Зоран Јакимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зоран Јакимовски е роден во Куманово во 1953 г. Дипломирал на АЛУ во Белград во 1978 г. на одделот за графика. Постдипломски студии завршил на истата академија во 1982 г. Од 1978-87 г. работи во гимназија во Куманово. Од 1987 г. до денес работи на ФЛУ во Скопје каде предава графика со графички техники и цртање на Графичкиот оддел. Од 1999-2002 бил декан на ФЛУ-Скопје. Освен со графика се занимава и со сликарство. Самостојни изложби:

  • 1978- Белград, Студентски град; Куманово, Уметничка галерија
  • 1982- Скопје, Центар за култура и информации
  • 1985- Скопје, Центар за култура и информации; Куманово, Уметничка галерија; Вараждин, Музеј на градот
  • 1987- Белград, Графички колектив
  • 1988- Скопје, Уметничка галерија
  • 1993- Скопје, Стоби (со Д. Малиданов)
  • 1995- Цирих, (со Д. Малиданов и Д. Николов) 1997 - Пшемишл, (Полска), Државна галерија (заедно со Д. Малиданов и Ј.Константиновски); Лоѓ (Полска), Државна галерија (заедно со Д. Малиданов и Ј. Контантиновски); Диселдорф, Градска библиоетка
  • 1998- Париз, Cite des Arts
  • 2000- Зрењанин, Народна галерија; Нови Сад, Галерија Мост
  • 2001- Сомбор, Културен центар Лаза Костиќ; Кикинда, Народни музеј; Панчево;Ниш Твргава;Лесковац Галерија Сунце;Куманово, Уметничка галерија Учествувал на бројни групни изложби во земјата и странство: Скопје, Белград, Љубљана, Ферол, Баден-Баден, Лоѓ, Берлин, Барселона, Фридрихштат, Сеул, Кангава, Мелбурн, Торонто, Бостон, Андора, Валенција и др.

Добитник е на 23 национални и меѓународни награди.