Извештај за сеопфатна добивка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Извештајот за сеопфатната добивка (англиски: Statement of comprehensive income) ги прикажува сите добивки или загуби на банката или претпријатијата, вклучувајќи ги и оние што не се прикажани во билансот на успех. Според тоа, сеопфатната добивка претставува поширок поим од добивката за финансиската година,прикажана во билансот на успех.

Содржина[уреди]

Сеопфатната добивка е збир на нето добивката и сите други добивки и загуби што не се прикажани во билансот на успехот (поради тоа што не се остварени).

Така, извештајот за сеопфатната добивка, покрај добивката за финансиската година,ги вклучува и сметките за ревалоризациски резерви, како што се:

  • неостварените добивки или загуби на средствата расположливи за продажба;
  • добивките или загубите што произлегуваат од преведувањето на финансиските извештаи за работењето на банката во странство;
  • неостварените промени во објективната вредност на инструментите за заштита од ризикот од паричните текови
  • резервата за курсните разлики од вложувањата во странско работење;
  • уделот во останатите добивки или загуби од придружените друштва (што не се прикажуваат во билансот на успех) итн.[1]

Пример[уреди]

Извештај за сеопфатната добивка на Народната банка на Македонија за периодот од 1.1.2012 до 31.12.2012 година.[2]

2011 2012
Нето добивка/загуба за годината од билансот на успех (226.438) 1.950.946
Останата сеопфатна добивка
-Позиции коишто во идниот период може да се рекласификуваат во Биланост на успех
-Позиции коишто во идниот период неможе да се рекласификуваат во Билансот на успех
Вкупно останата сеопфатна добивка за годината
Вкупно останата сеопфатна добивка за годината (226.438) 1.950.946

Табелата го прикажува извештајот за сеопфатната добивка на НБРМ. Како што споменавме, во овој извештај најпрвин се наведува финансискиот резултат од работењето на банката, преземен од билансот на успех. Во продолжение, извештајот ги вклучува и сите неостварени добивки или загуби, коишто не се прикажани во биланост на успехот, туку се содржани во билансот на состојба (во ставката ревалоризациски резерви).

Наводи[уреди]

  1. Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 42-43.
  2. Народна банка на Република Македонија,Финансиски извештај за 2012 година