Историја на Бразил

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Бразил

Историја на Бразил

Coat of arms of Brazil.svg

Домородни Народи во Бразил
Колонијален Бразил
Обединетото Кралство
Независност
Бразилска империја
Стара бразилска република
Естадо Ново
Втора бразилска република
Бразилска милитаристичка влада
Историја на Бразил од 1985 до денес

Портал:Бразил

Денешната територија на Бразил била населена најмалку пред 8.000 години.[1] Повеќето домородни народи кои живееле и живеат на територијата на Бразил се верува дека се потомци од првиот бран мигранти од Северна Азија, поточно Сибир, кои што го преминале беринговиот проток кон крајот на ледената епоха околу 9000-та год. п.н.е. Во 1500-та год. од н.е. територијата на модерен Бразил имала население од околу 3 милиони, разделено во над 2000 нации и племиња. Во текот на наредните три века, Бразил бил непрекинато колонизиран од Португалците. Лингвистиката открила над 188 живи домородни јазици со над 150,000 говорници. Во 2007 Националната Индијанска Фондација (Fundação Nacional do Índio) го изнесла податокот за 67 домородни племиња кои се уште живеат без допир со конвенционалната цивилизација. Педро Алварес Кабрал го открил ова подрачје во 1500 година. Во тоа време домородците биле семи-номади концентрирани околу бреговите најмногу онаву каде што се влеваат поголемите реки во океанот.

Колонизација[уреди]

политичкото формирање на Јужна Америка
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Колонијален Бразил.

Во почетокот Португалија не гледала со многу интерес кон Бразил, во главно поради профитот што го остварувала при тргување со Индија, Индокина, Кина и Јапонија. Во текот на овој период дрвото Бразил е најексплотираниот ресурс. Од 1530 год. Португалската Круна го ревизирала Наследните Капетании со цел подобро да ја управува новата колонија. Неколку рани населби биле основани покрај брегот, заедно со колонијалната престолнина Салвадор во 1549-та во заливот на сите светци, и градот Рио де Жанеиро бил основан во март 1567 на југ. Колонизаторите адаптирале економија за производство на намирници за извоз кон Европа. Од 17 век. приватни експедиции од Капетанијата Сао Пауло, нарекувани Бандеиранти ја истажувале и раширувале територијата на Бразил. Во 18 век тие пронашле злато и дијаманти на територијата на денешната држава Минаш Гераис. Профитот од Благово е искористен за издржување на Португалската империја. Начинот на владеењето со Бразил и скапиот живот на Португалската монархија довела до движење за независност на Бразил. Производството на злато почнало да стагнира кон крајот на 18-ти век. Колониите се главно експлоатирани од робовите - домородците и Африканците. За разлика од соседните Шпански поседи, Португалската колонија го задржала територијалниот, политичкиот и лингвистиочкиот унитаритет.

Империја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Бразилска Империја.

Во 1808, кралот Жоао VI од Португалија, бегајќи пред Наполеон, се преселил во Бразил со целата кралска фамилија како и владата. Тие пребегале во Рио де Жанеиро, и градот тогаш станал престолнина на Португалската Империја. Рио останал престолнина помеѓу 1808 и 1815-та. После тоа Обединетото Кралство на Бразил, Португалија и Алгаверите (1815-1825) било прогласено, со престолнина Лисабон, Откако Јоао VI во 1821 се вратил во Португалија неговиот син-престолонаслидник станал регент на Бразил. Следејки серија политички инциденти Бразил станал независен на 7-ми септември 1822. На 12 октомври 1822 Дом Педро бил прогласен за прв император на Бразил, крунисан на 1-ви декември 1822. Португалија ја Признала независноста во 1825-та. Во 1824-та Педро го распуштил конститутивното собрание со образложение дека ја загрозува слободата, и донел устав по терк на Португалија и Франција. Управувањето на Педро било почнато да се смета за административно неадекватно. Политички притисоци го натерале Императорот да ја отстапи власта на својот 5 годишен син Педро Втори на 7-ми април 1831. Педро Први заминал во португалија, а додека Педро Втори да достигне адолесценција Бразил бил управуван од регенти се до 1840-та. На 23-ти јули 1840 Педро Втори бил крунисан за император. Неговото владеење го одбележува бумот на кафе извоз, војната на тројната алијанса и крајот на робо-тргувањето со Африка на Америка во 1850. Во Бразил ропството е аболирано во 1888-ма. По укинувањето на ропството во бразил почнале да доагааат многу европски емигранти. Подоцна почнало да зема сила републиканското движење. Во 1889 Педро абдицирал и републиканскиот систем бил усвоен.

Република[уреди]

Крајот на 19 век и почетокот на 20 век, Бразил привлечил преку 5 милиони европски и јапонски имигранти кои се обидувале да ја пробаат среќата во Бразил. Бразилската демократија три пати била заменувана диктатура: 1930 - 1934 и 1937 - 1945 од страна на Жетулио Варгас и 1964 - 1985 од страна на група генерали на војски.

Наводи[уреди]

  1. Levine, R.M., & Crocitti, J.J. (1999). The Brazil reader: History, culture, politics. p.11]. Durham, NC: Duke University Press.

Надворешни врски[уреди]