Исламски феминизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симбол за исламскиот феминизам

Исламскиот феминизмот е форма на феминизмот кој се занимава со улогата на жените во исламот. Тој има за цел да постигне целосна рамноправност на сите муслимани, независно од полот, во јавниот и приватниот живот. Исламските феминистки се залагаат за правата на жените, половата еднаквост и социјална правда втемелени во исламска рамка. Иако се вкоренети во исламот, пионерите на движењето, исто така користат секуларни, Западни, или на друг начин немуслимански феминистички дискурси, и признават улогата на исламскиот феминизам како дел од интегрираното глобално феминистичкото движење.

Застапниците на движењето бараат да се потенцираат длабоко вкоренетите учењата за еднаквост во религијата, и да се поттикне преиспитување на патријархалната интерпретација на исламската наставата преку Кваранот (светата книга), Хадитот (изреките на Мухамед) и Шеријатот (законот) кон создавање на поеднакво и праведно општество.

Муслиманските земји имаат произведено неколку женски претседатели, премиери, државни секретари: Лала Шовкат на Азербејџан, Беназир Буто во Пакистан, Mame Madior Boye на Сенегал, Тансу Чилер на Турција, Каквиша Јашари од Косово и Мегавати Сукарнопутри на Индонезија. Бангладеш е втората земја во светот (по Марија и Елизабета I во 16 век во Англија) да имаат на чело една жена после друга, тие две се Каледа Зија и Шеик Хасина, кои владееле со земјата како премиери од 1991 година-подолго одколку што мажите успеале, што го направи Бангладеш уникатен во историјата на републиките во светот.