Зоран Мицев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Мицев
Роден 10 јануари 1982
Кочани, НР Македонија СР Македонија
Занимање поет

Зоран Мицев (Кочани; 10 јануари 1982) — македонски поет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мицев е роден на 10 јануари 1982 година во Кочани. Тука завршил основно и средно образование. Инспирацијата за пишување кај овој автор се појавувила уште во текот на основното образование, но со пишување интензивно почнал да се занимава во средношколските денови. Денес, тој е член во литературниот клуб „Копнеж” во Кочани, a литературниот ентузијазам и ангажираност резултирале со издавање на првата авторска книга на Мицев, збирката поезија „Темјанушка“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ПРОМОЦИЈА НА "ТЕМЈАНУШКА" ОД ЗОРАН МИЦЕВ“. Канал 8. 5 јули 2012. Посетено на 2012-11-04.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]