Знаме на Тристан да Куња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Тристан да Куња
Знамето на управникот на Тристан да Куња

Знамето на Тристан да Куња е усвоено на 20 октомври 2002 со проглас на гувернерот на Света Елена според кралска повластица од кралицата Елизабета II. Како посед на Света Елена, Тристан да Куња го користел светоеленското знаме.

Знамето е од типот син павилјон. Во слободниот дел е сместен грбот — тирстански долг чун над поморска круна, со средиштен штит украсен со жолтоклуни албатроси и два тристански јастога во улога на штитодржачи. Во подножјето е истакната лента со геслото Our faith is our strength („Вербата е нашата сила“).

Автор на знамето е истакнатиот вексилолог Греам Бартрам.