Изведени SI-единици

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Изведени SI единици)
Прејди на: содржини, барај

Меѓународниот систем на мерни единици (SI) има седум основни единици од кои се изведени сите останати мерни единици. Овие единици се нарекуваат изведени SI-единици. Бројот на изведените единици е неограничен.

Називите на единиците секогаш се пишуваат со мали букви. Симболите на единиците што носат име на научник почнуваат со голема буква (на пр. херцот има симбол Hz, но метарот има симбол m).

Изведени единици со посебни називи[уреди]

Покрај двете бездимензионални изведени единици радијан (rad) и стерадијан (sr), постојат уште 20 единици со посебни имиња.

Изведени SI единици со посебен назив
Назив SI
симбол
Мак.
симбол
Величина Изразена во други единици Изразена во основни SI-единици
херц Hz Хц фреквенција 1/s s−1
радијан rad рад агол m/m бездимензионална
стерадијан sr ср просторен агол m2/m2 бездимензионална
њутн N Њ сила, тежина kg⋅m/s2 kg⋅m⋅s−2
паскал Pa Па притисок, напрегање N/m2 kg⋅m−1⋅s−2
џул J Џ енергија, работа, топлина N⋅m = C⋅V = W⋅s kg⋅m2⋅s−2
ват W Вт моќ, зрачен тек J/s = V⋅A kg⋅m2⋅s−3
кулон C Кл електричен набој или количина на електрицитет s⋅A s⋅A
волт V В напон, разлика во ел. потенцијал, електромоторна сила W/A = J/C kg⋅m2⋅s−3⋅A−1
фарад F Ф електричен капацитет C/V kg−1⋅m−2⋅s4⋅A2
ом Ω Ом електричен отпор, импеданција, реактанција V/A kg⋅m2⋅s−3⋅A−2
сименс S См електрична спроводливост 1/Ω = A/V kg−1⋅m−2⋅s3⋅A2
вебер Wb Вб магнетен тек J/A kg⋅m2⋅s−2⋅A−1
тесла T Т јачина на магнетно поле, густина на магнетен тек V⋅s/m2 = Wb/m2 = N/(A⋅m) kg⋅s−2⋅A−1
хенри H Хн индуктивност V⋅s/A = Wb/A kg⋅m2⋅s−2⋅A−2
Целзиусов степен °C °Ц температура во однос на 273,15 K K K
лумен lm лм светлосен тек cd⋅sr cd
лукс lx лк осветленост lm/m2 m−2⋅cd
бекерел Bq Бк радиоактивност (распаѓања по един. време) 1/s s−1
греј Gy Гр апсорбирана доза (на јонизирачко зрачење) J/kg m2⋅s−2
сиверт Sv Св еквивалентна доза (на јонизирачко зрачење) J/kg m2⋅s−2
катал kat кат катализа mol/s s−1⋅mol


Примери за изведени величини и единици[уреди]

Некои изведени SI-единици
Назив Симбол Величина Изразено во
основни SI-единици
квадратен метар m2 површина m2
кубен метар m3 зафатнина m3
метар во секунда m/s брзина m⋅s−1
кубен метар во секунда m3/s проток m3⋅s−1
метар во секунда на квадрат m/s2 забрзување m⋅s−2
метар во секунда на куб m/s3 тргање m⋅s−3
метар во секунда на четврта m/s4 тресок m⋅s−4
радијан во секунда rad/s аголна брзина s−1
њутн-секунда N⋅s момент, импулс m⋅kg⋅s−1
њутнметар-секунда N⋅m⋅s момент на импулс m2⋅kg⋅s−1
њутнметар N⋅m = J/rad момент на сила m2⋅kg⋅s−2
њутн во секунда N/s дрпање m⋅kg⋅s−3
заемен метар m−1 бранов број m−1
килограм на квадратен метар kg/m2 површинска густина m−2⋅kg
килограм на кубен метар kg/m3 густина, густина на маса m−3⋅kg
кубен метар на килограм m3/kg специфичен волумен m3⋅kg−1
мол на кубен метар mol/m3 згуснатост на материјата m−3⋅mol
кубен метар на мол m3/mol моларен волумен m3⋅mol−1
џул-секунда J⋅s дејство m2⋅kg⋅s−1
џул на келвин J/K специфична топлина, ентропија m2⋅kg⋅s−2⋅K−1
џул на келвин-мол J/(K⋅mol) моларна специфична топлина, моларна ентропија m2⋅kg⋅s−2⋅K−1⋅mol−1
џул на килограм-келвин J/(K⋅kg) густина на специфична топлина, специфична ентропија m2⋅s−2⋅K−1
џул на мол J/mol моларна енергија m2⋅kg⋅s−2⋅mol−1
џул на килограм J/kg специфична енергија m2⋅s−2
џул на кубен метар J/m3 густина на енергијата m−1⋅kg⋅s−2
њутн на метар N/m = J/m2 површински напон kg⋅s−2
ват на квадратен метар W/m2 густина на топлотен тек, озраченост kg⋅s−3
ват на келвинметар W/(m⋅K) топлинска спроводливост m⋅kg⋅s−3⋅K−1
квадратен метар во секунда m2/s кинематска вискозност, коефициент на дифузија m2⋅s−1
паскал-секунда Pa⋅s = N⋅s/m2 динамична вискозност m−1⋅kg⋅s−1
кулон на квадратен метар C/m2 електрична индукција, вектор на поларизација m−2⋅s⋅A
кулон на кубен метар C/m3 густина на електричен набој m−3⋅s⋅A
ампер на квадратен метар A/m2 густина на електрична струја A⋅m−2
сименс на метар S/m електрична спроводливост m−3⋅kg−1⋅s3⋅A2
сименс-квадратен метар на мол S⋅m2/mol моларна спроводливост kg-1⋅s3⋅mol−1⋅A2
фарад на метар F/m диелектрична спроводливост m−3⋅kg−1⋅s4⋅A2
хенри на метар H/m магнетна спроводливост m⋅kg⋅s−2⋅A−2
волт на метар V/m јачина на електрично поле m⋅kg⋅s−3⋅A−1
ампер на метар A/m јачина на магнетно поле A⋅m−1
кандела на квадратен метар cd/m2 осветленост cd⋅m−2
лумен-секунда lm⋅s светлосна енергија cd⋅sr⋅s
лукс-секунда lx⋅s светлосна изложеност cd⋅sr⋅s/m−2
кулон по килограм C/kg изложеност (икс и гама-зраци) kg−1⋅s⋅A
греј во секунда Gy/s стапка на апсорбирана доза m2⋅s−3
омметар Ω⋅m електрична отпорност m3⋅kg⋅s−3⋅A−2


Некои други метрички единици како литарот не се дел од системот SI, но се прифатени за употреба со единиците на SI.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • I. Mills, Tomislav Cvitas, Klaus Homann, Nikola Kallay, IUPAC: Quantities, Units and Symbols in Physical Chemistry, II изд (јуни 1993), Blackwell Science Inc (стр. 72)