Импулсивна фотографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Импулсивните фотографии прикажуваат незаборавни моменти во несовршени слики. Овде, одразот во стаклото го “издава” фотографот и го открива неговиот семеен однос со субјектот .

Импулсивната фотографија се однесува на фотографија која е снимена спонтано и брзо, најчесто без никаква уметничка или новинарска намера. Овие фотографии општо се сметаат за технички „несовршени“ или аматерски – надвор од фокусот или слабо врамени или компонирани. Поимот доаѓа од инстинктивното ловење. Вообичајните елементи вклучуваат настани од секојдневниот живот, како што се роденденски забави и други прослави; зајдисонца; детска игра; групни фотографии; миленичиња; туристички атракции и слично.

Инстинктивниот концепт наголемо беше претставен на јавноста од страна на Кодак , кој ја претстави Brownie камерата во форма на кутија во 1900. Кодак ги охрабри семејствата да ја користат Brownie камерата за да овековечат моменти и да фотографираат слики без да се грижат за создавањето на совршени фотографии. Рекламите на Кодак ги повикуваа потрошувачите да „ги слават моментите во животот“ и да пронајдат „Кодак момент“.

Традицијата на „интинктивната камера“ продолжи со дигитално компактни камери и телефони со камера со целосно автоматизиран блиц, чувствителност на светлина ISO, фокус, брзина на сликање, и други функции, правејќи го многу едноставно фотографирањето на слики со добар квалител. Ваквите камери типично се програмирани да постигнат голема длабочина на полето и голема брзина на сликање на сликата која е во фокусот. За професионалните фотографи, кои се поспособни да ја контролираат фокусната точка, употребата на мала длабочина на полето најчесто постигнува подобри фотографии со заматување на позадината со што предметот се издвојува. Други фотографи ги сметаат овие камери за најчиста форма на фотографски инструмент која овозможува создавање на слики вградувајќи карактеристики што ја издвојуваат фотографијата од другите визуелни медиуми – нивната присутност, моменталност, разновидност и веродостојност.[1]

Наводи[уреди]

  1. The Snapshot Aesthetic Музеј на современа уметност, Лос Анџелес