Знаме на Коморите

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Знаме на Комори)
Моменталното знаме на Комори

Знамето на Коморите беше дизајнирано во 2001 година и официјално усвоено на 7 јануари 2002 година. На знамето има полумесечина и четири ѕвезди, што многу беа разместувани низ знамето во текот на независноста на Коморите.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Дизајнот на знамето се состои од бела полумесечина со четири бели ѕвезди во внатрешноста на зелен триаголник. На знамето исто така има четири ленти, кои ги претставуваат четирите острови на нацијата: жолтата е за Мохели, белата лента е за Мајоте, црвено е за Анјоуан, и сината лента е за Гранде Коморе. Ѕвездата и полумесечината го претставуваат исламот што воедно е и официјална вера во Коморите.

Поранешните знамиња на Коморите[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]