Ил Бил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ill Bill
Биографски податоци
Родено име William Braunstein
Роден(а) 14 July 1972
Потекло Brooklyn, New York, U.S.
Жанрови Hip hop
Занимања Rapper
Producer
Label CEO
Период на активност 1991–present
Издавачи Uncle Howie
Psycho+Logical
Соработници Non Phixion
La Coka Nostra
Circle of Tyrants
Secret Society
Injustice
Necro
DJ Muggs
Jedi Mind Tricks
Мреж. место www.illbill.com
www.unclehowie.com

Вилијам Браунштајн (роден на 14 јули 1972 год.) повеќе познат како Ил Бил е Американски рапер и продуцент од Бруклин,Њујорк. Стекнувајќи се со озлогласеност со андерграунд хип хоп групата Нон Фикшн, Ил Бил е познат по неговите стихови со политичка тематика и како продуцент, основач и ЦЕО на Анкл Хови Рекордс. Неговиот брат Рон е исто така рапер и продуцент, познат како Некро.


Биографија[уреди]

Ил Бил беше главниот вокал во сега веќе распаднатата група Нон Фикшн, и моментално е вклучен во Ла Кока Ностра, заедно со Еверласт, Слеин,Дени Бој и Диџеј Литал од Хаус оф Пеин и Лимп Бицкит. Во 2004 год. тој го објави својот деби соло албум Што Не е во Ред со Бил ? и оттогаш има издадено разни соло микстејпови и соработки во исчекување на неговиот втора плоча и претстојниот албум на Ла Кока Ностра. Ил Бил е Болен.

На 16ти септември, 2008 год., го објави својот втор албум за Анкл Хови Рекордс, насловен како Часот за Одмазда. На албумот има гостувања одНекро, Тек Најн, Би-Риал од Сајпрес Хил, Еверласт, Бед Бреинс, Макс Кавалера од Соулфлај, Вини Паз од Џедај Мајнд Трикс, Хоард Џонс од Килсвич Ингејџ, Имортал Техник и Раеквон од Ву-Танг Клан. Продукцијата е на Диџеј Магс, Ти-Реј,Диџеј Литал, Некро, Диџеј Премиер како и самиот Ил Бил.

Закажано е и објавувањето на заеднички албуми со Вини Паз и Шон Прајс. Исто така, можеби и концептуален микстејп заедно со Раеквон. Ил Бил требаше да објави заеднички албум со раперот Крукт Ај и продуцентскиот тим Блу Скај Блек Дет, но проектот беше откажан.

За време на пролетта, 2008 год., Ил Бил им се придружи на Тек Најн и Пол Вол на турнеја на национално ниво. “Часот за Одмазда” беше објавен на 16ти септември, 2008 год. од Анкл Хови Рекордс и Фет Биц.

На 31ви октомври, 2010 год. во интервју за Конспираси Ворлдвајд Рејдио, Ил Бил зборуваше за својот однос со брат му Некро, и опсегот на албумот кои се очекуваат за 2011 год., вклучувајќи ги Ла Кока Ностра, албумот Пилула со Шон Прајс и неговиот Хеви Метал Кингс албум со Вини Паз кој треба да излезе на 5ти април, 2011 год.

Што Не е во Ред со Бил ?[уреди]

Што Не е во Ред со Бил ? е прв студиски албум на Ил Бил, објавен на 4ти мај, 2004 год. од Псајхо+Лоџикал-Рекордс. Албумот исфрли само еден сингл, “Анатомијата на Училишно Пукање”, и видео запис за “Бркајќи го Змејот”. Овој албум не беше никогаш на листите.

Албумот содржи 14 студиски песни, еден скит и еден ремикс. Гостите на албумот ги вклучуваат колегите членови на Нон Фикшн, Гортекс и Шабак Ред, братот на Ил Бил Некро, Анкл Хови, Кју-Јуник и Мистер Хајд.

Дискографија[уреди]

Главна статија: Дискографија на Ил Бил

• 2004: Што Не е во Ред со Бил ? • 2008: Часот за Одмазда • 2010: Убиј ги Ѓаволските Ридови (со Диџеј Магс) • 2011: Хеви Метал Кингс (со Вини Паз) • Се очекува: Пилулата (со Шон Прајс)