Изгубени (4. сезона)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Изгубени 4. сезона
250px
Актерската екипа од четвртата сезона на Изгубени
Земја на потекло САД
Број на епизоди 14
Емитување
Канал на емитување ABC
Емитување 31 јануари, 2008 – 29 мај, 2008

Четвртата сезона од Aмериканската серија Изгубени почна со емитувањето во САД и Канада на 31 јануари, 2008 и заврши на 29 мај, 2008. Четвртата сезона продолжува да ги следи авантурите на група од четириесетина луѓе кои по паѓањето на нивниот авион беа заробени на еден чуден остров на Јужниот Пацифик. Во светот на Изгубени, сезонава зафаќа место во времето меѓу 23 декември, 2004 и 7 јануари, 2005 Со доаѓањето на луѓето од бродот, меѓу преживеаниците избувнува конфликт, и се поделуваат на две групи. Првата, предводена од Џек кој верува дека луѓето од бродот ќе дојдат и ќе ги изнесат надвор од островот. А пак, другата група на на преживеаници, предводени од Лок, веруваат дека штом луѓето од бродот ќе стапнат на островот, ќе ги убијат сите живи луѓе на истиот.

За сезоната беа предвидени 16 епизоди, но заради штрајкот на сценарисците во САД, беа прикажани само 14. Двете изгубени епизоди, ќе бидат надокнадени во следните две сезони, кои наместо предвидените 16 епизоди ќе имаат 17. ДВД и Блу-реј изданијата ќе бидат издадени на 9 декември, 2008 под името: Изгубени: Комплетната Четврта Сезона - Проширено Искуство.

Содржина[уреди]

Листа на епизоди[уреди]

Серија # = Реден број на епизодата во цела серија.

Епизода # = Реден број на епизодата во 4. сезона

Серија
#
Епизода
#
Наслов на епизодата Режирано од Напишано од Централен карактер/и Дата на премиерата
70 1 „The Beginning of the End“
„Почетокот на Крајот“
 
Џек Бендер Дејмон Линделоф и Карлтон Кјуз Харли 31 јануари, 2008
Дезмонд им кажува на преживеаниците дека бродот не е дојден за да ги спаси, преживеаниците се поделуваат на две групи. Во иднината Харли има визии од мртвиот Чарли, и е семестен во лудница. 
71 2 „Confirmed Dead“
„Докажана Смрт“
 
Стефан Вилиамс Дру Гогард и Брајан К. Воган Даниел, Шарлот, Мајлс, Френк и Наоми 7 февруари, 2008
Мајлс, Френк, Даниел, и Шарлот, дел од екипажот на бродот. Тие се падопранираат на островот и се пронајдени од двете групи преживеаници. Во флешбековите, се покажани мистериозните делови од нивните животи. 
72 3 „The Economist“
„Економистот“
 
Џек Бендер Едварт Кидсис и Адам Хорвитс Саид 14 февруари, 2008
Саид Прави договор со Френк (пилотот на хелихоптерот) за да го изнесе од островот. Но за возврат сака да го ослобот заложникот на Лок, Шарлот. Во иднината, Саид има опасна работа и страшен шеф. 
73 4 „Eggtown“
„Егтаун“
 
Стефан Вилиамс Елизабет Сарноф и Грегори Нејшнс Кејт 21 февруари, 2008
Кејт сака да дознае повеќе информации за Мајлс, новиот заложник на Лок. Во иднината се води судска парница за Кејт, поради сите злосторства во минатото. 
74 5 „The Constant“
„Постојаниот“
 
Џек Бендер Карлтон Кјуз и Дејмон Линделоф Дезмонд 28 февруари, 2008
По слетувањето на бродот, Дезмонд доживува чудни последици, бидејќи го напушти островот. Дезмонд може да си ги контролира акциите кој ги направил пред десет години. Тој се враќа во времето кога служел во војска 
75 6 „The Other Woman“
„Другата Жена“
 
Ерик Лејвајл Дру Гогард и Кристина M. Kим Џулиет 6 март, 2008
Џулиет е посетена од Херпер, една од другите, која и кажува на Џулиет да ја спречи мисијата на Даниел И Шарлот. Во меѓувреме, Бен му кажува на Лок за Чарлс Видмор. Флешбекот на Џулиет го покажува односот на Џулиет со Гудвин, Харпер и Бен. 
76 7 „Ji Yeon“
„Џи Јенон“
 
Стефан Семел Едварт Китсис и Адам Хрвитс Сан и Џин 13 март, 2008
Џин и Сан одлучуваат да им се придружат на групата на лок, но Џулиет ги спречува кажувајќи му на Џин дека бебето на Сан не е негово. На бродот Дезмонд и Саид го запознаваат Капетанот Кими. 
77 8 „Meet Kevin Johnson“
„Запознај го Кевин Џонсон“
 
Стефан Вилиамс Елизабет Сарноф и Брајан К. Воган Мајкл 20 март, 2008
Саид и Дезмонт дознаа дека Мајкл е на бродот како шпијун на Бен. Флешбековите покажуваат како Мајкл се најдол во оваа ситуација. Бен ги праќа Алекс, Карл и Русо, во храмот, но Русо и Карл се застрелани од непознат пукач. 
78 9 „The Shape of Things to Come“
„Обликот на работите што доаѓаат“
 
Џек Бендер Брајан К. Воган и Дру Гогард Бен 24 април, 2008
Во иднината Бен се буди во пустина со зимска јакна, и е сосема дезориентиран. Тој го наоѓа Саид во иднината и го вработува како негов поткупен убиец. На островот, Капетанот и неговиот екипаж се нагодуваат со Бен. Бидејќи бен несака да попушти тие ја убиваат Алекс 
79 10 „Something Nice Back Home“
„Нешто убаво назад дома“
 
Стефан Вилиамс Едварт Китсис и Адам Хорвитс Џек 1 мај, 2008
Џек се разболува и мора веднаш да направи операција, Кејт и Џулиет мора да работат заедно за да го спасат. Во иднината Џек се распаѓа и почнува да конзумира апчиња. 
80 11 „Кабинска грозница“
„Cabin Fever“
 
Пол Едвартс Елизабет Сарноф и Кајл Пенингстон Лок 8 мај, 2008
Лок, Бен и Харли одат кај Џејкоб за да добијат одговори. Лок влегува во кабината на Џејкоб и добива шокирачки одговор - Треба да го премести островот. Во флешбекот, на кратко се опишува животот на Лок, од раѓањето па се до парализирањето. 
81 12 „There's No Place Like Home: Part 1“
„Ниедно место не е како дома“
 
Стефан Вилиамс Дејмон Линделоф и Карлтон Кјуз Џек, Харли, Саид, Сан и Кејт 15 мај, 2008
Бен, Лок, и Харли го пронаоѓаат местото од каде што треба да го преместат островот, Но таму се капетанот Кими и неговиот екипаж. Бен му се предава на Кими, и тој го носи до хелихоптерот. Во иднината петорицата кои го напуштиа островот (Џек, Кејт, Харли, Сан и Саид) се приморени да лажат за настаните на островот. 
82/83 13/14 „There's No Place Like Home: Parts 2 and 3“
„Ниедно место не е како дома (2. и 3. дел)“
 
Џек Бендер Карлтон Кјуз и Дејмон Линделоф Џек, Харли, Саид, Сан и Кејт 29 мај, 2008
Џек, Кајт, Соер, Саид и Френк се во хелихоптерот летајки кон бродот. Заради недостик на гориво, Соер одлучува да скокне и да плива назад до островот. Кога хелихоптерот ќе слета на бродот, заради екплозивите на бродот, ќе мора веднаш да одлета и да се врати на островот. За тоа време Другите успеваат да го спасат Бен, и тој успева да го убие Кими и да го премести островот. Немајќи каде да слета, хелихоптерот со Џек, Кејт, Арон, Саид, Сан, Харли, Дезмонд и Френк се руши. Но луѓето успеваат да го извадат спасувачкиот чамец од хелихоптерот, и да преживеат. Потоа овие луѓе се пронајдени од бродот на Пени, и изнесени на еден населен остров, од кој потоа со авион се пренесени во САД.