Искуства блиски со смртта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Искуства блиски со смртта (ИБС) е термин кој се однесува на широк спектар лични искуства поврзани со неминовна смрт, искусување на голем број неверојатни чувства како напуштање на телото, лебдење, екстремен страв, потполна смиреност, сигурност или топлина, чувство на умирање, појава на блескава светлината која некои луѓе ја толкуваат како прикажување на Бог или божественост.

Овие феномени обично се јавуваат откако на личноста ќе и биде утврдена клиничка смрт или на каков и да било друг начин ќе се доближи до “состојба на смрт” и оттука произлегува терминот искуства блиски со смртта. Со најновите достигнувања во областа на реанимацијата, бројот на ваквите искуства значително се зголеми. Многу научници ги сметаат овие искуства за халуциногени, додека парапсихолозите и некои конвенционални научници стојат зад ставот дека тоа се всушност докази за постоењето на задгробен живот.

Интересот за овие искуства го разгоре Рејмонд Муди, со објавувањето на книгата “Живот по животот” (“Life after Life”) во 1975 год.и со формирањето на Меѓународното здружение за искуства блиски со смртта(МЗИБС)(International Association for Near-Death Studies (IANDS) ) во 1981 год. Според анкетата на Гул (Gallup poll), околу 8 милиони американци се изјасниле дека доживеале вакво искуство. Некои коментатори како што е на пр. Симпсон велат дека бројката на ваквите искуства со смртта е поголема, бидејќи луѓето кои доживеале нешто вакво главно се плашат да зборуваат за тоа или пак не сакаат воопшто да ги споделат своите искуства со другите.

ИБС спаѓаат во полето на изучување на парапсихологијата, психологијата, психијатријата и клиничката медицина.

Карактеристики[уреди]

Најраните белешки за искуствата на прагот на смртта датираат од времето на Митот за Ер (Myth of Er), објавен во делото “Држава” (10.614-10.621) на Платон. Во митот станува збор за кажувањето на еден народен војник за неговото искуство на прагот на смртта, за задгробниот живот и реинкарнацијата.

Истражувачите ги откриле заедничките карактеристики на овие искуства. Брус Гревсон вели дека општите карактеристики на искуствата вклучуваат чувство на напуштање на своето тело, прикажување на починати роднини или свештени лица, надминување на границите на егото, времето и просторот.

Карактеристиките на класични искуства блиски со смртта се:

  • Телепатско примање на порака.
  • Чувство/ свесност дека си мртов.
  • Чувство на мир, пријатност и благосостојба. Позитивни емоции. Чувство на отстранетост од светот.
  • Чувство на напуштање на телото. Набљудување на своето тело однадвор.Понекогаш дури и посматрање на сестрите и докторите кои се обидуваат да те вратат во живот.
  • Чувство на преминување во “оној свет”, опишано како состојба на вшмукување од извонредна темна сфера или тунел.
  • Движење со огромна брзина кон светлина или ненадејно потопување во неа. Комуникација со светлината.
  • Средби со “Претставници на светлината”,“ Души во бело”или други духовни фигури. Исто така не се исклучува и можноста повторна средба со починати блиски лица.
  • Силно чувство на безусловна љубов.
  • Дефиле на сопствениот живот.
  • Прикажувања за сопствениот живот и природата на универзумот.
  • Состојба на двоумење.
  • Приближување до граница.
  • Се смета дека постои врска меѓу народните културни и религиски верувања. Неретко, искуствата на поединците се толкувани според народните верувања кои ги поставуваат границите на кажаното .

Кенет Ринг(Kenneth Ring)(1980),направил подподелба на овие искуства во континиум од пет степени.Тој изјавил дека 60% од испитаниците го искусиле првиот степен(чувство на мир и пријатност) и дека само 10% од нив го достигнале петиот степен( “влегување во светлината”).

Клиничките искуства во овој поглед главно се однесуваат на прекин на доток на крвта до срцето и миокардичен прекин (клиничка смрт),шок од постпартална загуба на крв или од периоперативниот компликации, септички или анафилактичен шок, егзекуција, кома како резултат на сериозни оштетувања на мозокот, интрацеребрална хеморагија или инфаркт, обид за самоубиство, степен на давење или асфиксија, апнеја и тешка депресија. Спротивно на општоприфатеното мислење, Кенет Ринг верува дека самоубиствата исто како и случајните или “ненамерните” искуства блиски со смртта се непријатни доживувања. Некои вознемирувачки факти од ваквите искуства се попрецизно разгледани од страна на Грејсон и Буш. Карлис Осис и неговиот колега Ерлендур Харалдсон (Erlendur Haraldsson). Тие сметаат дека содржината на искуствата блиски со смртта не се разликуваат од култура до култура, освен идентитетот на некои од ликовите и религиските фигури видени за време на ваквите доживувања. Сепак Јоши Хата и неговиот тим пријавија случаи значително различни од опишаните погоре.

Истражувања[уреди]

Неколку академски дисциплини од областа на медицината, психологијата, психијатријата, придонесоа кон истражувањата во областа на искуствата блиски со смртта. Неколку пионери во оваа област како на пр. д-р Елизабет Кублер-Рос (Elisabeth Kübler-Ross), Џорџ Ричи и книгата на Рејмонд Муди "Живот по Животот" од 1975 го разгорија интересот за оваа област и привлекоа огромно внимание. Ова беше проследено со основањето на Меѓународното здружение за искуства блиски со смртта МЗИБС (IANDS), во 1981 год. МЗИБС (IANDS) е меѓународна организација која ги охрабрува научните истражувања и изучувања на материјалната,психолошката, социјалната и духовната природа и последиците од искуствата блиски со смртта. Помеѓу делата од оваа област спаѓаат и “Весникот за искуствата блиски со смртта” (Journal of Near-Death Studies) и тримесечникот “Вајтл Сајнс” ( “Vital Signs”). Подоцнежните истражувачи како Брус Грејсон, Кенет Ринг и Мајкл Сабом помогнаа во промовирањето на ова поле и го претставија неговото учење во академските кругови. Медицинската заедница беше скептична кон ова учење така што заемот кој го издели за овие истражувања беше оскуден. Меѓутоа самите Грејсон и Ринг развија алатки кои ќе можат да се користат во клиниките. Најголем придонес во ова поле имаше “ Индексот на “тежината” на искуството” (Weighted Core Experience Index) на Ринг, кој служи за проценка на степенот на доживувањето и Грејсоновaта “Скала на искуствата блиски со смртта” (Near-Death Experience Scale), која служи за правење разлика помеѓу луѓето за кои е помалку или повеќе веројатно да доживеале некое такво искуство. Според зборовите на нејзиниот создавач оваа скала исто така е клинички корисна во одделувањето на синдромите од органска мозочна природа, од оние необични реакции на стрес. Подоцна се покажа дека оваа “скала” работи истиот принцип како и скалестиот модел на проценка на Рајх. Грејсон го свртел вниманието на искуствата блиски со смртта како една од централните теми на клиничките истражувања , додека Морс и неговите колеги ги истражувале овие искуства во полето на педијатријата. Истражувачите од полето на медицината и психијатријата ги проучуваа невробиолошките фактори кај ваквите искуства. Британскиот психолог Сузан Блекмор(1993) со хипотезата за “умот во фаза на умирање” како и основачкиот издавач на магазинот “Скептик” (Skeptic), Мајкл Шремер(1988) спаѓаат во научниците кои ја истакнуваат природната и невролошката страна на овие искуства.

Ascent of the Blessed

Во септември 2008 беше објавено дека во 25 британски и американски болници ќе се испитува степенот на искуството блиско со смртта кај 1500 пациенти кои преживеале инфаркт. Тригодишното истражување предводено од др. Сем Парниjа од Универзитетот при Саутгемптон, се надева дека ќе утврди дали луѓето чие срце престанало да чука или чиј мозок престанал да работи имаат чувство на одделување од телото со појава на нестварни слики или илузии. Ова истражување произлегува од поодамнешен осумаесетомесечен пилот-проект. На 28 јули,2010 год. Парниа во интервјуто за неговото предавање на Голдсмит, тврди дека “доказите сега налагаат дека менталните и когнитивните процеси може да продолжат одредено време откога ќе настапи смртта” и го опишува самиот процес на смртта како “сеопфатен мозочен удар ” и како и кај секој друг удар не се очекува дека свеста нема веднаш да се изгуби. Тој го истакнува своето несогласување со терминот “искуства блиски со смртта” бидејќи “пациентите на кои се спроведуваат истражувањата не се речиси мртви туку се веќе мртви. Поради самата непрецизност на терминот, подоцна се донесуваат многу непрецизни научни идеи”. “Весникот за искуствата блиски со смртта “(Journal of Near-Death Studies), “ Весникот за нервни и ментални нарушувања”(Journal of Nervous and Mental Disease), “Британскиот весник за психологија” (British Journal of Psychology), “Американскиот весник за детски болести” (American Journal of Disease of Children”, “Реанимирање”(Resuscitation), The Lancet, Death Studies, and the Journal of Advanced Nursing се некои од научните и академските весници кои објавувале или сеуште редовно објавуваат нови истражувања на оваа тема.

Несогласувања во учењата од областа на искуствата блиски со смртта[уреди]

Популарноста на учењата во полето на искуствата блиски со смртта беше непостојана. Според податоците од анкетите на Галуп и Проктор(1980-1981), спроведени врз значителен дел од американската популација, дури 15 % од испитаниците имале искуство блиско до смрт. Во 2001 год. Кноблауч спроведе поселективна студија во Германија и откри дека 4% од испитаниците искусиле вакво доживување.Сепак податоците собрани од овие проучувања може да зависат времето и местото на испитувањето.

Катедрата за физика и астрономија при универзитетот во Охајо во 2005та година, спроведе телефонско истражување врз одреден број испитаници во Австралија како дел од истражувањето на Рој Морган Катибус и дојде до заклучок дека 8.9% од испитаниците го имаат искусено овој феномен. Ван Ломел, кардиолог од Холандија, во 2001 спроведе истражување во клинички услови врз пациенти кои биле дијагностицирани со прекин на работата на срцето и кои подоцна биле реанимирани. Тој открил дека 62 пациенти (18%) доживеале искуство кое се граничи со смрт, а 41 од нив (12%) го опишале истото.

Според Мартенс единствениот успешен метод за пристап на искуствата на блиски со смртта е формирање на меѓународна колекција на податоци од повеќе центри за стандардизирано изветување за пациентите чие срце престанало да пумпа. Овој метод на пристап бил доста познат меѓу истражувањата во Европа.

Биолошки анализи и теории[уреди]

Др. Рик Страсман некаде во периодот на деведесетите години на дваесетиот век изврши испитување на психоделичната дрога Диметилтриптамин во Универзитетот во Ново Мексико. Страсман ја разви теоријата дека причина за појавата на феноменот на искуство блиско до смрт е огромното излевање на диметилтриптамин од епифизната жлезда. Само двајца од неговите испитаници изјавија дека доживеале слушни и визуелни халуцинации како при искуство блиско со смртта,иако многумина рекоа дека чувствувале нешто слично на состојбата при искусување на класично ИБС. Неговото објаснување за ова беше можниот недостаток на паника во болничките услови како и можните разлики во дозирањето при доживувањето на самиот феномен. Сите испитаници подложни на истражувањето беа веќе искусни корисници на диметилтриптамин или на други психотрпни или ентеогени супстанци. Некои познавачи сметаат дека доколку за овој експеримент биле користени испитаници кои немале претходно користено диметилтриптамин, можно е да бил поголем бројот на волонтери кои би почувствувале слични симптоми како при искусување на ИБС.

Др. Карл Џансен, психијатар по потекло од Нов Зеланд се обиде преку лаги да ја увери јавноста дека ги репродуцирал ефектите од ИБС со користење на кетамин. Меѓутоа бидејќи кетаминот е редовно користен во медицината, заклучоците од истражувањата се доста сомнителни.

Невробиолошките модели биле доста критикувани бидејќи не можеле да ги објаснат ИБС, кои резултираат од блиските судири со смртта, каде мозокот всушност не е подлежен на никаква физичка повреда, како при на пр. избегнување на автомобилска несреќа. Ваквите ситуации можат секако да имаат невробиолошки последици предизвикани од стрес.

Познавањата од областа на вегетативниот нервен систем применети во феноменот на ИБС се тема на една нова теорија обработена од Ричард Кинсехер во 2006 год. Неговата теорија тврди дека неминовната смрт е исклучително чуден парадокс за живиот организам- и на тој начин започнува ИБС: индивидуата може да “види” како мозокот прави прелистување низ меморијата по епизоди( дури и на пренаталните искуства) за да пронајде складирано искуство каде би можел да го вметне податокот за настапување на смртта. Сите овие прегледани и вчитани сегменти од податоци се трајно проценети од самиот ум како при барање на излез при можна фатална ситуација. Кинслер има чувство дека ова е причината поради која искуствата блиски со смртта се толку необјасниви. Бидејќи луѓето кои искусиле некое вакво искуство обично го објаснуваат преку спомените за кои одамна се сметало дека се изгубени, оваа теорија нужно зависи од теоријата за меморија во која сите спомени се добро запазени. Ваквото гледиште ќе има сериозни разидувања со денешните научни откритија.

Теоријата исто така истакнува дека чувството на напуштање на телото проследени со ИБС, се обид на мозокот да создаде ментална слика на ситуацијата и на светот што го опкружува. Мозокот тогаш ги пренесува внесените информации од сетилните органи и зачуваното искуство(познавање) во форма на сонување на самиот себе и светот околу тебе.

Без разлика дали овие доживувања се само халуцинации, тие несомнено имаат длабок впечаток врз оној кој ги доживува. Некои научници кои не се склони кон следење на паранормалното како што е Сузан Блекмор, го признаа овој факт. Тие научици не се обидуваат да го разоткријат доживувањето туку бараат биолошки причини за неговото случување.

Според Енгман, доживувањата блсики со смртта на луѓето кои се прогласени за клинички мртви се всучншност психопатолошки симптоми предизвикани од сериозни нарушувања во мозокот кои настануваат како последица на престанокот на доток на крв до мозокот. Од суштинско значење е да се одговори на прашањето дали е можно да се пренесат живите искуства на реанимираните пациенти во психопатолошки основан феномен, како на пр. аcoasms (слуховни халуцинации како на пр. ѕвонење, врискање и сл.) централно стеснување на видното поле (“тунел-визија”), автоскопија, визуелни халуцинации, активирање на екстремитетите и структурите на меморијата според степените утврдени од Муди. Симптомите се главно: првенствено болка во тилните и слепоочните коски како при настапување на клиничка смрт. Овие ставови донекаде се поклопуваат со оние на патоклизата-склоноста на посебни делови од мозокот да бидат први на удар во случај на болест, недостаток на кислород или неухранетост-утврдено пред 8 години од страна на Ц. и О.Вогт. Според овие тези, основниот феномен треба да биде сличен кај сите пациенти што преживеале доживување блиско со смртта. Меѓутоа од суштинска важност е да се направи разлика помеѓу овие основни психопатолошки симптоми од другите ментални искуства кои можат да настанат преку репроцесирање на основните симптоми под влијание на културните и религиските гледишта на поединецот.

Една статија од научникот Пим ван Ломел (Pim van Lommel) и други тврди дека “ Со единствено психолошко објаснување на ова искуство како на пр. целебрална аноксија,сите пациенти би биле третирани единствено така. Според тоа, недостигот од предвидувањето на ваквите доживување би требало да фрли сенка врз целата работа околу истражувањата на искуствата на граница на смртта.

РЕМ состојба[уреди]

Се верува дека стресот предизвикан од ситуација опасна по живот предизвикува состојба на умот слична на онаа кај REM спиењето и дека дел од сето тоа доживување на граница меѓу животот и смртта е слично на онаа состојба додека сонуваме будни. Кај луѓето чиј што мозок се нашол во состојба слична на онаа додека сонуваме будни е поверојатно дека ќе искусат доживување на граница помеѓу животот и смртта. Дополнителното стимулирање на пнеумогастричниот живец за време на физички или психички стрес како производ на ситуација опасна по живот, може да поттикне состојба на умтот слична на онаа во која поединецот се наоѓа додека сонува буден.

Луцидно сонување[уреди]

Некои истражувачи на процесот на сонување, како што се на пр. Тимоти Џ. Грин, Лин Левитан и Стефан ла Берж забележале дека доживувањата за време на искуствата на работ на смртта се многу слични на оние забележани за време на луцидното сонување. Луцидното сонување е она сонување кое се случува кога индивидуата станува свесна и сфаќа дека сонува. Најчесто овие ситуации се толку реални што е тешко да се разликуваат од вистинската реалност дури и кога можеме да почувствуваме опипливи предмети.

Во истражувањето спроведено на четиринаесет луцидни сонувачи во 1991 год., луѓето кои додека се будни предизвикуваат дејствување на луцидното сонување велат дека доживувањата се постојани со сегменти на состојба на одделување од сопственото тело како на пр. лебдење над сопствениот кревет и чувство на напуштање на сопственото тело. Научниците сметаат дека може да се развие лабараториски протокол кој би го ставил луцидното сонување на еднакво рамниште со доживувањата блиски со смртта, поради овој феноменолошки преклоп помеѓу луцидите сонови, доживувања на работ на смртта и состојби нанапуштање на сопственото тело .

Слични доживувања се и гледање однадвор на сопственото тело(одделување од телото), лебдење или летање, зголемена свесност како и чувство на радост и мир. Научиниците сметаат дека ова се случува кога умот е лишен од мнозинството на своите пет сетила. Ова исто така се однесува и на доживувањето што поединецот очекува дека ќе се случи во моментот. Ова може даде објаснување на доживувањата предизвикани од ментална повреда како што е на пр. избегнување на сообраќајна незгода, каде што умот барем делумно се затвора пред сетилата и на оние предизвикани од физичка потреба каде што умот исто така се исклучува од светот. Моментно, не постои никакво физиолошка и психолошка основа да се верува во поврзаноста на луцидното сонување со доживувањата на граница на смртта.

Компјутерска психологија[уреди]

Правењето на модели за искуствата блиски со смртта, со користење на вештачки нервни мрежи покажа дека некои делови од суштинските доживувања од овој тип можат да се постигнат со симулирање на смрт на нервната клетка. За време на ваквите симулации, суштинските карактеристики на ИБС, како што се дефиле на целиот живот, несекојдневни сценарија (на пр. рај или пекол) и состојби на одделување од телото се разгледувани преку произведување на измислени или лажни спомени како што е наведено во Конфабулацијата( нервните мрежи). Клучниот сегмент кој придонесува кон произведување на ваквите состојби на измислување е неуспешноста во разликувањето на мртвите од придушените осцилации на невроните во нервните мрежи. Спомените без разлика дали се директно или индиректно поврзани со одредено искуство можат да бидат расфрлани врз неактивни мозочни клетки. До сега ниту еден комјутер не регистрирал доживување на граница помеѓу животот и смртта. Дополнително, вкупниот број на операции извршени од човечкиот мозок не може да се спореди со оној на комјутерските системи.

Последици[уреди]

Искуствата блиски со смртта може да имаат големи последици врз луѓето кои што ги доживеале, а исто така можат да предизвикаат и низа пост-ефекти. Луѓето кои искусиле некое вакво доживување имаат зголемена активност во левата слепоочна лабула. ИБС се исто така поврзани со промените во личноста и гледиштето на животот. Кенет Ринг откри дека по доживувањето на едно вакво искуство системот на вредности и верувања кај поединците трпи промени. Меѓу тие промени спаѓаат и : поголемо вреднување на животот, повисока самодоверба, поголемо сочувствување со другите, поголема одлучност и саморазбирање, желба за учење, зголемена спиритуалност, зголемена еколошка свест и грижа за планетата, чувство на зголемена интуитивност. Во овие промени исто така спаѓа и зголемената физичка чувствителност, намалена толеранција на светлина, алкохол и дрога, чувство дека нешто во умот е сменето и подготвено да внесе повеќе и чувство дека поединецот сега го користи мозокот во целост, а не само мал дел од него. Меѓутоа последиците од искусување на доживување на прагот на смртта, не се само позитивни. Грејсон наведува ситуации каде промените во ставовите и однесувањето воделе кон психосоциолошки и психоспиритуални тешкотии. Обично тешкотиите се јавуваат при враќање во нормалниот тек на животот по преживување на ИБС.


Гледишта за задгробниот живот[уреди]

Многумина гледаат на ИБС како на претскажувач на доживување од задгробниот живот, тврдејќи дека овие доживувања неможат целосно физиолошки и психолошки да бидат објаснети и дека овој феномен докажува дека човечката свест може да функционира независно од работата на мозокот. Многу ИБС содржат елементи кои според неколку теоретичари можат да бидат објаснети само преку свесност за напуштање на телото. На пр. една од испитаничките на Мајкл Сабом го опишува прецизно хирушкиот инструмент што никогаш претходно го немала видено, како и некој разговор кој бил во тек додека таа била под целосна анестезија. Во друг случај од едно истражување во Холандија, пациентот ја идентификувал сестрата која што му ги извадила вештачките вилици, кога тој бил во несвест поради доживеаниот инфаркт. Ова ја изненадило сестрата бидејќи тој во тоа време бил во длабока кома и подложен на реанимирање на кардио-пулмонарниот систем.

Фотографско прикажување на искуство блиско со смртта

Др. Мајкл Сабом го истакнува и случајот на една жена која била подложна на хирушка интревенција поради анеуризам. Жената велела дека доживеала состојба на одделување од сопственото тело која продолжила за кратко време по престанувањето на активноста на ЕЕГто (Електроенцефалографија). Доколку ова е точно, ќе се разниша верувањето на многумина деа свесноста е целосно сместена во мозокот.

Многу луѓе кои преживеале вакво искуство го сметаат истото за доказ за постоење на задгробен живот. Тука се вклучени и оние со агностички/атеистички сфаќања пред самото доживување. Постојат примери на поранешни атеисти како на пр. свештеникот Ховард Сторм, кој се приближил кон спиритуалните патишта по преживувањето на ИБС. Доживувањето на Сторм може да биде дефинирано како вознемирувачко доживување на работ на смртта.

Исто така, личностите кои не доживеале ваква состојба при моментното престанување на работата на срцето ги губат сите претходни верувања во постоењето на задгробен живот. Двата процеси како и повеќето психолошки трансформации при блиски судири со смртта, се во подем во последниве неколку години.

Треба да се напомене дека неуспешноста при предвидувањето на ИБС фрлаат сомнеж врз објаснувањето дека се работи за единствен механизам. Парадоксалната појава на зголемена, луцидна свест и логички мисловни процеси за време на нарушена целебрална перфузија, покренува доста сложени прашања за нашето моментно сфаќање на свеста и нејзината врска со работата на мозокот. Чистиот ум и сложените перцептивни процеси за време на привидната клиничка смрт го оспорува концептот дека свеста е сместена само во мозокот.

Постои и друг исказ од студентката за медицинска сестра Џенет Аткинсон од Истбурне која има искусено доживување блиско до смрт и вели дека: “Никаде во мојот ум нема ни грам сомнеж дека постои живот после смртта, затоа што јас сум ја видела и “другата страна”. Не верувам во благонаклонетиот Бог. Премногу страдење има поминато пред моите очи за да верувам, но сум многу спиритуална”. Една неодамнешна студија на др. Сем Парнија(и покрај неговото признание дека претходно бил скептичен) покажува дека овие пациенти се “всушност мртви”, без мозочна активност и без какви било чувства или мисли потребни за мозокот да премине во фаза на сонување или да произведе халуцинации. Во овој контекст се исклучува и можноста дека доживувањата на работ на смртта се последица од халуцинации по замрувањето на мозокот заради недостатокот на кислород, бидејќи Парниа будно ја набљудувал концентрацијата на кислород во крвта на пациентот и заклучил дека никој од пациентите што преживеале вакво искуство немал ниско ниво на кислород. Тој исто така ги отфрли тезите дека за ова биле виновни необичните комбинации на лекови бидејќи процесот на реанимирање бил ист кај сите случаеви, без разлика дали тие доживеале вакво искуство. Според Парнија “ Се помирив со тоа дека заколнатите скептици секогаш ќе ја напаѓаат нашата работа. Тоа е патот на напредокот на науката. Единствено е јасно дека нешто неверојатно се случува. Умот- она што си “ти “-вашата “душа” aко милувате така-продолжува понатаму од она место каде што конвенционалната наука вели дека потонува во ништо.

Неколкумина се сложуваат со тоа дека истражувањата за ИБС кои се вршат на слепите лица, може да се протолкуваат како поддршка на тезата дека свесноста ја преживува телесната смрт. Др.Кенет Ринг во својата книга Мајндсајт објаснува дека: состојбите кои се на граница на смртта како и тие на одделување од телото кај слепите кои опфаќаат околку 80% од ова истражување, изјавија дека биле визулено свесни за време на таквата состојба. Меѓутоа скептиците се сомневаат во точноста на нивната визуелна свест како и во општата будност на сетилата кај луѓето кои доживуваат вакво искуство.

Постојат многу религиски и психолошки гледишта на овие доживувања. ИБС се сметаат за доказ за постоење на човечката душа, задгробен живот и рај и пекол- идеи кои се јавуваат во многу религиски традиции. Од друга страна, скептиците сметаат дека причините за овој феномен се чисто невролошки и хемиски. Имагинарното варира од култура во култура.

Професорот по веронаука д-р. Грегориј Шушан, неодамна спроведе истражување за различните сфаќања за задгробниот живот во различни култури.Истражувањето ги проучува гледиштата на задгробниот живот кај пет антички цивилизации (Античко и Средно египетско кралство, Сумерија и старовавилонска Месопотамија, Ведска Индија, пред-будистичка Кина и Средна Америка пред Колумбо), во контекст на историските и современите извештаи за доживувањата на работ на смртта како и шаматските задгробни “патувања”. Се покажа дека и покрај бројните културни разлики деветте најтипични елементи кои се сретнуваат кај ваквите доживувања се повторуваат генерално и кај вкрстените култури. Ова би значело дека авторите на овие древни религиски текстови биле запознаени со ДРЖС или пак искусиле нешто слично( на пр. шаматски тип на искуства). Оваа сличност кај вкрстените култури може да се искористи како поткрепа на религиските како и на психолошките теории бидејќи и двете гледаат на овој феномен како на универзален. Други оспоруваат дека има културни сличности.

Лични искуства[уреди]

“Враќање од Утре”(Return from Tomorrow)од д-р. Џорџ Г. Ричи(George G. Ritchie) и Елизабет Шерил (1978). Д-р. Џорџ Г. Ричи беше претседател на одделот за Општа Пракса при Ричмонд Академијата,претседавач на Одделот за Психијатрија во Тауерс Хоспитал како и основач и претседател на Универзалниот младински корпус. Живеел во Вирџинија. На дваесет годишна возраст, Џорџ Ричи починал во воена болница. Девет минути подоцна се вратил во живот. Тоа што му се случило за време на тие минути било толку силно што го промени неговиот живот засекогаш. Во “ In Return from Tomorrow” , тој раскажува за своите надтелесни средби со други суштества, неговите патувања низ разни временски и просторни димензии и на крај за неговата средба со Светлоста на овој свет, синот Божји Исус Христос. Невообичаеното доживување на Ричи не само што го промени неговиот поглед на вечноста, туку и го водеше и управуваше целиот негов живот и потоа тој го наведе ветувачкиот и неверојатен опис на светот над нас.Приказната на Ричи беше првиот контакт што др. Рајмонд Муди (кој во тоа време бил студент на додипломски студии по филозофија на факултетот во Вирџинија) го имал со ДРЖС. Тоа го поттикнало Муди да истражи уште 150 други вакви случаи кои што ги навел во книгата Life after Life и во другите две кои следеа.

  • "Прегрнат со светлината" (Embraced by the Light) од Бети Иди (Betty Eadie ),(1992). Едно од најдеталните искуства некогаш забележано.
  • “Спасен од светлината” (Saved by the Light) од Денион Бринкли (Dannion Brinkley). Документацијата на Бринкли е една од најцелосните од суштинските доживувања на работ на смртта како и од другите феномени во рамките на ИБС. Бринкли бил клинички мртов 28 минути и однесен во болничката мртовечница.
  • “Пласибо” (Placebo) од Ховар Питман(1980). Детален опис од доживувањето на г-дин Питман.
  • ”Господовата Темина” (”The Darkness of God” од Џон Врен Левис )-1985, Билтен на автстралискиот институт за психолошки истражувања бр.5. Извештај за далекусежните последици од ДРЖС откако бил прогласен за мртов повеќе пати во текот на една ноќ.
  • "Bahá'í" од Реине Пасаров (Reinee Pasarow), ги образложи надолго своите искуства кои беа снимени во два дела, делумно со стенограм, анализирајќи го тоа од религиска гледна точка и како дел од книгата “Истражувањ на животот после смртта”( The Exploration of Life after Death). Беше интервјуирана од др. Кенет Ринг.
  • Анита Морјани, жена припадник на индиски етникум од Хонг Конг, доживеала навистина неверојатно искуство кое е докуметирано од страна на веблокацијата на фондацијата за истражување на доживувањата на раб помеѓу животот и смртта (Near Death Experience Research Foundation (NDERF)) како едно од најисклучителните записи во нивната архива. Таа имала рак во краен стадиум и на 02.02.2006 год, лекарите му соопштиле на нејзиното семејство дека и пресотануваат само уште неколку часа живот. По преживувањето на ИБС, таа оздравела.
  • Голди Хоун (Goldie Hawn), за време на еден нејзин говор во Буел Тиатар во Денвер, Колорадо се присети на на нејзиното искуство на граница на смртта. Кога била помлада, на почетокот на нејзината кариерера заедно со група пријатели доживеала тешка сообраќајна несреќа. Додека била во бесознание, се сеќава дека се гледала себеси и болничарите кои се обидувале да ја вратат во живот. Таа исто така, спомена дека пред да се освести видела силна светлина и и било кажано дека сеуште не е дојден нејзиниот суден час.
  • Кики Картер или Кимберли Вилсон, активист за грижа за животната средина и пејачка текстописец, изјави дека имала ИБС во 1983 год. Ден потоа, нејзината мајка Присила Гринвуд ја охрабрувала да го запише доживувањето. Присила Гринвуд ја објави приказната во септември, 1983год во локално метафизичко списание. 24 часа по доживувањето, Кимберли повторно ја видела визијата од тоа што се случило и тоа било катализаторот на нејзиниот интерес за метафизика и холограми.
  • ” 90 минути во Рајот” (90 Minutes in Heaven) од Дон Пајпер (Don Piper) е извештајот на Пајпер за сопственото доживување на работ помеѓу животот и смртта. Иако еден од болничарите од брзата помош изјавија дека Пајпер загинал на самото место, откако трактор-приколка ја пресекла неговата лента и удрила во неговиот автомобил и свештеникот кој што попатно застанал кога го видел неговото безживотно тело смачкано под церадата во неговиот автомобил, се понудил да помогне и да се помоли за неговата душа. Но, Пајпер не беше свесен за хаосот во кој неговото тело се наоѓало на земјата-тој знаел само дека е опкружен од саканите и пријателите, величенствена светлина, чувство на смиреност и најубавата музика што некогаш ја чул. Тој имал многу долго и болно опоравување и подоцна врз основа на ова искуство формирал свештеништво.