Илинденски истории XII

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илинденски истории XII е книга од македонскиот писател Илија Сланштанец. Книгата е објавена во Скопје, во август 1967 година, како 12. продолжение на серијата книги под наслов „Илинденски истории“, а издавач бил самиот автор. Таа има 80 страници и содржи еден подолг прозен текст, под наслов „Расцеп“, во кој се раскажува за борбата на македонскиот народ за ослободување од турското ропство, при што, дејството се случува во 1907 година. Книгата била испечатена во тираж од 2 500 примероци, во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје. Јазичен коректор била Грозда Данова, која го напишала и предговорот. Корицата ја направил Богоја Поповски, а технички коректор бил авторот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Илија Сланштанец, Илинденски истории XII, Скопје, 1967.