Злокобен (филм од 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Злокобен (англиски: Sinister) — американски филм од 2012 година, во режија на Скот Дериксон. Главните улоги ги толкуваат: Итан Хоук и Џулиет Рајланс.

Содржина[уреди | уреди извор]

Писателот на вистинити злосторства, Елисон Освалт (го игра Хоук), се сели со семејството во куќа во која е извршено стравично злосторство, но неговото семејство не знае за тоа. Тој се обидува да дознае за злосторствата што се случиле таму и да напише книга за тоа, со намера да ја оживее својата кариера, која веќе е на залезот. Во куќата, тој пронаоѓа и гледа видео-ленти за кои мисли дека ќе му помогнат во истражувањето, но притоа сфаќа дека открил нешто што не го очекувал.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Злокобен“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 18.
  2. „Злокобен“, Антена, број 884, 5.6.2015, стр. 27.