Илич Рамирез Санчез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Илич Рамирез Санчез
Ilich Ramirez Sanchez1.jpg
Самопрогласен професинален револуционер
Роден 12 октомври 1949
Каракас, Венецуела
Познат Долги години бил најбараниот меѓународен бегалец, напад на ОПЕК во 1975
Занимање Терорист
Сопружник Карлос од 2004 година е верен со својата адвокатка Изабела Котант-Пејр.

Илич Рамирез Санчез (шпански: Ilich Ramírez Sánchez) или Карлос Шакалот (англиски: Carlos the Jackal) е поранешен терорист, милитант, платеник, „професионален револуционер“ и плејбој кој во моментов се наоѓа на издржување на доживотна затворска казна во Франција [1].

Првите чекори[уреди]

Карлос е легенда и мистерија, го опишуваат како човек со силна волја кој живеел динамичен живот. Такото на Шакалот Алаграсија Рамире Навас успешен адвокат и екстремен марксист, своите три сина ги крстил Владимир, Илич и Ленин според водачот на Руската револуција.

Не се обидуваав да ги насочуваам своите деца, но јас сум марксист-ленинист и тие постојано го слушаа тоа во нашит дом... Карлос на 11 години го читеше Лав Троцки... Сметам дека така ги добиле своите идеи и револуционерен темперамент. Никогаш не помислив дека некој од нив може да стане толку важен герилец...[2]

На 15-годишна возраст во 1959 година се приклучил на подмладокот на националната комунистичка партија, има претпоставка дека подоцна заминува на Куба, каде учествува во револуцијата на Фидел Кастро. После разводот на неговите родители, во 1966 година, мајка му него и неговиот брат ги однесла во Лондон каде го продолжиле школувањето во Стафорд Хаус колеџот во Кенсингтон. Во 1968 година, татко му се обидел да го запише на Сорбона, но на крајот сепак го запишал на универзитетот Патрис Лумумба (тогашен светски центар за обука на револуционери) во Москва. Рамирез е исфрлен од универзитетот во 1970 година.

Контакти со арапското национално движење[уреди]

Не се знае точно кога Карлос стапил во конатак со арапските милитанти. Според неговиот татко тоа се случило кога Шакалот имал 16 години и тоа се случило во Лондон кон крајот на 60 години на 20 век.

Најверојатно таму стапил во контакт со арапски милитанти или елементи поврзани со борба на Палестина и така почна се...

Од друга страна се претпоставува дека Карлос бил регрутиран од страна на КГБ додека бил студент во Москва и оттаму стапил во контакт со Народниот фронт за ослободување на Палестина на Жорж Хабаш. Потоа од универзитетот заминал во кампот за обука на палестинските герилците во Аман, Јордан. Стапил во организацијата Црн септември. Таму го добил прекарот Карлос и се борел заедно со палестинските герилци против јорданската војска. После Јордан се вратил во Лондон, каде завршил курс во Лондонската школа за економија и потоа го презел Народниот фронт за ослободување на Палестина во свои раце, а подоцна формира и своја терористичка група Воружена арапска борба. Во периодот од 1972-1975 година Карлос извел неколку терористички напади и убиства.

  • 15 септември 1974 година Булевар Сен Жемен, Париз - двајца мртви, 34 ранети
  • септември 1974 година неуспешен обид за атентат врз францускиот претседател Валери Жискар Дестен (непотврдено)
  • 27 јуни 1975 Париз, тројца мртви

Напад врз конференцијата на ОПЕК[уреди]

На 21 декември 1975 година во Виена е нападната конференцијата на ОПЕК. Нападот бил предводен од Вади Хади (Абу Хани), шеф на специјалната команда на ПЛО, во нападот учествувале Ханс - Јоаким Клajн, Рудолф. С, Габриел Тидмна (Нада) и секако Карлос [3]. При нападот биле убиени тројца лица и 70 лица биле земени во заложништво, вклучително и 11 министри на членките на ОПЕК. За време на заложничката драма светот првпат го видел лицето на Карлос кога тој се ракувал цо австрискот министер за внатрешни работи. Сета акција била голем успех успеале да го свртат вниманието кон Палестина, а притоа како откуп биле земени 50 милијони долари [3]. Германските иследници кој го испитувале многу години подоцна Ханс - Јоаким Клajн, сметале дека зад сета акција стоел либискиот претседател Моамер Гадафи, но таквите сомневања не се потврдени [3].

Врски со разузнавачките служби[уреди]

Кон крајот на 70-години и почетокот на 80-години Карлос стапува во контакт со некои од разузнавачките служби на источно-европските комунистички земји. Притоа во извешатите се истакнува дека Карлос со експлозив бил снабдуван од страна на источно-германската служба ШТАЗИ, а дека во тој период главен спонзор му била Романија по чие барање во 1981 година го нападнал Радио Слободна Европа [1]. Карлос притоа честопати престојувал во Чешка, Бугарија и Југославија каде и бил уапсен, но по интервенцијата на УДБА бил ослободен.[1] Во овој период Карлос по нарачака на неколку служби извел повеќе акции.

  • 22 април 1982 година Париз, еден мртов 63 ранети
  • 27 април 1982 година Тулон, експлозија во воз, пет мртви и 51 ранет
  • 25 август 1984 година Западен Берлин, еден мртов и 23 ранети

Акциите на Карлос од втората половина на 80 години на 20 век не се познати, има претпоставка дека тој ја презел организацијата Јапонска црвена армија во свој раце, потоа бил во закрилa на Сирија, Ирак и Либија. По што во почетокот на 90 години се нашол во Судан [1].

За време на Студената војна, западните извори нагаѓале дека Карлос бил агент на КГБ, но неговите врски со советската разузнувачка служба биле безначајни. Денес се знае дека Карлос не учествувал во Минхенскиот масакр (нападот на израелските спортисти во текот на Олимписките игри во Минхен, во 1972 година), како ни во киднапирањето на летот на француската авио-компанија Ер Франс, бр. 193, во 1976 година. Некои од терористичките напади му се припишани затоа што никој не ја презел одговорноста за нив. Дополнителна забуна правеле неговите фалби за учествување во непостоечки терористички акции, или во акции кои ги извела некоја друга терористичка организација.

Апсење[уреди]

Со крајот на Студената војна Карлос останал без поддршката на своите поранешни домаќини и во 1991 година со својата жена се населил во Судан. Меѓутоа според зборовите на шефот на француското разознување Пјер Марион тоа не го спречило Карлос да ги стиши своите екцеси. Потерата на половина свет по Карлос траела 20 години, а е уапсен на начин, кој веројатно бил и единствен начин да се скроти терористот и убиецот на столетието[4]. За време на една хируршка операција додека Карлос бил под анестезија, суданските власти го уапсиле[4]. Потоа бил предаден во август 1994 година на француските власти кои го ставиле во вреќа и го пренеле во една француска воздухопловна база во близината на Париз. Пред транспортот, на Карлос му била дадена приспивана инекција и во бессознание бил пренесен од Судан во Франција[4].

Судскиот процес во Париз[уреди]

Обвинението[уреди]

Карлос бил обвинет дека на 27 јуни 1975 година како 26 годишен студент ги убил двајцата полициските агенти Жан Донатини и Рејмон Ду, као и нивниот информатор Либанецот Мишел Мухарбал во својот апартман кој се наоѓал во латинскиот кварт во близината на Сорбона, по што избегал низ француските покриви. Адвокатите на семејставта на жртвите изразиле увереност дека Карлос веќе никогаш нема да избега. Еден од адвокатите притоа истакнал:

За сите терористи на светот ова судење покажува дека по 10, 20 или 30 години еден ден ќе бидат осудени и казнети.[4]

Судењето всушност било повторување на судскиот процес кога Карлос во отсуство бил осуден на доживотен затвор, меѓутоа според француското законодавство таквото судење морало повторно да биде отворено и обвинението да се разгледа одново. За време на судењето Карлос истакнал дека неговото занимање е :

професионален револуционер[4]

Тој ги отфрлил обвиненијата за убиство кажувајќи притоа дека :

светот е мој посед... го одрекувам правото на француската правда кое неодамна е востановено за да ме обвинат... Не смеам да бидам обвинет поради начинот на кој бев уапсен.[4]

Во текот на процес Карлос повторно се опишал себеси, како професионален револуционер кои во духот на старата традиција на Ленин се бори за хуманоста, за луѓето во Палестина и Франција, и е против како што ги нарекол:

американскиот империализам и ционистичката држава[4]

Во текот на судењето Карлос признал дека убил 83 лица меѓута за своите спектакуларни терористички напади не открил ништо [4].

Пресуда[уреди]

Карлос бил прогласен за виновен за убиство со отежнувачки околности и осуден на доживотен затвор [5] . Во своето излагање пред изрекувањето на пресудата Карлос избегнал да спомене дали е виновен за убиставата и притоа истакнал:

Ниту го потврдувам, ниту демантирам тоа што е кажано. Јас не сум информатор.[5]

Во натамошното излагање тој го обвинил Израел како:

терористичка држава број еден во историјата... Кога 30 години се води војна, се пролева многу крв, моја или туѓа. Мора да се каже дека ние никогаш не убивавме за пари туку за нашата кауза - ослободување на Палестина... фалејќи се дека неговите акции донеле стотици милиони долари на палестинскиот народ и притоа осудувајќи го светскиот ционизам како непријател што ќе доведе до мекдонализација на човештвото [5]

По судењето таткото на Карлос за новинарите истакнал дека:

И сега сум горд на него како што секогаш бев. Тој и посвети 20 години од својата младост на палестинската кауза, но за мене тој не е терорист, туку револуционер [2]

Притоа гордо на новинарите ја прикажал фотографијат на Карлос снимена во затворот во Париз, а на маргината било запишано:

На стараиот, во духовно единство, Илич.[2]

Револуционерен ислам[уреди]

Во јуни 2003 година, Карлос ја објавил својата збирка текстови напишани во затворот. Книгата со наслов Револуционерен Ислам ја објаснува и ја оправдува примената на насилство при класните судири. Во книгата Карлос му искажува поддршка на Осама бин Ладен и неговите напади на САД.

Карлос Шакалот во културата[уреди]

Еден од најпознатите светски автори на политички трилери Роберт Ладлам ја зеде неговата личност како шлагворт за неколку најуспешни дела и вака го опишува:

Веќе една деценија името Карлос се шепоти во тивките улици на предградијата на Париз, Техеран, Бејрут, Лондон, Каиро и Амстердам. За него се вели дека е врвен терорист посветен на атентати, и иако е прогласен за марксист, сепак, е лишен од каква и било политичка идеологија. Врз основа на приказните за неговите потфати се создава слика за еден свет исполнет со насилство и заговори, со силни експолозиви и уште побрзи жени... за него садоромантичниот мит се претвори во брилјантно, со крв натопено, чудовиште кое организира убиства со стручност на еден аналитичар на пазарот, кој е темелно упатен во платите, трошоците, распределбата и поделбата на трудот во подземјето.[1]

Неколку книги, филмови и ТВ серии се посветени или инспирирани од животот на овој терорист. Меѓу најзначјните се:

  • Трилогијата Борнов идентитет на Роберт Ладлам, каде Карлос е претставен како најопасен платен убиец во светот, човек со меѓународни контакти што му овозможуваат ефикасно и анонимно да нападне било каде на земјината топка.
  • Филмот „Шакал“ од 1997 година, во кој настапуваат Брус Вилис, Ричард Гир и Сидни Поитер. Вилис го игра ликот кој е именуван како „Шакал“, а името Рамирез Санчез е споменато неколкупати. Овој филм е римејк на филмот „Денот на Шакалот“ од 1973 година, со Едвард Фокс во главната улога.
  • Документарниот филм од 2007 година, „Адвокатот на теророт“ има цело поглавје посветено на Карлос.
  • Во една епизода од серијата „Професионалци“, главниот атентатор е наречен Рамос, носи црни очила, медаљон и зборува за себе во трето лице, што потсетува Карлос Шакалот.

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Маја Мишкоска, „Карлос-Човекот без лице“, Пулс, 1998.
  2. 2,0 2,1 2,2 Алгарасија Рамирез, Таткото на најбараниот терорист, Дневник, 1998.
  3. 3,0 3,1 3,2 Суеддеутсцхе, ЗЕИТУНГ
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Ултратероризам, Тоа сум јас, Карлос!, Денес, 1998.
  5. 5,0 5,1 5,2 Париз, Карлос Шакалот доби доживотен затвор, Дневник, 1998.