Импресија, изгрејсонце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Импресија, изгрејсонце

Импресија, изгрејсонце (француски: Impression, soleil levant) е слика од уметникот Клод Моне, по која е наречено и самото движење „импресионизам“.

Сликата е потпишана со година 1872, но веројатно е насликана во 1873. На неа е прикажано пристаништето во Хавр, Франција, по пат на мошне лабави потези кои го наведуваат наместо да го отцртуваат делото. Моне подоцна го објаснил насловот: „Ми беше побарано да ставам наслов за во каталогот; Неможев баш да го наречам ова погед на Хавр. Затоа реков: 'Стави Импресија.'“ [се бара извор]

Се изложувала до 1874 за време на првата независна изложба на импресионистите (кои тогаш не се нарекувале така). Критичарот Луј Лерој, под впечаток на името на сликата, напишал статија во весникот Ле Шаривари со наслов „Изложбата на импресионистите“, и така ненамерно мѕ дал име на ова уметничко движење. Лерој таму напишал:

Импресија — Сигурен бев. Баш си велев дека, штом бев импресиониран, делото мора да содржи некаква импресија … и каква слобода, каква леснотија на изработка! Тапет во ембрионска фаза е попотполн отколку овој морски пејзаж.

Сликата била украдена од музејот Мармотен-Моне во 1985 и повратена назад во 1990. Од 1991, па наваму таа е пак изложена.

Дигитално одзаситена верзија на сликата--Сонцето и неговиот одблесок во водата тука се практично невидливи

Моне го насликал соннцето со речиси идентична доза на блесок како и небото, околност која укажува на висока влажност како и атмосферско бледнеење на светлината. Овој детал се заснова на употребата на комплементарни бои и разна температура на боја, а не на промената на интензитетот на боите или контраст на вредности, за истакнување и разликување на сонцето од неговото окружување.