Интернет форум
Од Википедија
Интернет форум е сервис за водење разговори, или софтвер за веб-апликации што овозможува вакви услуги. Форумите на веб, кои се појавија околу 1995 година имаат слична улога како бибиесите (ББС) и дискусионите групи кои беа популарни во осумдесеттите и деведесеттите. Форумите со редовни корисници кои дискутираат на најразлични теми често развиваат виртуелни заедници. Инаку phpbb и vbulletin се најпознатите фирми кои што задоволуваат потреби со форуми.
[уреди] Регистрација и анонимност
Во Соединетите Американски Држави и во некои делови од Европа, повеќето интернет форуми бараат регистрација на корисникот за да тој може да објавува содржина. Регистрираните корисници на сајтот се наречени членови и можат да праќаат електронски пораки преку веб апликацијата. Процесот на регистрација подразбира верифицирање на возраста на корисникот, проследена со декларацијата на условите на користење, како и побарување на согласност за искажаните услови.[1] [2] [3] Потоа, ако е се во ред, на кандидатот му е проложен веб формулар за пополнување кој во најмала рака бара впишување на: корисничко име, лозинка (password), Е-пошта и валидација на CAPTCHA код.
Додека едноставното пополнување на регистрациониот веб формулар е обично доволно за да се произведе интернет корисничка сметка (account), етикетата за статус неактивен е обично дадена по дифолт се додека регистрираниот не ја потврди Е-поштата која што навистина му припаѓа. Се до тој момент, регистрираниот може да се логира на својата нова интернет корисничка сметка, но притоа неможе да го користи форумот за комуникација. Македонски форуми: www.forum.me-chitash.com www.forum.kajgana.com http://www.badijala.com http://www.it.com.mk/forum http://www.sp-mk.com http://www.stipka.com.mk http://www.build.com.mk/forum
[уреди] Референци
- ↑ Community forum - FAQ: Registration" Преземено на 2009-03-17]
- ↑ Community forum - FAQ: Registration" Преземено на 2009-03-17]
- ↑ Community forum - FAQ: Registration" Преземено на 2009-03-17]