Измислена земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на земјата на Оз, измислената земја во книгата Чудесниот волшебник од Оз
Карта на земјата на Оз, измислената земја во книгата Чудесниот волшебник од Оз

Измислена земја е земја која што е измислена за белетристички приказни и не пости во стварноста. Измислени земји најчесто се појавуваат како сценарио во Филмови, литература или во видеоигри. Исто така тие можат да се употребат за технички причини во стварноста за употреба во развивање на спецификации, на пример измислената земја Книгодонија (Bookland), која што се употребува за да се одобри од ЕБА "држава" употребата на кодовите 978 и 979 како ISBN броеви кои се даваат на книги и кодот 977 како ISSN број на списанија. Исто така, ISO 3166-кодот на државата “ZZ” е резервирана како код на измислена земја, со што ниеден домен на интернет нема да има наставка “.zz”. Измислени земји се појавуваат во приказни од рана научна фантастика (или во научна романса). Вакви држави се наоѓаат во пределот на Земјата, но не можат да се најдат во атлас. Слични понови приказни често се сместени на измислени планети. Главниот лик на Џонатан Свифт, Лемуел Гуливер, посетил различни чудни места. Едгар Рајс Бурогс ги поставил доживувањата на Тарзан во подрачја во Африка коишто, во тоа време, останале воглавно непознати на Западот и Истокот. Изолирани острови со чудни суштества и/или обичаи биле многу популарни во времето кога овие автори твореле. До XIX век, кога истразувачи од Западот веќе го имале истражено поголемиот дел од Земјата, оваа можност била изгубена за западната култура. Така, измислените утописки и дистописки општеста се стационирале на други планети или во вселената, без разлика дали се работело за човечки колонии или вонземјани кои потекнуваат од друго место. Измислени земји исто така може да се употребуваат во приказни кои се случуваат во далечна иднина, со различни политички граници отколку денес. Стриповите со суперхерои и тајни агенти, како и некои трилери исто така употребуваат измислени земји на Земјата како основа. Повеќето од овие држави постојат само за една приказна, епизода од ТВ-серија или издание од стрип. Има значајни исклучоци, како на пример Latveria на Marvel Comics или пак Qurac и Bialya на DC Comics.

Намена[уреди | уреди извор]

Измислените земји често намерно наликуваат или претставуваат некоја вистинска земја или прикажуваат утопија или дистопија само за коментар. Измени на името на постоечка земја понекогаш јасно покажуваат за која земја станува збор. Со употреба на измислени земји наместо вистински, авторите имаат поголема слобода во создавање на ликови, настани и сценарија, а во исто време прикажуваат нејасно познато место коешто читателите можат да ја препознаат. Измислена земја му олеснува на авторот од ограничувањата на историјата, политиката и културата на вистинските народи и на тој начин дава повеќе простор за составување на заплетот. Измислените земји, исто така, се измислени за цел на сценарија за воена обука,[1] на пр. група на острови околу Хаваи биле именувани како “Сини” и "Портокалови” за време на меѓународната поморска вежба, RIMPAC 98.[2][3]

Регионални стереотипи[уреди | уреди извор]

Авторите можат да создаваат архетипска измислена земја од “Источна Европа”,”Близок Исток”, “Азија”, ”Африка” или ”Латинска Америка”, за целта на нивната приказна. Ваквите држави често отелотворуваат стереотипи за нивните региони. На пример, творци на измислена земја од Источна Европа би ја опишале како поранешна или моментална советска придружна земја или со независна приказна за кралска фамилија; а ако е пред XX век, би била слична со Руританија или вампири и други натприродни појави. Измислена земја од Среден Исток се наоѓаат на Арапскиот полуосторв, има значајно богатство на нафта и проблеми со радикален Ислам и ќе има султан или ментално нездрав диктатор како владетел. Измислена земја од Латинска Америка најчесто би личела на земјите на Средна Америка, нападната од постојани револуции, воени диктатури и државен удар. Измислена земја од Африка ќе страда од сиромаштија, граѓанска војна и болести. Современите автори обично не се обидуваат да ги пренесат овие приказни како факти. Меѓутоа, во раниот XVIII век Џорџ Псалманазар се претставил како принц од островот Формоса (денеска Тајван) и напишал измислен приказ за тоа за да ги убеди неговите спонзори. Некои лажни претприемачи коишто краделе исто така измислиле измислени земји со цел да измамуваат луѓе. Во 1820, Џорџ Мекгрегор продал земја во измислената земја од Појајис. Во сегашни времиња, познати се областа Мелчизедек и Кралството ЕненКио. Многу разни измислени измами можат да бидат под покровителство на измислена земја, вклучувајќи и продажба на пасоши и документи. Правење на измислени банки и претпријатија со лажна дозвола од целосно управнко банкарство.

Измислени земји во истражување[уреди | уреди извор]

Измислените земји биле создадени и за цел на анкетирање. Кога во Британија е направена анкета во април 2004, 10% во британците верувале дека измислената земја Луванија наскоро ќе влезе во Европската Унија.[4] Исто така, две третини од населението во Унгарија, анкетирани во март 2007 инсистираа за да не се одобри засолниште за имигранти од измислената земја Пиреса.[5] Во Општата социјална анкета од 1989 година, испитаниците од САД биле прашани да ја рангираат социјалната положба на народот од “Висијан”, измислено национално наследство. Додека мнозинството од испитаниците одговориле дека не можат да го споредат народот од Визијан со социјалната положба на САД, останатите ја рангирале нивната положба само малку погоре од мексиканците.[6] „Еднаш штом ги пуштите висјанците внатре, цело маало оди на трева“, пишувало списанието Тајмс.[7]

Книги[уреди | уреди извор]

  • Alberto Manguel & Gianni Guadalupi: The Dictionary of Imaginary Places, ISBN 0-15-626054-9
  • Brian Stableford: The Dictionary of Science Fiction Places

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ^ "Navy News - News Desk - News - HMS Edinburgh works out in the Pacific". www.navynews.co.uk. Посетено на 2008-12-14.
  2. ^ "RIMPAC simulates conflict between divided countries - Asian Political News". findarticles.com. Посетено на 2008-12-14.
  3. ^ "Rim of the Pacific Exercise (RIMPAC)". www.globalsecurity.org. Посетено на 2008-12-14.
  4. ^ Haines, Lester (2004-04-29). "Brits welcome Luvania to EU". The Register.
  5. ^ Haines, Lester (2007-03-21). "Hungarians demand ejection of Piresan immigrants". The Register.
  6. ^ "Bias Thrives In a Vacuum". New York Times. 8 јануари, 1992.
  7. ^ "American Notes: Ethnicity". Time. 20 јануари 1992.