Инстал фест

Од Википедија — слободната енциклопедија

Инстал фест е манифестација поврзана со слободниот софтвер. Обично организирани се од локални Линукс кориснички групи или универзитети, а основна намена е да се соберат луѓе за масовно инсталирање на оперативни системи и софтвер, најчесто Линукс и друг слободен софтвер.

Целиот настан е посветен на развој на самата заедница, како место на кое новите корисници можат да ги донесат своите компјутери, а поискусните корисници им помогаат да инсталираат и конфигурираат оперативен систем по желба.

Инсталфест-овите собираат корисници со различни стручни познавања - од почетници до експерти. Доста фестивали вклучуваат и разни информативни предавања, како и неформално запознавање на членовите преку ручеци, пијалак и сл. Формалноста на целиот настан зависи од самата организација која го спонзорира фестивалот.

Во Македонија Инсталационен фестивал се одржува од 2004 година. Организатор е Слободен софтвер Македонија, некогаш потпомогнат од некои други компјутерски фирми. Заедно со Инсталациониот фестивал се одвива и Burnfest, на кој на корисниците им се нуди можност да добијат копија од некоја позната Линукс дистрибуција.

Првиот инсталационен фестивал се одржа викендот 15-16 Април 2004-та во просториите на Собрание на град Скопје. Исходот беше 11 инсталирани и конфигурирани машини и над 200 снимени дискови.

Вториот инсталационен фестивал се одржа викендот 23-24 Април 2005-та во просториите на Електротехничкиот факултет во Скопје. Исходот беше 10 инсталирани и конфигурирани машини и над 150 снимени дискови.

Третиот инсталационен фестивал се одржа викендод 15-16 Април 2006 година во Народна Техника во Скопје. Покрај инсталација и снимање дискови, имаше и презентации и работилници за повеќе теми:

Сабота, 15 април
  • 15:30 - 18 часот - работилници:
    • Конструирање на динамички web апликации со TurboGears и Python - Дамјан Георгиевски
    • mk.wikipedia - слободна енциклопедија - Милош Столиќ, Слободан Јаќоски
  • 18:30 предавањe/дискусија
Недела, 16 април
  • 15:30 - 18 часот - работилници:
    • Оптимизација и модификација на Линукс кернел - Дамјан Георгиевски
    • Локализација - Арангел Ангов
  • 18:30 предавањe/дискусија

Надворешни Врски[уреди | уреди извор]

Слободен софтвер Македонија
Официјална страница на инсталациониот фестивал