Интралично општење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Интралично општење претставува општење со самиот себеси. Тоа е душевен акт со кој човеко разговара со себеси. Оваа појава изгледа дека не е типична појава на општење, сепак е многу честа и содржи белези одлики на комуникациски процес. Се смета дека интраличното општење е основа за сите други општења меѓу луѓето. Ова општење се однесува на движењето на идеите во душевните процеси на поединецот што се одвиваат без физичко присуство на други лица. Тоа значи дека интраличното општење е ограничено на личноста, која во општењето со својата средина, пред да изнесе некој став, пред да донесе одлука и пред да преземе некоја постапка, во себе ги става во меѓусебно општење своите знаења, вредности, интереси, цели и сите други содржини на својата душевна структура.