Имe на Истанбул

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Градот Истанбул во текот на својата историја своето име го менувал на повеќе пати.

Содржина

[уреди] Бизантиум

Бизантиум (старогрчки Βυζάντιον) [1] бил основан во 667 година п.н.е. од страна на мегарските колонисти. Така бил наречен според нивниот владетел Бизас. Од ова име подоцна произлегло и името на Византиската империја. За многу краток период градот го носел и името август Антонија кое било дадено од страна на императорот Септимиј Север во чест на неговиот син Анатониј.

[уреди] Нов Рим

Нов Рим (старогрчки:Δευτέρα Ρώμη) градот своето име го добил по изборот за нова престолнинана Византија од страна на Константин I во околу 330 година. Но ова име не се задржало многу во употреба. Самото име било користено во времето на Големата шизма.

[уреди] Константинопол

Константинопол (старогрчки Κωνσταντινούπολις) ова име го имал околу 16 века или поточно од 330 година се до 1930 година. Името произлегува од императорот Константин I, а во превод значи “градот на Константин“. Во времето на Византија исто така било употребувано и името Византион. Името Константинопол продолжило да се употребува и по падот на Константинопол, со исклучок во времето на Мустафа III (1717 - 1774) кога градот се нарекувал Исламбол, односно Истанбул којшто значи полн со ислам.

[уреди] Цариград

Цариград e традиционалното словенско име на градот и како таково се срекава во сите словенски јазици. Во превод Цариград означува “град на царевите“. Ова име било користено и од страна на подчинетите грци во Османлиската империја како и Стинполи („шетање во град“). Многу популарно име бил и Станбол во времето на Османлиската империја.

[уреди] Истанбул

Истанбул е име кое градот го добил по 28 март 1930 година и превртот во Турција. Самиот збор Истанбул означува „кон градот“.

[уреди] Извори

  1. Georgacas, Demetrius John (1947). "The Names of Constantinople". Transactions and Proceedings of the American Philological Association (The Johns Hopkins University Press) 78: 347–67
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици