Инголфур Арнарсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Инголфур наредува поставување на столбовите за неговото седиште, уметничка слика од Јохан Петер Раадсиг.

Инголфур Арнарсон или Инголф Арнарсон (Ingólfr Arnarson односно Ingólfur Arnarson на современ исландски) — признаен како прв постојан нордијски населувач на Исланд. Според Ланднаама (Landnáma) прв гипоставил темелите на населбата и го дал името на Рејкјавик во 874 година. Иако скорешните археолошки наоди во Исланд укажуваат дека населбите започнале порано, датата веројатно е мошне блиска на наведената.

Средновековниот хроничар Ари Торгилсон (Ari Thorgilsson) вели дека Инголфур бил првиот нордијски населеник на Исланд но спомнува дека пред неговото доаѓање во земјата биле присутни ирски монаси но го напуштиле островот бидејќи не сакале да живеат помеѓу новопристигнатите пагани.

Ланднаама која е напишана два или три века по населувањето содржи долга приказна за населувањето на Инголф. Книгата тврди дека тој ја напуштил Норвешка по вмешаноста во крвна освета. Слушајќи за новиот остров кој Гардар Сваварсон (Garðarr Svavarsson), Флоки Вилгердарсон (Flóki Vilgerðarson) и други го нашле во Атлантскиот Океан решил и самиот да замине. Со Хјерлејфр Хродмарсон (Hjörleifr Hróðmarsson), отпловиле кон Исланд. Кога на хоризонтот го забележале копното, ги исфрлил во морето дрвените столбови (кои означуваа дека е старешина) ветувајќи дека ќе се населат таму каде што боговите ќе решат да ги исфрлат на брег. Двајца од неговите робови потоа го пребаруваа крајбрежјето пред да ги најдат дрвените столбови во малиот залив кој подоцна стана Рејкјавик.

За Инголфур се вели дека населил голем дел од југозападниот дел на Исланд, но по неговто населување ништо повеќе не се знае. Неговиот син Тхорстејн Инголфсон(Þorsteinn Ingólfsson) беше главен старешина и се вели дека го основал првиот Тинг односно собрание во Исланд. Тоа собрание е претходник на денешното Алтинги (Althingi) - националниот парламент на Исланд.