Интернационален детски музички фестивал „Ѕвездички“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фестивалот "Ѕвездички" е единствен меѓународен детски фестивал во Македонија, организиран е од Естрада Мултимедија Центар. Се одржува секоја година во октомври, во Прилеп.

Prilep
Prilep
Macedonia
Macedonia
Прилеп, Македонија

Фестивалот се стреми да продуцира детски хитови и да направи од децата учесници нови ѕвездички. Основна цел на фестивалот е да создаде цврсти пријателски врски помеѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики помеѓу децата од целиот свет.

Фестивалот е замислен како големо шоу за деца на коешто децата од целиот свет имаат можност да ги испеат своите детски песни и да ги покажат своите можности. Фестивалските денови се вистински празник за децата бидејќи се на овој фестивал е подредено токму за нив.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]