Семрежен стрип

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Интернет-стрип)
Прејди на: содржини, барај

Семрежен стрип или (наречен и веб-стрип, од анг. webcomic) — стрип кој е достапен на семрежјето, најчесто без да има и печатено издание. Оние стрипови кои имаат печатено издание најчесто одржуваат и архива на семрежјето, од комерцијални или уметнички причини. Благодарение на лесниот пристап до публиката, семрежните стрипови ги има во најразлични форми, од традиционалните новински стрипови во ремени (каиши), преку графички новели, до сосем нови форми во кои е искомбинирани мултимедијални содржини и интерактивност.

Овие стрипови се слични на печатените стрипови во самиздат по тоа што скоро секој може да создаде свој стрип и да го објави на семрежјето. Во моментов постојат околу 70.000 семрежни стрипови[1]. Квалитетот на повеќето од нив е невоедначен и на аматерско ниво, со спорадично ажурирање, но некои од нив имаат постигнато комерцијален успех, широка популарност публиката или углед кај критиката.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „thewebcomiclist.com“. http://www.thewebcomiclist.com. конс. 17 септември 2006.