Историја на Венецуела
| Дел од серијалот за Венецуела Историја на Венецуела |
|
Домородска историја |
| Портал:Венецуела |
Се проценува дека човекот почнал да ја населува територијата на Венецуела пред околу 16.000 години.[1] Најбројни домородни племиња биле Чипчите, Карибите и Араваците.
Европјаните ја откриваат Венецуела на третото патување на Кристофер Колумбо, на 2 август 1498 година. Првата населба што ја основаат шпанските колонизатори е основана во 1522 година во она што денес е градот Кумана. Во прво време територијата на Венецуела потпаѓа под Вицекралството Перу, но потоа најголемиот дел од денешна Венецуела припаѓа на Вицекралството Нова Гренада, а дел од источна Венецуела е инкорпориран во Нова Андалузија.
По неуспешните обиди за осамостојување од Шпанија во 1811 и 1813 година, Венецуела конечно се осамостојува од Шпанија во 1821 година кога војската предводена од Симон Боливар ја добива Битката на Карабобо. Боливар ја продолжува борбата против шпанските колонизатори и ослободува неколку латино-американски земји, формирајќи ја Голема Колумбија. Венецуела е дел од Голема Колумбија до 1830 година кога Хозе Антонио Паез ја прогласува Венецуела за независна држава.
Најголемиот дел од 19-от век во Венецуела има диктаторски режими и политички немири, а истото важи и за првата половина на 20-от век. Војската конечно конечно е принудена да се повлече од политиката во 1958 година, кога во Венецуела е воведена демократија. Во следните години Венецуела станува една од најстабилните демократски држави во Латинска Америка, во време кога во многу латино-американски држави се случуваат воени удари и диктаторски режими.
Периодот на мир во Венецуела нагло е нарушен во февруари 1989 година, кога избувнуваат масовни немири во Каракас и некои други градови на Венецуела, како резултат на неолибералистичките мерки на претседателот Карлос Андрес Перес. Во овие немири, познати како Каракасо, се проценува дека се убиени до 3.000 лица.
Како резултат на непопуларното владеење на Перес, во 1992 година се извршени два обиди за државен удар, од кои првиот е предводен од Хуго Чавез.
На претседателските избори во 1998 година победа извојува Хуго Чавез, кој откако доаѓа на власт почнува да спроведува социјални реформи во прилог на сиромашното мнозинство во Венецуела. Во април 2002 е извршен неуспешен воен удар против него, по чиј неуспешен крај, владата на Чавез почнува да спроведува уште порадикални социјални реформи, насочени кон воведување демократски социјализам и партиципативна демократија во Венецуела.
[уреди] Наводи
- ↑ Kipfer 2000, p. 172.
|
||||||||||||||