Изи Стивенс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Изи Стивенс
Лик од Вовед во анатомија
Izzie Stevens.jpg
Кетрин Хајгл како Изи Стивенс
Прво појавување „Ноќ по тешкиот ден“, 1x01, 27 март, 2005
Создаден од Шонда Рајмс
Толкуван од Кетрин Хајгл
Информации
Прекар(и) Д-р Модел
Бетани Виспер
Занимање Хируршки специјализант во Сиетл Грејс
Титула Доктор по медицина
Сопружник Алекс Карев
Врски и односи
Романси Хенк
Дени Дукет
Џорџ О‘Мали
Родители Роби Стивенс (мајка)
Деца Хана Клејн

Изабел „Изи“ Кетрин Стивенс (англиски: Isobel „Izzie“ Katherine Stevens) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот го толкува актерката Кетрин Хајгл, а е создаден од создавачот на серијата Шонда Рајмс. Изи работи во измислената болнива Сиетл Грејс како хируршки стажист и подоцна специјализант, со сижејни линии кои се фокусираат на нејзините врски и односи со нејзините соработници Мередит Греј (Елен Помпео), Кристина Јанг (Сандра О), Џорџ О‘Мали (Т.Р. Најт) и Алекс Карев (Џастин Чејмберс). Таа почнува да се сомнева во нејзината медицинска кариера по смртта на нејзиниот свршеник Дени Дукет (Џефри Дин Морган), но се враќа во хируршката програма откако го донира своето наследство вредно 8.7 милиони долари за да отвори бесплатна клиника споена со болницата. Хајгл беше критична околу развојот на својот лик за време на четвртата сезона, особено за романсата со Џорџ. Таа одби да биде номинирана за Еми наградите од 2008, цитирајќи дека имала недоволен материјал за улогата. По медиумски шпекулации дека Изи ќе биде убиена во петтата сезона, ликот беше дијагностициран со метастазичен меланом (IV стаза). Таа се венча со Алекс во стотата епизода од серијата, иако Хајгл открива дека не знае дали Изи ќе ја преживее болеста.

Историја на ликот[уреди]

Изи се појавува од првата епизода на Вовед во анатомија, запознавајќи ги соработниците стажисти Мередит Греј, Кристина Јанг, Џорџ О‘Мали и Алекс Карев. Таа и Џорџ се вселуваат кај Мередит и стануваат најдобри пријатели. Момчето на Изи, хокеј играч Хенк (Џонатан Скарф), се обидува да ја прифати нејзината нова улога на доктор, во што не успева и веднаш раскинуваат. Изи е повредена кога Алекс го разоткрива нејзиното минато како модел за списанија, но подоцна започнуваат пријателство и романса. Алекс искушува сексуално нарушена функција со Изи и ја изневерува со медицинската сестра Оливија Харпер. Кога Изи дознава, веднаш му раскинува, но набргу се смируваат за време на инцидент со бомба во болницата. Изи се вљубува во кардиоторакалниот пациент Дени Дукет и набргу се свршува со него. Кога состојбата на Дени се влошува, Изи намерно ја влошува неговата состојба со сечење на неговата LVAD жица, за да го доведе на врвот на листата на донатори. Иако Дени успешно добива ново срце, неколку часа подоцна добива внатрешно крварење и умира. Изи станува единствениот наследник на тестаментот на Дени, наследувајќи 8.7 милиони долари. Таа ги користи парите да отвори бесплатна клиника во болницата - Клиника во спомен на Дени Дукет.

Уште од самиот почеток Изи не ја прифаќа врската и подоцна бракот на Џорџ со ортопедскиот специјализант Кели Торес. Таа и Џорџ спијат заедно и се обидуваат да ја држат својата врска во тајност. Џорџ е единствениот кој знае дека Изи ја дала својата ќерка на посвојување додека била тинејџер и ја подржува кога нејзината ќерка пристигнува во Сиетл Грејс со леукемија, барајќи коскена с‘рж од Изи. Чувствата на Изи за Џорџ растат и таа открива дека се заљубила во него. Кога Кели открива дека Џорџ и бил неверен, тие се разделуваат и Џорџ и Изи навлегуваат во кратко-трајна врска, сè додека не откријат дека не постои никаква хемија помеѓу нив.