Игуасу (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Игуасу
Iguazú, Iguaçu
Река
Реката веднаш над водопадите Игуасу
Земји Бразил, Аргентина
Дел од слив на реката Парана
Притоки
 - леви Негро, Хопим
 - десни Ареја
Градови Куритиба, Кампо Ларго, Фоз до Игуасу
Знаменитост водопади Игуасу
Извор Морски Срт
 - место кај Куритиба, Парана, Бразил
 - височина 1.200 м
 - координати 25°23′30″ ЈГШ 49°00′11″ ЗГД / 
Утока Парана
 - местоположба Фоз до Игуасу, покраина Мисионес и сој. држава Парана, аргентинско-бразилска граница
 - височина 110 м
 - координати 25°35′33″ ЈГШ 54°35′30″ ЗГД /   [1]
Должина 1.320 км, исток-запад
Слив 62.000 км²
Истек во водопади Игуасу
 - просечен 1.746 м3
 - максимален 12.799 м3
 - минимален 200 м3

Игуасу (португалски: Iguaçu; шпански: Iguazú)[2] е река во Бразил и Аргентина, важна притока на реката Парана. Долга е 1.320 км, и има речно подрачје од 62.000 км².[3]

Течение[уреди]

Реката извира од крајбрежните планини на Морскиот Срт (Serra do Mar) во сојузната држава Парана, Бразил. Потоа тече 1.205 км низ државата Парана и се среќава со нејзината притока Сан Антонио. Оттука, па надолу, Игусу ја исцртува границата помеѓу Бразил и Аргентина (покраина Мисионес).[3] Продолжува на запад и се спушта од висорамнина, образувајќи ги познатите водопади на Игуасу. Водопадите влегуваат во два истоимени национални парка „Игуасу“, едниот во Аргентина, а другиот во Бразил. На крај се влева во поголемата река Парана, и тоа во тромеѓето на Аргентина, Бразил и Парагвај.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Координатите на GNS се прилагодени со Google Maps и GeoLocator
  2. Río Iguazú - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
  3. 3,0 3,1 Varis, Olli; Tortajada, Cecilia; Biswas, Asit K. (2008). „Management of Transboundary Rivers and Lakes“. Springer. стр. 271. ISBN 978-3-540-74926-4. http://books.google.com/books?id=Z3ilzosWx4wC&pg=PA271.