Извор (ТВ серија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Извор | |
| Жанр | драма, теленовела |
|---|---|
| Создадена од | Куахтемок Бланко |
| Настапуваат | Адела Нориега Маурицио Ислас Даниела Ромо Алехандро Томаси Кариме Лозано |
| Најавна песна | "Amor, Amor, Amor" |
| Земја на потекло | Мексико |
| Јазик | Шпански |
| Број на епизоди | 95 |
| Продукција | |
| Изврш(ен/ни) продуцент(и) | Карла Естрада |
| Времетраење | 45 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | Канал2 |
|
|
|
Серијата Извор (шпански: El Manantial) е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во 2001 година, со 95 едночасовни епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, ја освои наградата за најдобра теленовела во 2002 година. Кај нас оваа теленовела се емитуваше на А1 телевизија, во утринскиот термин во 09 часот.
Содржина |
Синопсис[уреди]
Приказна за страста и одмаздата помеѓу две ривалски фамилии, Валдез и Рамирез од гратчето Сан Андреaс. Предмет на расправијата е сопственоста на изворот со вода кој лежи меѓу нивните имоти и припаѓа на посиромашната фамилија Валдез, а Хусто Рамирез се труди на секој начин да го добие. Меѓутоа, главната причина за нивната омраза е шокантната тајна која се чува зад затворени врати. Хусто Рамирез е оженет со Маргарита, меѓутоа има тајна врска со Франциска, жената на Ригоберто Валдез. Ригоберто и Франциска ја имаат убават ќерка Алфонсина, родена отприлика во исто време со Александро, единствениот наследник на богатството на семејството Рамирез. Иако детството го поминале раздвоени и во атмосфера на предрасуди и омраза, кога конечно ќе се сретнат, меѓу нив се раѓа привлечност, која не се осмелуваат да ја признаат.
Улоги[уреди]
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Адела Нориега | Алфонсина Валдез |
| Маурицио Ислас | Алехандро Рамирез |
| Алехандро Томаси | Хусто Рамирез |
| Даниела Ромо | Маргарита Рамирез |
| Мануел Охеда | Отец Салвадор |
| Кариме Лозано | Барбара |
Награди[уреди]
- Најдобра Теленовела на годината
- Најдобра главна актерка на годината - Адела Нориега
- Најдобра негативка на годината - Даниела Ромо
ДВД Издание[уреди]
Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Извор. Во пакетот се состоат двд цедеа, со сите 95 епизоди.