Ирина Привалова
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Медали | ||
|---|---|---|
| Женска атлетика | ||
| Натпреварувач за |
||
| Сребро | 1992 Барселона | штафета 4x100m |
| Бронза | 1992 барселона | 100m |
| Натпреварувач за |
||
| Злато | 2000 Сиднеј | 400m со пречки |
| Бронза | 2000 Сиднеј | штафета 4x400m |
| Светски првенства | ||
| Злато | 1993 Штутгарт | штафета 4x100m |
| Сребро | 1991 Токио | штафета 4x100m |
| Сребро | 1993 Штутгарт | штафета 4x400m |
| Сребро | 1995 Гетеборг | 200m |
| Бронза | 1993 Штутгарт | 200m |
| Бронза | 1995 Гетеборг | 100m |
| Европски првенства | ||
| Злато | 1994 Хелсинки | 100m |
| Злато | 1994 Хелсинки | 200m |
| Злато | 1998 Будимпешта | 200m |
| Сребро | 1994 Хелсинки | штафета 4x100m |
| Сребро | 1998 Будимпешта | 100m |
| Бронза | 1998 Будимпешта | штафета 4x100m |
Ирина Анатолиевна Привалова родена како Ирина Анатолиевна Сергеева (родена на 22 ноември 1968 во Малаховка) (руски: Ирина Анатольевна Привалова, Сергеева) е руска атлетичарка и освојувач на повеќе Олимписки медали.
Кариерата ја започнала како натпреварувачка главно на 100 и на 200m. Во тие дисциплини, Ирина освоила многу медали на големите атлетски натпреварувања. Настапувајќи во овие дисциплини, таа освоила само едно злато и тоа како дел од штафетата на Русија 4х100m на Светското првенство во атлетика - 1993 одржано во Штутгарт. Таа исто така постигнала и забележителни резултати на Европските првенства со освоени 2 злата на 200 и едно на 100m. Во подоцнежниот дел од својата кариера, Ирина се пренасочи главно во трката на 400m со пречки. Во оваа дисциплина, таа на Летните олимписки игри - 2000 одржани во Сиднеј со време од 53,02s го освои своето прво Олимписко злато, а како дел од штафетата на Русија 4х400m го освои својот втор бронзен медал на Олимписките игри.
Покрај своите настапи на отворено, Ирина во својата кариера има постигнато и збележителни резултати во сала, на трките на 60, 200 и 400m. Таа исто така е и светска рекордерка во трката на 60m во сала со време од 6,92s.
