Златни наночестици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Воден раствор на златни наночестици. Брановата должина на абсорбираната и емитуваната светлина е во зависност со големината на наночестицата. Наночестиците се движат со големина од 25 nm до околку 100 nm.

Златните наночестици или исто познати како колоидно злато се суспензија на субмикрометарски честици од злато во раствор - најчесто вода. Растворот кој содржи колоидно злато со големина помала од 100 nm многу често има црвенкаста боја која може лесно да се промени со промена на големината на честиците.

Синтезата за златни наночестици била позната кај античката египетска и кинеска цивилизација. Синтетизираните наночестици со векови наоѓале примена во обојувањето на стаколо. Како и да е модерната наука имала мало нивно познавање се до првите испитувања од Михаел Фарадеј во средината на XIX век.

Денеска истражувањата на златните наночестици се во подем. Различни истражувачки групи во изминатава декада успеале да ја манипулираат формата на овие честици, со цел да добијат нови својства кои се практично недостапни со традиционалните сферични честици. Групата на Ел-Сајед од Државниот Универзитет во Џорџија (САД) ги создаде првите златни прачкени наночестици (златни нанопрачки). Останати групи кои истражуваат на ова поле веќе имаат синтетизирано различни форми од златни наночестици како на пример: златни нанокафези, златни нанокоцки, златни наноѕвезди, знатни слојни наночестици итн.

Златните наночестици се од истражувачеки интерес бидејќи имаат афинитет за врзување со EFG-рецепторот кој е изразен на клетките заболени од рак. Овој феномен дозволува полесна детекција на заболените ткивата и клетките, како и придонесува и за полесна нивна деструкција при ласерски третман.