиот закон и понатамошна фортификација на ѕидините на Цариград, кои го направиле градот отпорен на повеќето напади сè до 1204 година.[7] На 27 февруари 425 година бил основан Цариградскиот универзитет на грчки и латински јазик. Во 438 година бил издан "Codex Theodosianus" кој ги содржал сите закони кои биле издадени од Константин Велики до Теодосиј II.

За да ги одбие Хуните, Теодосиј требал да му плати огромен надоместок на Атила. Неговиот наследник, Маркијан, одбил да продолжи со плаќањето на данок, но Атила веќе го пренасочил своето внимание кон Западот. По неговата смрт во 453, Хунската империја се распаднала и многу од преостанатите Хуни биле најмувани како платеници во Цариград.[8] Теодосиј починал во 450 година, а на негово место застанал Маркијан. Сестрата на новиот цар, Евдоксија сè уште имала голема улога во управувањето на земјата па дури му станала и сопруга. Во 451 година се одржал Четвртиот вселенски собор во Халкидон (денешен Кадиќој).

Лавова династија[уреди | уреди извор]

По падот на Атила, Источната империја поминала низ мирен период, додека Западната империја се влошила поради непрекината миграција и проширување на германските нации (крајот најчесто се сместува во 476 кога германскиот римски генерал Одоакар го соборил титуларниот западен цар Ромул Августул[9]). Во 480 царот Зенон ја укинал поделбата на империјата и се направил единствен владетел. Одоакар, сега владетел на Италија, бил номинално подреден под Зенон, но дејствувал со целосна автономност, обезбедувајќи поддршка за бунтот против царот.[10]

Зенон преговарал со напаѓачките Остроготи, кои се населиле во Мизија, убедувајќи го готскиот крал Теодорих Велики да замине за Италија како magister militum per Italiam („врховниот командант за Италија“) со цел да го депозиционира Одоакар. Со барањето од Теодорих да ја освои Италија, Зенон го ослободил Источното царство од непослушниот подредник (Одоакар) и преместил друг (Теодорих) подалеку од срцето на империјата. По поразот на Одоакар во 493, Теодорих сам владеел со Италија, иако никогаш не бил сметан за „крал“ (rex) од источните владетели.[10]

Во 491, Анастасиј I, возрасен граѓански службеник со римско потекло, станал цар, но тоа не се случило сè до 497 кога силите на новиот цар делотворно презеле мерка за изауријскиот отпор.[11] Анастасиј се претставил како енергичен реформатор и способен управник. Тој го усовршил монетарниот систем на Константин I со конечно поставување на тежината на бакарниот фолис, монета која се користела во секојдневните трансакции.[12] Тој исто така го реформирал даночниот систем и трајно го укинал хрисаргирскиот данок. Државната каса изнесувала огромна сума од 150,000 килограми злато кога Анастасиј умрел во 518.[13]

Јустинијанова династија[уреди | уреди извор]

Јустинијан I прикажан на еден од најпознатите мозаици на Сан Витале, Равена.

Јустинијан I, син на илирски селанец, можеби веќе имал делотворна контрола за време на владеењето на неговиот чичко, Јустин I (518–527).[14] Тој го презел престолот во 527 и го надгледал периодот на опоравување на поранешните територии. Во 532, обидувајќи се да ја обезбеди источната граница, потпишал мировен договор со Сасанидите. Истата година, тој преживеал бунт во Цариград (бунтот Ника), кој ја зацврстил неговата моќ, но завршил со смрт на 30,000 до 35,000 демонстранти по негова наредба.[15]

Во 529, десетчлена комисија командувана од Јован Кападокиски го ревидирала римското право и создала нова кодификација на законите и правничките екстракти. Во 534, кодот се обновил и заедно со актите изгласани од Јустинијан по 534, се создал нов законски систем кој се користел во преостанатиот период на византиската ера.[16]

Западното освојување започнало во 533, кога Јустинијан го испратил неговиот генерал Велизариј да ја поврати поранешната африканска провинција од вандалите кои биле во контрола од 429 со нивниот главен град Картагина.[17] Нивниот успех пристигнал со изненадувачка леснотија, но дури во 548 година локалните племиња биле потиснати.[18] Во остроготска Италија, смртта на Теодорих, неговиот внук и наследник Аталарик и неговата ќерка Амаласунта, го задржала убиецот Теодад (владеел 534–536) на престолот и покрај неговата ослабена власт.[19]

Во 535, мала византиска експедиција кон Сицилија наишла на лесен успех, но Готите набрзо го заостриле нивиот отпор и победата не дошла сè до 540, кога Велизариј ја окупирал Равена, по успешните опсади на Непал и Рим.[19] Во 535–536, Теодад го испратил папата Агапит во Цариград за да побара оттргнување на византиските сили од Сицилија, Далмација и Италија. Иако Агапит не бил успешен во неговата мисија да потпише мир со Јустинијан, тој успеал да го симне монофизитстичкиот патријарх Антим I Цариградски од престолот и покрај заштитата и поддршката од царицата Теодора.[20]

Остроготите набрзо биле соединети под команда на кралот Тотила и го освоил Рим во 546. Велизариј, кој бил испратен назад во Италија во 544, на крајот бил повикан назад во Цариград во 549.[21] Пристигнувањето на ерменскиот евнух Нарзес во Италија (крајот на 551) со војска од 35,000 мажи одбележало уште една промена во готската среќа. Тотила бил поразен во Битката кај Тагине и неговиот наследник, Теја, бил поразен во Битката на Мон Лактариј (октомври 552). Покрај непрестајниот отпор од неколкуте готски гарнизони и две последователни инвазии од Франките и Алеманите, војната за италијанскиот полуостров била при крај.[22] Во 551, Атанагилд, благородник од визиготска Хиспанија, побарал помош од Јустинијан за бунт против кралот и царот упатил сила под водство на Либериј, успешен воен командант. Империјата поседувала само мал дел од крајбрежјето на Спанија сè до владеењето на Хераклиј.[23]

Источното Римско Царство во 600 година за време на владеењето на царот Маврикиј.

На истокот, Римско-персиските војни продолжиле сè до 561 кога претставниците на Јустинијан и Хосров склучиле 50-годишен мир.[24] До средишните 550-ти, Јустинијан издвоил победи во повеќето приредени операции, со забележлив исклучок на Балканот, кои биле подложни на непрестајни напади од Словените и Гепидите. Српските и хрватските племиња подоцна биле пренаселени во северозападниот дел на Балканскиот Полуостров, за време на владеењето на Ираклиј.[25] Јустинијан го повикал Велизариј од пензија и ја елиминирал новата хунска закана. Зајакнувањето на дунавската флота предизвикало кутригурските Хуни да се повлечат и тие се согласиле за договор кој овозможувал безбеден премин назад преку Дунав.[26]

Во текот на VI век, традиционалната грчко-римска култура сè уште влијаела врз Источната империја. Филозофите како што е Јован Филопон настапил со неоплатонистички идеи како продолжение на христијанското размислување и емпиризмот. И покрај тоа, хеленистичката филозофија почнала да се заменува или да се соединува во понова христијанска филозофија. Политеизмот бил потиснат од државата. Затворањето на Платоновата академија било забележлива пресвртна точка. Химните напишани од Роман Слаткопејачот го одбележале развитокот на божествената литургија, додека архитектите и градежниците работеле на завршувањето на новата црква на Света Мудрост, Аја Софија, која била дизајнирана да замени постара црква уништена за време на бунтот Ника. Аја Софија денес претставува една од главните споменици на византиската архитектонска историја.[27] Во текот на VI и VII век, империјата била зафатена од низа епидемии, кои во голема мера го уништиле населението и придонеле за значителен економски пад и ослабнување на империјата.[28]

По смртта на Јустинијан во 565, неговиот наследник, Јустин II одбил да плати голем данок на Персијците. Во меѓувреме, германските Лангобарди ја окупирале Италија, а до крајот на векот само третина од Италија била во рацете на Византија. Јустиновиот престолонаследник, Тибериј II, избирајќи меѓу своите непријатели, им доделил субвенции на Аварите, додека презел воени мерки против Персијците. Иако генералот на Тибериј, Маврикиј, водел успешен поход на источната граница, субвенциите не успеале да ги задржат Аварите. Тие ја освоиле балканската тврдина Сирмиум во 582, додека Словените почнале да напредуваат преку Дунав.[29]

Маврикиј, кој во меѓувреме го наследил Тибериј, интервенирал во персиска граѓанска војна, го сместил Хосров II назад на престолот и ја оженил својата ќерка со него. Договорот на Маврикиј со неговиот нов зет ја зголемил територијата на империјата кон Истокот и овозможил енергичниот цар да се фокусира на Балканот. До 602, серија на успешни византиски походи ги истиснале Аварите и Словените назад преку Дунав.[29]

Ираклиева династија[уреди | уреди извор]

Византија во 650, до оваа година биле загубени сите јужни провинции освен Африканскиот егзархат.

По убиството на Маврикиј од страна на Фока, Хосров го искористил тоа како изговор да ја заземе римската провинција Месопотамија.[30] Фока, непопуларен владетел секогаш опишан во византиските извори како „тиранин“, бил мета на неколку заговори предводени од сенатот. Тој на крајот бил симнат од престолот во 610 од Ираклиј, кој пловел кон Цариград од Картагина со икона поставена на клунот од неговиот брод.[31]

По пристапувањето на Ираклиј, сасанидското пробивање продолжило длабоко во Левант, окупирајќи ги Дамаск и Ерусалим и преместувајќи го Светиот крст во Ктесифон.[32] Противнападот упатен од Ираклиј добил карактер на света војна и нерачно направената слика на Христос била носена како воен стандард[33] (слично, кога Цариград бил спасен од аварската опсада во 626, победата била припишана на иконите на Богородица кои биле носени во поворката од патријархот Сергеј окулу градските ѕидини).[34]

Главната сасанидска сила била уништена во Битката кај Ниниве во 627 и во 629 Ираклиј го вратил Светиот крст во Ерусалим со величествена церемонија.[35] Војната ги исцрпила и Византијците и Сасанидите и ги оставила исклучително ранливи на муслиманските сили кои надоаѓале наредните години.[36] Византијците претрпеле тежок пораз од Арапите во Битката кај Јармук во 636, додека Ктесифон паднал во 637 година.[37]

Во 40-тите и 50-тите години на векот, Арапите започнале инванзија кон Северна Африка и Мала Азија каде византиската власт изгубила голем број на територии. Последните византиски територии во Египет биле изгубени во корист Арапскиот калифат уште во 642 година, кога била заземена Александрија. Азиските провинции на империјата се здобиле со големи опустошувања како резултат на арапската офанзива во Ерменија и Кападокија (647), Фригија (648), Киликија (650). Во 649 година Кипар, Крит и други острови биле нападнати од арапски бродови. Во 654 година Родос бил ограбен од Арапите, а во 655 година царската флота предводена од самиот Констанс била поразена крај бреговите на Ликија. По поразот царот едвај си го спасил животот, успевајќи да побегне. Започнатата во големи размери инвазија на Арапите кон Цариград било спречено исклучиво како резултат на верските борби во калифатот во 656 година. Ова им помагнало на Византијците привремено да ја обрнат ситуацијата во своја корист. Примирјето со Арапите било склучено во 659 година, но тоа траело само неколку години (до 662 година). Империјата водела кампањи против Словените на Балканскиот Полуостров, при што во околу 658 година ги поразила сите племиња кои се населиле во Грција и Тракија. Константи II водел успешнен упад во нивните земјите северно од Дунав.

Во 669 година тие започнале со првата опсада на Цариград, приближувајќи се повеќе во обид за освојување на градот но без сериозни подготовки. Византиските војници успеале за многу краток период да ги принудат на муслиманите да се повлечат. Но периодот од 669 до 674 година поминал во напорна подготовка на Арапите за поголема опсада на Цариград. Подготвителни активности се вршиле и од византиската влада. Во 670 година Арапите го зазеле градот Кизик на малоазискиот брег на Мраморно Море, а во 672 година - Смирна[38]. Недостатокот на доследност при нападите на тврдината (војниците од одделните области на Арапскиот калифат во ниеден момент на опсадата не презеле заеднички напад врз градот), слободата за напад на византиската флота, можностите за снабдување на градот со жито од Словените во текот на зимата и, особено важно - примената на грчкиот оган, измислен од сириецот Калиникос против арапските бродови, како и организаторски способности и воениот талент на Константин IV, претставувале главните причини за неуспехот на опсадата.

По крајот на опсадата на Цариград, византиската флота дејствувала успешно против арапските сили во Мраморно Море, а византската армија ги победила во Битката кај Сулајем (677). Додека траеле војните против Арапите, во 70-тите години лангобардите успеале да ги освојат византиските градови Бриндизи и Таранто во Јужна Италија[39], а на Балканскиот Полуостров Словените започнале две големи, но неуспешни опсади на Солун во 675 и 678 година. Во меѓувреме, европските територии на империјата биле нападнати во крајот на 70-тите години од страна на Прабугарите. Во пролетта на 680 година Константин IV организирал голем поход и се упатил против нив на север од Дунав. Пред решавачкиот напад на бугарската фортификација, царот решил да ја остави командата на генералите, а тој самиот се повлекол кон Бургас или Несебар[40][41], под изговор дека ќе се лекува во топлите бањи.Како резултат на битката, Византиското Царство ја изгубила придунавската област Долна Мизија, каде трајно се населиле Бугарите, согласно склучениот потоа мировен договор, кој го обврзувал Константин IV да ја признае бугарската држава во Мизија и да плаќа данок. Константин не војувал во последните години и продолжил да се занимава со црковните дела. Уште во ноември 680 година тој го свикал во Цариград Шестиот вселенски собор[42], на кој биле потврдени догмите на предните пет соборот. Освен тоа, на соборот било забрането и монотелизмот. На крајот од владеењето, Константин бил принуден да ја потиснува опозицијата меѓу најблиските кругови од неговото опкружување: во 681 ги лишува браќата Хераклит и Тибериј од титулите августи[43], по што наредил нивните носеви да бидат отсечени (влијание на сасанидските традиции), на тој начин ја фокусирал силата на главниот цар - автократор. Потоа царува заедно со неговиот син Јустинијан II[44]. Во септември 685 Константин IV починал од дизентерија.

Јустинијан II стапил на престолот во 685 година кога имал 16 години.Во 692 година Јустинијан го нарушил мирот со Арапите[45], но бил поразен од војските на Абд-Алмалик во Киликија. Непопуларноста на Јустинијан II била искористена од војсководецот Леонтиј[46]. Во 695 година, тој успеал да побегне од затвор, каде бил чуван по наредба на Јустинијан, по кое успеал да го зароби на Јустинијан и наредил да му го преселат носот и јазикот, поради кое Јустинијан подоцна бил наречен Ринотмет. Соборениот цар бил испратен на заточение во Крим.[47] Соборувањето на Јустинијан II не довело до подобрување на внатрешната и надворешната состојба на империјата, напротив, следувал 20-годишен период на немири и нестабилност и истиот завршил по повторното зазимање на престолот од страна на Јустинијан. Додека бил во егзил, градот Картагина и остатокот од провинциите во Африка биле освоените од Арапите, кои продолжувале да се закануваат и по источната граница. Поради поразите и неуспесите, царевите останувале закратко на власт - по некое Леонтиј исто така бил соборен, а престолот бил зафатен од Тибериј III Апсимар. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Цариград, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со хан Тервел[48]. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.

Откако Јустинијан II Ринотмет го освоил главниот град и повторно го зазел престолот, тој се одмаздил на суров начин на своите противници, и тоа поранешните цареви Тибериј и Леонтиј, кои биле обезглавени јавно на хиподромот, а патријархот Калиник е ослепен и прогонет. За поддршката бугарскиот хан Тервел бил богато награден. Тервел бил првиот невизантиец, кој ја добил титулата Кесарија (Цезар)[49]. Тој освен тоа го добива управувањето на областа Загора (североисточна Тракија), како и големо количество пари, злато, сребро и други скапоцености. Второто владеење на Јустинијан (од 705 до 711 година) се покажало како уште поголем неуспех за разлика од првото управување. Војната со Арапите повторно тргнала на лошо: Византијците ја загубиле Мопсуеста и Тијана, во 709 година Арапите влегле дури во Тракија. Поразите на Византија довече до делумна загуба на Кападокија и Киликија[50]. Барајќи реванш против Бугарите, Јустинијан II заминал во североисточна Тракија во 708 година, но бил поразен и опколен во Анхијал. Царот се повлекол по море и наскоро го обновил мирот со Бугарија. Во 711 година Јустинијан II испратил во Крим флота и војска, која требало да го казни на Керсон бидејќи не го поддржал на царот за време на неговите походи, но војниците се побуниле и го прогласуваат за цар Филипик Вардан. Додека Јустинијан собирал армија во Мала Азија, Филипик го освоил Цариград и го убил Тибериј, малолетниот син на Јустинијан. Самиот Јустинијан бил напуштен од повеќето армии и бил заробен и обезглавен во декември 711 година, недалеку од главниот град.

Сириска династија[уреди | уреди извор]

Лав III Исавријанин бил основач на Исавријанската или позната уште како Сириска династија. Лав III е еден од најважните византиски владетели, кој успеал да ја извади империјата од периодот на анархија и кој успеал да се справи со арапската закана, кога во август 718 година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел по кое била повлечена Опсадата на престолнината по четири години. Тој исто така ја наметнал новата црковна доктрина на иконоборството[51].

Грчки оган, употребен при опсадата

На 25 март 717 година Лав III бил крунисан во Света Софија по абдикацијата на Теодосиј III. Во тоа време империјата се наоѓала во многу тешка положба, губејќи ја војната со Арапите, кои ја опседнале престолнината Цариград во текот на една година. Опкружен од сите страни, градот бил на работ на пропаст. Арапските сили во даден момент имале над 100,000 војници[52], но во арапскиот камп, како и во опсадата на византиската престолнина, се појавил глад. Голем број на муслимански војници починале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. Со бугарска помош од страна на Тервел како и со силното византиско оружје т.н. грчки оган[53], царот успеал да ги натера на Арапите да ја повлечат опсадата. Како резултат на битката Византиското Царство била спасена од распаѓање, а југоисточна Европа била спасена од арапската инвазија во наредните векови. Оваа е една од најважните и решавачки борби во историјата на Византија. Како поранешен стратег на Анадолија, цар Лав III останал претставник на воено-земјишната аристократија и до крајот на владеењето ги бранел нејзините интереси. Со цел да ја зацврсти царската власт, тој извршил голем број на реформи, вовел ред во државната администрација и финансии.

Византиско ионоборство од 9 век.[54]

Лав III го означил почетокот на византиското иконоборство[55]. Така, наместо икони, на јавните места започнале да се поставуваат крстови. Оформено под влијание на исламската идеја дека сликите на луѓе и животни не можат да бидат свети, иконоборството во Византија претставувало реакција против прекумерниот раст на монаштвото и манастирите, кои биле голем товар на државата и конкурент на нејзината власт. Во 726 година бил издаден едикт според кој иконите биле забранети[56]. Но, едиктот бил пречекан со силно противење од цариградски патријарх Герман и од страна на клирот и народот. Во 727 година, во Равена, Италија, избувнало востание против византискиот цар. Испратената византиска флота потонела во бура кое довело до губење на останките од т.н. Равенски екзархат. Лав III Исавријанин починал во 741 година.

Набргу по стапување на престолот, Константин V се соочил со граѓанска војна (741-743), која започнала поради незадоволството на иконоборската политика на царот. Додека Константин V започнал воен поход против Арапите во Мала Азија во 741/2 година на чело со Хишам ибн Абд ал-Малик, стратегот Артавазд Иконољубец, кој бил сопруг на неговата сестра Ана, се прогласил за цар во Тракија и на темата Опсикион, со поддршка на ерменските единици, при кое Константин бил принуден итно да се врати назад за да собере војници во Анадолија. Артавазд бил поздравен од народот во Цариград, каде официјално бил крунисан за цар. Во овој период започнала обнова на почитувањето на иконите, кое дополнително го подобрил неговиот имиџ пред населението. Сепак, поголемиот дел од азиските армии останале на страната на Константин и кон средината на 743 година тој успеал да го порази на узурпаторот и истата година Артавазд Иконољубец бил симнат од престолот и ослепен. Задушувањето на бунтот кон крајот на 743 година било проследено со голем терор и масовни погубувања. Константин V бил приврзаник на иконоборството и ги прогонувал приврзаниците кои ги почитувале иконите. Во текот на неговото владеење биле уништени голем број на реликви и манастири. Тој всушност се покажал и поголем фанатик во иконоборството од неговиот татко Лав. На соборот донесена одлука за строга забрана на култот на иконите. Наредено било нивно целосно уништување. Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје. Константин V започнал неколку офанзивни кампањи против ослабениот Арапски калифат, освојувајќи ја Северна Сирија, достигнувајќи до Горен Еуфрат. Во периодот помеѓу 756 и 775 година Константин V организирал вкупно девет походи против Дунавска Бугарија со цел нејзино уништување. Кон крајот на неговото владеење Ломбардите го освоиле градот Рим, кој никогаш повеќе не се вратил под власта на Византија. Константин V започнал да формира нова административната поделба на империјата и ја подобрил ефикасноста на теренската армија, создавајќи нови поделби - тагми.

Во управувањето на Лав IV војниците на Византија биле ангажирани во судирите со Арапите во Сирија и Мала Азија, додека походите против Бугарите биле прекинати[57][58]. Лав бил оженет за Ирина, од која имал син, идниот Константин VI Слепиот, кој како свој наследник односно соцар го прогласил во 776 година[59]. Ова довело до неуспешен бунт меѓу цезарите, полубраќа на царот, кои биле замонашени и заточени во Херсон[60]. Во неговото кратко владеење било прекинато пргонот на иконопочитателите[61][62].

Наследникот на Лав, Константин се покажал неспособен за добро владеење. Неговата армија била поразена од Арапите и самиот Константин имал ужасен пораз од страна на Кардам во 792 година во Битката кај Маркели[63]. На 19 април 797 година, Константин бил заробен, ослепен и затворен од поддржувачите на неговата мајка, која организирала заговор, оставајќи ја Ирена да биде крунисана како единствена царица на Цариград. Непознато е кога точно умрел Константин; сигурно било пред 805 година, но многу е веројатно да умрел кратко откако бил ослепен. Бил погребан во манастирот „Св. Ефросин“, која го основала Ирена.[63][64][65] Најзначаен чин на Ирина било обновата на почитувањето на иконите. Избирајќи го Тарасиј, еден од нејзините членови и поранешен секретар, за патријарх во 784 година, таа свикала два црковни собори. Првиот од нив, одржан во 786 година во Цариград, бил осуетен од спротивставените војници верни на споменот на иконоборските цареви. Вториот, одржан во Никеја во 787 година, службено го обновил почитувањето на иконите и ја споил Источната црква со таа во Рим.[66] (Видете: Седми вселенски собор.)

Ирина владеела пет години, од 797 до 802 година. папата Лав III, на кој му требало помош против непријателите во Рим и кој го видел престолот во Византија како празен (недостигајќи машки член), го крунисал Карло Велики како свет римски цар во 800 година. Ова било видено како навреда за Источното Римско Царство. Во 802 година, патрициите спремиле заговор против нејзе и на престолот го поставиле Никифор, министерот за финансии. Ирина била избркана на Лезбос и приморана да се прехранува со ткаење. Умрела следната година.

Нединастички владетели[уреди | уреди извор]

Никифор поминал повеќе од девет години од управувањето во војна со Арапите, Словените и Бугарите. Во последниот поход тој и неговиот син Ставракиј претрпиле голем пораз од бугарскиот хан Крум, Никифор бил убиен во битка, неговата глава била отсечена и обвиена во сребро како чаша. Синот на Никифор, Ставракиј и зетот Михаил управувале кратко со империјата. Во 813 за нов цар бил прогласен Лав V Ерменец. По само една недела, хан Крум и бугарската војска започнала опсада на Цариград. Помеѓу двата цара била договорена средба за склучување на мир. Но набргу ханот дознал дека средбата е само една обична заседа па заседанието го напуштил. На враќање, бугарската армија ги опустошила Источна Тракија и го зазел денешниот град Едрене. Тој решил по ова да тргне повторно кон Цариград со околу 30.000 души, но во текот на подготовките ханот починал. Во овој период ѕидините на градот биле обновени кај Влахерна, како најслабо место.

Лав бил иконоборец и по враќањето на мирот во земјата, во 815 година во Света Софија свикал собор нај кој биле повлечени сите одлуки од Седмиот вселенски собор од 787 година и потврдени оние од 754 година. Така, во следниот период повторно започнало затворање на манастирите, многумина кои ги почитувале иконите биле протерувани, мачени и убивани. Најголеми поборници за иконите, овој пат, биле игуменот на Студискиот манастир Теодор Студит, патријархот Никифор и папа Паскал I. Во 820 година Лав V бил убиен од еден од неговите генерали на чело со Михаил II, кој се прогласил за цар и го продолжил иконоборството.

Аморијанска династија[уреди | уреди извор]

Михаил своето владеење го започнал обидувајќи се да го обнови верскиот мир во империјата и вратил многу монаси, принудени да побегнат во егзил претходно. Михаил умрел на 2 октомври 829 година и бил наследен од неговиот син Теофил. со која имал пет ќерки, пред да се роди нивниот прв син Константин, кој починал како мало дете. Потоа, на 19 јануари 840 година, го родила идниот Михаил III. Теофил поголемиот дел од управувањето го поминал во војни со Арапите и почнал маршеви против нив во 829 и 830 година. Теофил ги обновил ѕидините на градот од страна на Мраморно Море и Златниот Рог. Теофил бил иконоборец, но слично на својот татко, бил разумно толерантен човек. Теодора од друга страна длабоко ги почитувла иконите, иако ги држела скриени од својот сопругодина Теофил изградил неколку градби во внатрешноста на Големата палата, од кој најзабележителна e Магнаура.

Теофил починал на 20 јануари 842 година како последниот цар иконоборец. Тој бил наследен од малолетниот син Михаил III, а за регент била одредена мајката на Михаил, Теодора. На Поместниот Цариградски Собор (842) ги потврдила во сета сила актите на Седмиот вселенски собор. На тогашниот патријарх иконоборец Јован VII Цариградски му бил даден избор да ги прифати иконите или да се пензионира, а на негово место бил поставен Методиј I Цариградски.

Регентството на Теодора траело до март 856 година, кога Михаил III наполнил шеснаесет години, по што тој ја затворил својата мајка во манастир и почнал да управува самостојно со својот вујко Варда. Во негово време бил обновен универзитетот во градот, во градот работеле Лав Матаматик чие влијание се проширило и на Запад и стигнало до исламот, јазичарот Константин (подоцна Кирил) кој создал словенска азбука кое довело до покрстување на Словените во текот на мисионерската дејност на Св. Кирил и Методиј како и теологот Фотиј I Цариградски кој станал патријарх во 858 година. Во 860 година престолнината била нопседната од страна на Русите. Конечниот исход на овој поход не е целосно јасен и познат. Тоа што е познато е дека Византија била во голема војна со арапскиот калифат, а престолнината Цариград не била подготвена за војна против новиот непријател. Сепак, познато е дека предградието градот бил преземан, пљачкосан а по тоа руската војска се повлекла од градот. Ова повлекување на рускиот хаганат е дебата на голем број на историчари до ден денеска. Според христијанското верување, градот бил ослободен по јавувањето на Пресвета Богородица.Михаил за свој коцар го поставил Василиј но во септември 867 година Василиј го убил Михаил и го узурпирал престолот. Така бил ставен крај на Аморијанската династија и почеток на Македонската династија.

Македонска династија[уреди | уреди извор]

Македонската династија управувала со Византија речиси два века. Продолжувањето на Македонската династија била поставена под закана во времето на Лав VI Мудриот, кој се искачил на престолот во 886 година по смртта на својот татко Василиј. Василиј ги укинал сите сите реформи на иконоборците и ги реставрирал законите на Јустинијан. Овој акт довел до заживување на монаштвото и бирократскиот систем на државата. Во текот на неговото владеење биле реновирани голем број на цркви во градот, вклучувајќи ги и оние кои пострадале од земјотресот од 869 година. Во 880 година, во близина на Големата палата била изградена црквата Неа Еклезија.

Во првите три брака, никоја од неговите сопруги не му родила син. Бидејќи четвртиот брак е забранет од Православната Црква, Лав требало да се задоволи со својата љубовница, Зоја Карбонопсина која го родила идниот Константин VII, додека патријархот Никола се согласил да го крсти детето под услов Зоја да ја напушти престолнината, но по крштевањето Зоја се вратила. Така започнала историјата, наречена Тетраграма или Четврти брак кој бил признат за валиден, а најмалиот Константин бил легализираа како Порфирогенит. По смртта на Лав, на престолот се качил неговиот брат Александар кој владеел само тринаесет месеци. Неговото кратко владеење било несреќа за империјата и започнало откако тој ги пречекал бугарските пратеници сосема пијан, со навреди и го принудил цар Симеон I веднаш да почне да се подготвува за војна. Починал на 4 јануари 913 година. Во следниот период како регент на младиот Константин VII владеела неговата мајка Зоја до 919 година. Војводата Роман Лакапин ја омажил својата ќерка со Константин истата година, а следната 920 година Роман станал соцар.

Во 941 година започнала руско-византиската војна од страна на Киевска Русија како обид за зазмање на Цариград. Походот се случил во времето на Игор I Киевски и бил поддржан од страна на Хазарите, главно поради прогонот на Евреите од страна на византискиот цар Роман I Лакапин. Во текот на мај 941 година, на северниот брег од Мала Азија пристигнала руската армија. Претходно, Киевска Русија била добро информирана за учеството на византиската флота во војната против арапскиот калифат во Средоземјето, а додека најголемиот дел од царската армија била стационирана на источниот брег каде Руската армија доживеала пораз, главно поради оружјето течен оган. Голем број на Руси биле заробени или убиени. На тој начин, Византија успеала да го отфрли нападот на Киевска Рус, но не и да го сперечи грабежот на паганите во градот Цариград. Во септември истата година, двајца водечки генерали на Византија, Џон Коркуас и Бардас Фокас се упатиле кон главниот град. Веднаш по ова, руските сили се насочиле кон Тракија, каде биле поразени од страна на водачот Тефанис. Скоро сите руски флоти биле уништени или заробени, а само неколку успеале да побегнат кон Крим. Царот Игор I Киевски исто така успеал да побегне но бил убиен во борбта со Арапите.

Роман сакал да воспостави своја династија но бил соборен од власт и испратен заедно со неговите синови на островите во Егејско Море каде починал. Така во 945 година Константин станал самовластен цар и владеел до својата смрт на 19 ноември 959 година. Неговите вооружени сили имале неколку забележителни победи над Арапите, под водство на двајца брилијантни војводи - Никифор Фока и Јован Цимиски. Константин посветувал голем дел од своето време на науката и напишал неколку трудви кои се рангираат меѓу најзначајните извори за историјата на средновековна Византија.

Константин бил наследен од неговиот син Роман кој се оженил со Теофана и нивните два синови, Василиј и Константин, биле крунисени за соцареви како мали деца. Во текот на неговото владеење Никифор Фока, како командант на вооружените сили, имал успех против Арапите на Крит и Сицилија. Пред трагичната смрт на Роман, Теофана ја родила Ана а за наследник на Роман бил прогласен Никифор II Фока во 963 година додека синовите на Роман, Василиј и Константин продолжиле да управуваат како соцареви бидејќи Никифор се оженил за Теофана. Наскоро Теофил станала љубовница на војводата Јован Цимискиј, братучед на Никифор. Тој и Теофил почнале да прават заговор, за да го отстранат Никифор, и во текот на ноќта на 10 наспроти 11 декември 969 година Јован и неговите приврзаници го убиле царот, додека спиел во палатата "Буколеон", по што утврдиле контрола врз градот. Во 969 година војводата Јован Цимиски, кој бил љубовник на Теофана, го убил на Никифор и се прогласил за цар. Теофана очекувала дека Јован ќе се ожени за неа, но тоа не го дозволил патријархот по кое Теофана била испратена во манастир, додека Јован се оженил за сестрата на Роман II, Теодора. Следните години Јован имал неколку успешни походи но се разболел и починал во 976 година. Така, престолот преминал кај Василиј, најстариот син на Роман II. Василиј II е еден од малкуте цареви кои никогаш не се ожениле. Во 986 година започнал поход против силите на цар Самуил кои траеле 25 години. Во 1014 година Василиј успеал да го порази на Самуил, наредувајќи да се ослепат 15,000 заробеници а замиот Самуил успеал да побегне, но подоцна починал кога ги видел своите ослепени војници. Василиј починал во 1025 година и бил наследен од својот брат Константин VIII, кој бил шеесет и пет годишен, кога се искачил на престолот. Иако бил соцар во текот на половина век, тој всушност не играл никаква улога во управувањето на империјата и својот живот го посветил исклучиво на задоволствата. За да се продолжи царската линија, Константин својата ќерка Зоја ја омажил за далечниот роднина Роман Аргир, и по смртта на Константин во 1028 година, Роман III Аргир застанал на неговото место.

Роман наскоро изгубил интерес за Зоја и си ја зел љубовница. Тогаш и самата Зоја си нашла љубовник, идниот Михаил IV Пафлагонецот, а самиот Роман бил отровен од неговата сопруга. Наследник на Михаил IV станал посвоениот син на Зоја, Михаил V Калафат, кој бил син на Марија - сестрата на цар Михаил IV. Во 1042 година Зоја била детонирана од престолот и испратена во манастир. Кога жителите на градот разбрале, започнале немири во кој биле убиени 3,000 бунтовници но Михаил бил заробен и испратен на заточение каде починал. Така на 21 април 1042 година, Зоја повторно се искачила на престолот заедно со помладата сестра Теодора, која пред петнаесет години била принудена од Константин VIII да замине во манастир. Во тоа време Зоја била речиси шеесет и четири годишна, а Теодора - година или две по-млада. Заедничкото управување на Зоја и Теодора траело помалку од три месеци. Во тоа време било договорено дека за управувањето на империјата е потребен енергичен човек. Теодора категорично одбила да се омажи, но Зоја започнала да бараа соодветен кандидат. Конечно изборот паднал врз Константин IX Мономах. Зоја починала во 1050 година.

Во 1054 година во престолнината помеѓу папа Лав IX и патријархот Михаил I Керулариј настанал голем спор кое довело до разделување на црквата на Православна и Католичка. Во Цариград, патриjархот Михаил се сомневал дека доколку императoрот Константин IX стане зависен од воениот сојуз со западот, тогаш црквата во Цариград ќе треба да се соочува со Рим. За да не дојде до тоа, тој започнува да ги нагрубува католичките прелати. Католичките обреди се наречени недостојни, а католичките цркви во Цариград се затворени. Во Рим, папата Лав IX многу остро го осудл овој чин и затоа во Цариград го испратил кардиналот Хумберт, кој кога пристигнал таму, ја пренел пораката од папата, а најмногу се спротивставувал за нерешеното прашање околу Светиот Дух. По тримесечно очекување на дијалог со патријархот, Хумберт издал була (папски документ) за протерување на Михаил од црквата. Но во тоа време папата само што починал, и самата була се покажала дека е невалидна. И покрај поддршката што пратеникот од Рим ја имал од царот, Михаил останал патријарх поради масовната поддршка на верниците.

Константин починал во 1055 година, додека власта преминала во рацете на Теодора, која имала 75 години и нејзиното управување траело 18 месеци а нејзин наследник станал Михаил VI Вринга. Теодора била последната која владеела од Македонската династија. Во текот на овој период, границите се протегале од Јадранско Море до Персија, од Дунав до егејските острови додека гланиот град се претворил во центар на класичната култура во светот.

Династија Дука[уреди | уреди извор]

Во времето на Константин X Дука, Норманите под водство на смелиот Роберт Гвискард постигнале сè поголеми успеси во јужна Италија. Угрите преземале силен напад и во 1064 го зазеле Белград. На Печенезите им се придружиле сродните Узи и со тоа започнала нова тешка неволја. Како што своевремено Узите под притисокот на Куманите ја напуштила јужно-руската рамница и во есента 1064 г. навлегле во Балканскиот Полуостров. Нивните безбројни орди дивјачки го пустошеле Балканскиот Полуостров. Во овој период започнале и посериозните напади на Турците Селџуци. Воената заслабност на Византија им овозможила брз продор во централните покраини на царството. Во времето на Алп Арслан, вториот селџучки султан, Турците поминале низ Ерменија и го освоиле Ани (1065 г.), ја опустошила Киликија, навлегле во Мала Азија и ја зазеле Цезареја (1067 г.). Политиката на византиските властодршци тешко им се одмаздила.[67]

Кога Константин X Дука починал во 1067, Евдокија Макремболитиса станала регент на својот син Михаил VII Дука. Евдокија сфатила дека е неспособна сама да ги одбие варварските инвазии во северозападните земји на империјата[68], поради се омажила за Роман IV Диоген[69]. Роман IV го прогласил за соимпертор на Андроник Дука, син на Евдокија и Константин X Дука, иако тој бил држен настрана од власта заедно со неговата мајка. Роман IV бил воинствен и упорен и сè повеќе ја ограничувал власта на Евдокија и Михаил VII. Тој особено се истакнал во борбите против Печенезите и целосно го заслужил угледот што го уживал во воените кругови. Тој веднаш стапил во борба со Селџуците, но неговите први походи во 1068 и 1069 не биле безуспешни, но третиот поход завршил со страотен пораз за што многу придонело и предавството на Андроник Дука. На 19 август 1071 во Битката кај Манцикерт, војската на Алп-Арслан ја уништила побројната, но разнородна и недисциплирана наемничка византиска армија. И самиот цар паднал во заробеништво.[70] Заробениот цар бил пуштен на слобода, каде Евдокија Макремболитиса и Михаил VII повторно застанале на чело на власта во Цариград, но Јован Дука, помалиот брат на Константин X Дука, со помош на гардата ја принудил на царката да ја остави власта целосно на Михаил VII и да се повлече во манастир.[69]. Роман бил ослепен и починал во 1072 година[71].

Во 1078 година Михаил VII бил соборен од Никифор III Вотанијат. Михаил се оженил со грузиската принцеза Марија која го родила Константин. Михаил бил детониран во 1078 година од страна на војсководачот Никифор III Вотанијат и испратен во манастир заедно со неговата сопруга и син. Никифор имал околу осумдесет години кога станал цар. Бидејќи бил без деца, тој се оженил со Марија, жената на Михаил, но Никифор одбил да го признае нејзиниот син Константин за свој наследник и Марија започнала да прави план за соборување од престолот со Алексиј I Комнин. На првиот ден на Велигден, 4 април 1081, Алексиј Комнин бил крунисан за цар на Византија а Никифор III Вотанијат Никифор Вотанијат се откажал од престолот и се закалуѓерил. Со тоа бил ставен крајот на династија Дука.

Комнини[уреди | уреди извор]

Од бракот со Ирина Дукина се четири родиле синови и пет ќерки, а првородена била Ана Комнина, која дала на историјата на управувањето на својот татко во својата Алексијадата. Ова дело ја прави една од првите жени историчари во западниот свет. Нивниот прв син бил идниот Јован II Комнин, кој се родил во 1088 година и по четири години бил крунисан како соцар. Во текот на владеењето на Алексеј започнал прогон на Богомилите. Долгото владеење на Алексеј I од скоро триесет и седум години било исполнето со војни. На самиот почеток, тој морал да одговори на големиот напад на Норманите кој ги освоиле Драч и Крф, но и го опседнале градот Лариса во Тесалија. Алексеј војувал и со Селџуците кои ја имале преземено контролата врз поголемиот дел од Мала Азија.

Уште во 1090, Алексеј побарал помош од папата во борбата против Селџуците. Во 1095 неговите амбасадори се појавиле пред папа Урбан II за време на Советот на Пјаченца. Помош која тој ја барал од Западот, биле во платеници, а не огромните силите кои пристигнале. Откако папата ја проповедал Првата крстоносна војна на Соборот во Клермон подоцна истата година, царот забележал дека не е сосема подготвен за снабдување на овој број на луѓе. Како што крстоносците поминувале низ неговите територии, царот видел дека неговите балкански имоти се разграбуваат од рацете на своите сојузници. Алексеј се справил со првата неорганизирана група на крстоносци, предводени од страна на проповедник Пјер Отшелника, со нивно испраќање во Мала Азија, каде што тие биле масакрирани од страна на Турците во 1096 година. Втората и многу поопасна група на Крстоносци постепено се приближувала кон Цариград. Оваа група била предводена од Годфрид Бујонски. Алексеј ја искористил можноста за средба со водачите на крстоносеците. Тој од нив успеал да издејствува заклетва за почит и ветување дека освоените територии ќе и припаднат на Византија. При пренесувањето на секој контингент во Азија, Алексеј ветил дека ќе ги снабдува со единиците во замена за нивната лојалност. Крстоносната војна претставувала голем успех за Византија, затоа што Алексеј повторно контролирал голем број на важни градови и острови. Опсада на Никеја од страна на крстоносците довела до тоа градот да му се предаде на царот во 1097 година. Византиска власт била возобновена и во Хиос, Родос, Смирна, Ефес, Сардис, како и во Филаделфија во 1097-1099. Алексеј починал во 1118 година.

Алексеј го наследил неговиот син Јован II кој војувал со Венеција, Унгарија, Србија и Антиохија. Јован бил наследен од Мануил I Комнин во 1143 година. Од бракот со својата сопруга Марија, е роден идниот Алексиј II Комнин. Во првите три години од владеењето Мануел биле заменети дел од Теодосиевите ѕидини. Војувал успешно против Латините. во следниот период започнала подготовка за нова втора по ред крстоносна војна. Еден контингент крстоносци тргнал од Германија под водство на кралот Конрад, а втор - од Франција, предводен од Луј VII, како двајцата планирале да поминат крај Цариград на пат кон Светата земја. Мануел немал проблеми со Французите и го поканил кралот Луј на гозба во Влахерна. Мануел мечтаел да ја врати империјата таква каква што била во деновите на Јустинијан, и тоа го вовело во серија воени походи и преговори, со кои се занимавал во поголемиот дел од долгото владеење. Тој се борел со Норманите, Венецијанците, Србите и Унгарците на запад, а на исток војувал против Селџуците и Ерменците. Конфликтот на империјата со Венеција започнал во 1171 година, кога Мануел ги протерал венецијанските трговци од градот, кои живееле во Пера. Во следниот период биле раскинати сите односи со Венеција, додека земјите од Западна Европа започнале да формираат сојуз против Византија. Хуго Етериано, по потекло од Пиза, напишал дека Латините (Италијанци, Французи, Нормани и Шпанци) кои оделе по улиците на престолнината биле предмет на омраза и презир.

Мануел бил наследен од неговиот син Алексиј. Бидејќи во тоа време тој бил само дванаесет, неговата мајка Марија Антиохиска станала регент. Марија на Латините им ги доделила сите престижни позиции во градот, која ја направила непопуларна меѓу населението. Поради тоа, аристократијата својата поддршка ја пренасочила кон Андроник I Комнин, внук на Јован II кој имал околу 65 години. Во 1182 година со својата армија заминал кон престолнината каде самата Марија била уапсена и осудена за предавство, голем дел од Латините биле убиени а самиот Андроник бил прогласен за соцар на Алексеј II, кој следната 1183 бил убиен а неговата сопруга била омажена за Андроник Комнин.`Андроник управувањето го започнал со голем терор и убиства на сите свои противници кои претставувале закана за неговиот престол. Во исто време империјата навлегла под нападите на Селџуците, Унгарците и Норманите, кои влегле во Грција. Норманите го зазеле Солун во пролетта 1185 година и започнале да се придвижуваат кон Цариград. Населението во паника започнало да го напаѓа царот бидејќи не презел никакви мерки, но тој одговорил повторно со апсења и убиства. Меѓу овие бил и еден далечен роднина на Комнин на име Исак Ангел, кој успеал да избега од чуварите и да побара азил во Света Софија, каде го повикал населението да го подржи. Жителите на градот одговориле на неговиот повик и на 12 септември 1185 година тој се искачил на престолот како Исак II Ангел. Андроник бил заробен, потоа однесен на хиподромот каде бил измачуван и жестоко убиен. Неговата смрт го означил и крајот на династијата на Комнините која со земјата управувала повеќе од еден век. Дел од нивните наследници основале своја династија која владееела со Трапезундската империја.

Ангели[уреди | уреди извор]

Кога Исак II Ангел се искачил на престолот, Норманите биле пред портите на престолнината, но тој ги принудил да се повлечат во Италија. Исак имал две ќерки и еден син, идниот Алексеј IV Ангел. Две години откако се искачил на престолот, Исак требало да се справи со почетокот на Третиот крстоносен поход. Германците под водството на Фридрих I Барбароса поминале покрај престолнината без никакви инциденти, додека другите крстоносци отпатувале по море кон јужниот брег на Мала Азија. Исак во 1195 година бил соборен од престолот од неговиот брат Алексеј и затворен заедно со неговиот син Алексеј.

Алексеј III започнал воен поход против Власите во 1202 година заедно со синот на неговиот брат, идниот Алексеј IV Ангел кој го ослободил од затвор. Но Алексеј успеал да побегне кај својата сестра Ирина кај Филип Швабски од кој побарал помош против неговиот чичко. Во 1199 година папата повикал на Трета крстоносна војна, а кон повикот се приклучиле Французите на чело со Болдвин Фландирски и Венецијаните на чело со дождот Енрико Дандоло заедно со неговата флота. Во Венеција пристигнале француски пратеници за да се договорат за отстапување на венецијанската флота во походот. Венеција прифатила, но под услов да има ист дел од освојувањето при походот. На посебен состанок, како главен водач на походот бил избран Бонифациј Монфератски. Но самите крстоносци не го собрале доволниот број на војници и не биле во можност да го платат долгот на Венеција, па дождот Дандоло склучил нов договор според кој Венеција требало да го добие градот Задар во Далмација за да го одложи плаќањето на долгот.

По зазимањето на Задар, во градот пристигнале пратеници на Алексеј кој ветил дека ако експедицијата го качи на престолот повторно неговиот татко Исак, тој ќе се согласи да се склучи унија меѓу Грчката и Римската црква на чело со папата. Исто така, тој бил подготвен да ја плати целата експедиција на Латините, по кое дождот Дандоло се согласил да ја насочи експедицијата кон Цариград. Најпосле на 24 јуни 1203 година витезите пристигнале во Халкедон. За да можат крстоносците со сила да го преземат Цариград, најпрвин тие морале да го поминат Босфорот. Со околу 200 бродови, коњаници и транспортни возила крстоносците своите позиции ги приближиле кон своите цели, каде византискиот цар пак Алексеј III Ангел веќе ги имал распоредено своите сили по должината на брегот, северно од денешната населба Галата. По нападот на крстоносците, византијците побегнале кон југ, а кулата Галата била заземена од крстоносците оневозможувајќи го преминот кон Златниот Рог. Додека крстоносците се сконцентрирале главно околу кулата, со контра напад Византија успеала да им нанесе загуби. Но кога дошла поголема крстоносна војска, кулата била преземена. По заземањето на кулата, преку Златниот Рог започнале да навлегуваат венецијанските бродови во градот. На 11 јули, крстоносците своите позиции ги насочиле наспроти ѕидините на Влахерна, во северозападниот дел на градот. Опсадата на градот ја започнале на 17 јули пред ѕидините на градот, додека пак венецијанската флота ги нападнала позициите на Византија преку Златниот Рог Алексеј III Ангел конечно тргнал во офанзива која била предводена преку портата Свети Роман. Неговата армија, која броила околу 8.500 војска се соочила со крстоносната која била околу 3.500 но сепак нападот не успеал и неговата војска се повлекла во градот. Во текот на оваа битка биле опожарени околу 120 хектари земја откако крстоносците започнале да фрлаат факли во внатрешноста на ѕидините а претходно биле заземени 25 кули од ѕидините на градот. Во градот настанал голем пустош и пожар каде околу 20.000 луѓе останале без своите домови. Царот Алексеј III знаел дека градот нема да може да го одбрани, па така успеал да побегне со голема количина на злато, некои скапоценети камења заедно со својата круна. Истата ноќ од затвор бил ослободен ослепениот Исак II кој ветил дека ќе ги сиполни дадените ветувања на неговиот син, по кое на Латините им биле отворени портите на градот. Така, за нов цар бил избран Алексеј IV Ангел на 1 август 1203 година.

Алексиј наскоро станал непопуларен меѓу жителите на Цариград, бидејќи го поминувал целото време во празнување со Латините. Во исто време крстоносците станувале сè повеќе нестрпливи, бидејќи тој не бил во состојба да го исполни ветувањата што им дал, и започнале со грабежи на златни и сребрени садови од црквите во градот. На 19 мај избувнал бунт во населението во латинскиот дел на градот. Аристократијата на Цариград, исто така не ги одобрувала активностите на Алексиј, така како незадоволни биле и населението на градот и Латините. Водач на опозицијата бил Алексеј Дука, кој бил праправнук на Алексиј I Комнин. На крајот на јануари 1204 година жителите на градот масовно се собрале во Света Софија и побарале детронизација на царот. Тогаш Алексеј Дука отишол кај Алексеј IV и му рекол дека дошол да му помогне да избега од толпата која сакала да го убие. Така Алексеј успеал да побегне од палатата Влахерна и бил затворен надвор од градот, измамен и погубен. На 5 февруари 1204 година Дука се искачил на престолот под името Алексиј V. Исак умрел од природна смрт речиси во исто време.

Откако веќе целосно ја контролирал ситуацијата, новиот цар Алексеј V Дука преку свои пратеници наредил на крстоносците да се повлечат од територијата во рок од една недела. Ова не било испочитувано од Латините, по кое на 9 април 1204 година започнал нов напад врз ѕидините на градот кај палатата Влахерна. Овој напад бил неуспешен поради јужниот ветер кој им попречил на крстоносните флоти. По три дена витезите повторно нападнале и успеале да влезат во градот. Тие навлегле преку морските ѕидини кое им овозможило на коњаниците да слезат од венецијанските бродови и да влезат во градот.

Алексеј Дука ноќта ја поминал обидувајќи се да собере приврзаници, но тие или биле побегнати или биле засолнети во своите домови. по ова тој побегнал од градот и заминал во Тракија каде бил заробен од ЛАтините и одведен во престолнината. Таму бил осуден за предавство на Алексеј IV и фрлен од столбот на Теодосиј, бидејќи имало предание според кое последниот византиски цар ќе умре на овој начин. Поосвојувањето на градот од страна на крстоносците започнале големи грабежи а биле убиени околу 2,000 луѓе. Така, Византија престанала да постои.

Палеолози[уреди | уреди извор]

  1. Eusebius, IV, lxii.
  2. 2,0 2,1 Ostrogorsky 1959, стр. 21; Wells 1922, Chapter 33.
  3. Bury (1923), 1
    * Fenner, Economic Factors Архивирано на 18 јуни 2008 г.
  4. 4,0 4,1 Bury (1923), 163 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „B163“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Bury 1923, p. 1; Kuhoff 2002, стр. 177–178.
  6. Bury 1923, p. 1; Esler 2004, стр. 1081; Gibbon 1906, Volume III, Part IV, Chapter 18, p. 168; Teall 1967, стр. 13,19–23, 25, 28–30, 35–36
  7. Cameron 2009, стр. 54, 111, 153.
  8. Alemany 2000, стр. 207; Bayless 1976, стр. 176–177; Treadgold 1997, стр. 184, 193.
  9. Cameron 2009, стр. 52.
  10. 10,0 10,1 Burns 1991, стр. 65, 76–77, 86–87
  11. Lenski 1999, стр. 428–429.
  12. Grierson 1999, стр. 17.
  13. Postan, Miller & Postan 1987, стр. 140.
  14. Meier 2003, стр. 290.
  15. Gregory 2010, стр. 137; Meier 2003, стр. 297–300.
  16. Gregory 2010, стр. 150.
  17. Gregory 2010, стр. 145.
  18. Evans 2005, стр. xxv.
  19. 19,0 19,1 Bury 1923, pp. 180–216; Evans 2005, стр. xxvi, 76.
  20. Sotinel 2005, стр. 278; Treadgold 1997, стр. 187.
  21. Bury 1923, pp. 236–258; Evans 2005, стр. xxvi.
  22. Bury 1923, pp. 259–281; Evans 2005, стр. 93.
  23. Bury 1923, pp. 286–288; Evans 2005, стр. 11.
  24. Greatrex 2005, стр. 489; Greatrex & Lieu 2002, стр. 113
  25. Bury 1920, "Preface", pp. v-vi
  26. Evans 2005, стр. 11, 56–62; Sarantis 2009, passim.
  27. Cameron 2009, стр. 113, 128.
  28. Bray 2004, стр. 19–47; Haldon 1990, стр. 110–111; Treadgold 1997, стр. 196–197.
  29. 29,0 29,1 Louth 2005, стр. 113–115; Nystazopoulou-Pelekidou 1970, passim; Treadgold 1997, стр. 231–232.
  30. Foss 1975, стр. 722.
  31. Haldon 1990, стр. 41; Speck 1984, стр. 178.
  32. Haldon 1990, стр. 42–43.
  33. Grabar 1984, стр. 37; Cameron 1979, стр. 23.
  34. Cameron 1979, стр. 5–6, 20–22.
  35. Haldon 1990, стр. 46; Baynes 1912, passim; Speck 1984, стр. 178.
  36. Foss 1975, стр. 746–747.
  37. Haldon 1990, стр. 50.
  38. Norwich, pg. 323
  39. Kazhdan, pg. 501
  40. http://www.burgas1.org/e107_plugins1/forum/forum_viewtopic.php?14
  41. http://www.dnevnik.bg/morski/2008/09/25/554606_gradut_s_topli_izvori/
  42. Norwich, pg. 326
  43. Dumbarton Oaks, Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection, Vol. II, Part 2 (1968), pg. 513
  44. Теофан, 673
  45. Norwich, pg. 328
  46. Bury, pg. 354
  47. Ostrogorsky, pgs. 116–122
  48. Norwich, pg. 336
  49. Bury, pg. 361
  50. Norwich, pg. 339
  51. Gero, Stephen (1973). Byzantine Iconoclasm during the Reign of Leo III, with Particular Attention to the Oriental Sources. Louvain: Secrétariat du Corpus SCO. ISBN 90-429-0387-2.
  52. (француски) Guilland, Rodolphe. "L’expédition de Maslama contre Constantinople (717–720)" in Études Byzantines. Paris: Presses universitaires de France, 1959, pp. 109–133.
  53. Treadgold. History of the Byzantine State, p. 347.
  54. Byzantine iconoclasm
  55. Ladner, Gerhart. "Origin and Significance of the Byzantine Iconoclastic Controversy." Mediaeval Studies, 2, 1940, pp. 127–149.
  56. Treadgold. History of the Byzantine State, pp. 350, 352–353.
  57. „Roman Emperors - DIR Leo III“. roman-emperors.org.
  58. A History of Byzantium (second edition): Timothy E. Gregory (Blackwell, 2010), p 213.
  59. The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), p 135-136.
  60. The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), 137.
  61. Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071): Romilly Jenkins (Weidenfeld and Nicoloson, 1966), p 92.
  62. The Byzantine Revival: Warren Treadgold (Stanford University Press, 1988), p 5.
  63. 63,0 63,1 Cutler & Hollingsworth (1991), pp. 501–502
  64. Treadgold (1997), p. 422
  65. Garland (1999), pp. 85–87, 260 (Note 67)
  66. Видете: Alexander, et al., p. 423.
  67. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 412-413.
  68. Norwich, pg. 344
  69. 69,0 69,1 Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 413.
  70. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 413-414.
  71. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 414.