Зонеберг (округ)

Координати: 50°25′N 11°10′E / 50.42° СГШ; 11.17° ИГД / 50.42; 11.17
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зонеберг
Landkreis Sonneberg

округ
Грб на Зонеберг Landkreis Sonneberg
Земја Германија
ПокраинаТирингија
Основан1868
СедиштеЗонеберг
Површина
 • Вкупна460,83 км2 (17,793 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно57.044
 • Густина1,2/км2 (3,2/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SON, NH
Мреж. местоwww.landkreis-sonneberg.de

Зонеберг (германски: Sonneberg) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) окрузите Хилдбургхаузен, Залфелд-Рудолштат и баварските окрузи Кронах и Кобург.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1868 година, кога биле воведени окрузите во Саксо-Мајнинген. Во 1952 година, делови на округот биле одвоени и префрлени во новосоздадениот округ Нојхаус на Ренвег. Во 1994, Нојхаус на Ренвег бил распуштен и округот Зонеберг ја добил својата првобитна големина.

Во 2019 година, општините Лихте и Пизау од округот Залфелд-Рудолштат биле припоени како делови на градот Нојхаус на Ренвег во округот Зонеберг.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа на јужните падини на планините на Тириншката Шума. Пејзажот се спушта од високите ридови од над 800 метри (највисоката точка е Гросер Фармденкопф со 869 метри) до пониските делови во округот.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува симболи од историските држави кои постоеле на територијата на округот. Во горниот лев дел се наоѓа лавот како симбол на грофовијата Мајсен. Во горниот десен дел е симболот на грофовите од Зонеберг, каде се вклучени и ножици за овци. Во долниот лев дел е прикажан симболот на грофовите од Шаумберг-Рауенштајн и долниот десен дел го покажува грбот на Саксонија.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Зонеберг
Слободни градови Слободни општини
  1. Лауша
  2. Нојхаус на Ренвег
  3. Шалкау
  4. Зонеберг
  5. Штајнах
  1. Ферицтал
  2. Франкенблик
  3. Голдистал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

50°25′N 11°10′E / 50.42° СГШ; 11.17° ИГД / 50.42; 11.17