Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Индијана Џонс: Кралството на Кристалниот череп
(Indiana Jones: Kingdom of the Crystal Skull)“
IndianaJones4.jpg
Режирано од Стивен Спилберг
Продуцент Франк Маршал, Денис.Л. Стјуарт Џорџ Лукас, Кетлин Кенеди
Сценарист Приказна:
Џорџ Лукас, Џеф Натансон Сценарио: Дејвид Коеп
Настапуваат Харисон Форд
Кејт Бланшет
Карен Ален
Реј Винстон
Џон Харт
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиера 22 мај 2008
Времетраење 124 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $185,000,000
Бруто заработка $641,877,155
Претходен Индијана Џонс: Последната крстоносна војна

Индијана Џонс: Кралството на Кристалниот череп (англиски: Indiana Jones: Kingdom of the Crystal Skull) е американски авантуристички филм на Стивен Спилберг од 2008 год. Во главната улога се појавува Харисон Форд во улога на археологот и авантуристот Индијана Џонс. Продуцент на филмот беше Џорџ Лукас. Дејството на четвртиот дел по ред филм од триологијата Индијана Џонс е сместено во 1957 год. Сега стариот Индијана Џонс (Харисон Форд) се кара со агентот на Советскиот сојуз кој го предводи Ирина Спалко (Кејт Бланшет) во потрага по кристалниот череп. На Индијана му се приклучува неговата бивша љубовница Мерион Рејвенвуд (Карен Ален), Мет Вилијамс (Шаја Лабаф) и авантуристот Мек (Реј Винстон). Премиерата на филмот во САД како и во Македонија беше на 22 мај 2008 год.

Резиме[уреди]

Приказната започнува во пустината Саутвест во 1957 год, во време на самата Ладна војна. Инди (Индијана Џонс) и неговиот помошник Мак едвај ја избегнале блиската средба со советскиот агент. После тоа, професорот Џонс се враќа дома, на Маршал Колеџот каде работите одат превртено – неговите неодамни активности го направиле посомнителен па владата врши притисок врз Маршал Колеџот да го отпушти. На својот пат од градот Индијана го сретнува младиот бунтовник Мут, кој има интересен предлог за авантурата на археологот. Мут е млад бунтовнк, момче кое немало нормално детство. Го напуштил училиштето и станал опседнат од мотори и машинерија. Ако му помогнел во сопствената мисија, би можел да наиде на едно од најспектакуларните археолошки откритија и во минатото – кристалниот череп Акатора, легендарниот објект на фасцинација, празноверие и страв.

Но, патот спрема најоддалечениот крај Перу – земјата на древните гробови, заборавените истражувачи и златниот град откриваат дека во својата потрага не се сами. Советските агенти исто така се во жешка потрага по кристалниот череп. Главна меѓу нив е ледено ладната, убавата Ирина Спалко (Кејт Бланшет), чија елитна војна го бара кристалниот череп околу светот. Веруваат дека таа може да им помогне на Советите да завладаат со светот доколку успеат да ги откријат нејзините тајни. Инди и Мут можаат да пронајдат начин да ги избегнат Советите, ги следи неразбирлива трага од тајни, се борат со непријателите и пријателите, и пред се, да спречат моќниот кристален череп да падне во најопасните раце.

Глумци Ликови
Харисон Форд Индијана Џонс
Кејт Бланшет Ирина Спалко
Карен Ален Мерион Рејвенвуд
Реј Винстон Џорџ МекХејл
Џон Харт Харолд Оксли
Џим Бродбент Дин Чарлс Стенфорд

Прифаќање од критичарите[уреди]

Како што веќе се зборуваше, најочекуваниот филм на овогодинешниот филмски фестивал во Кан беше тој “Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп”. И ете сега кога остатокот од светот, филмските критики почнаа да оценуваат, Интернет страницата Rotten Tomatoes вели дека 79% се позитивни критики, а интересно е дека публиката му додели нешто помал процент – 66%. Иако многу критичари имаат замерка околу приказната ( за која велат дека е неиновативна ), главниот лик и филмот во целост (San Francisco Chronicle и магазинот Rolling Stone го нарекуваат најлошото продолжение досега ), сите тие на крајот велат дека го одгледале филмот во еден здив и дека им нуди одговорна доза акција, хумор и романса. И тоа е тоа ( со носталгија) она што ги привлекува гледачите на овој филм.