Игнатиј I Константинополски
Од Википедија, слободната енциклопедија
- Поврзано: Игнатиј
| Игнатиј I Константинополски | |
| Патријарх на Константинопол | |
| Црква | Црква на Константинопол |
|---|---|
| Од | 847 867 |
| До | 858 877 |
| Претходник | Фотиј I Константинополски |
| Наследник | Стефан I Константинополски |
| Лични податоци | |
| Роден | 799 Константинопол |
| Починал | 23 септември 877 Константинопол |
| Деноминација | Православие |
| Седиште | Цариградска патријаршија |
| Занимање | Патријарх |
| Професија | Теолог |
| Игнатиј (појаснување) Игнатиј | |
Игнатиј I Константинополски ( 799 во Константинопол - 23 септември 877) бил Патријарх на Константинопол во периодот од 847–858 и 867–877 година.
Игнатиј бил син на императорот Михаил I Рангабе. За патријарх дошол по смртта на Методиј I во 846 година. Во 858 година бил симнат од престолот и пратен во прогонство. На негово место бил поставен секретарот на императорот, Фотиј I Константинополски. Но кога на царскиот престол дошол Василиј Македонецот, тој повторно го вратил Игнатиј на патријаршискиот престол. Св. Игнатиј управувл со голема ревност и мудрост. Го изградил манастирот на Св. Архангели, во којшто се упокоил 877 година[1].
Наводи [уреди]
- ↑ „Свети Игнатиј, патријарх Цариградски“ (на Македонски). http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1958. проверено на 6 февруари 2011.