Илулисат

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Илулисат е гратче во општината Касуитсуп во западен Гренланд, сместен приближно 200 километри северно од поларниот круг. Со население од 4.550 жители тој е трет град по големина на Островот, по Нук и Сисимиут. Името на градот "Илулисат" на гренландски значи "санта мраз". Фјордот кој се наоѓа овде му дава посебна убавина и привлечност на градот, а со тоа придонесува главна индустриска гранка да биде туризмот.