Златна саријазма
| Златна саријазма, Жолна, Златка | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | 'Рбетници |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Врапчарки |
| Фамилија: | Жолновидни |
| Род: | Жолни |
| Вид: | O. oriolus |
| Биномен назив | |
| Oriolus oriolus (Линеј, 1758) |
|
Златната саријазма (од тур. Sarıasma), жолна или златка (лат. Oriolus oriolus) е единствениот член на фамилијата на птици-врапчарки наречена Жолни кои живеат во умерените предели на северната хемисфера. Оваа птица е преселница, која на лето живее во Европа и западна Азија, а зиме живее во тропските краишта.
Златната саријазма живее во високи листопадни дрвја во шумовити предели, овоштарници и паркови. Во Велика Британија живеат многу мал број на вакви птици, каде се гнездат во индустриски насади на црна топола.
Оваа птица гради уредно гнездо во чаталот на дрвото, и во него сместува 3-6 јајца. Се храни на инсекти и овошје кои ги наоѓа во крошните, каде впрочем златката проведува голем дел од времето.
Мажјаците се упадливи со типичното жолто-црно перје, но женките се еднолично зелени. Златните саријазми се мошне повлечени птици, па дури и мажјаците се многу тешко приметливи во жолто-зеленото шаренило на крошните.
Летот им е налик на оној на дроздот, силен и насочен со извесни спустови при долги летови.
Златната саријазма пее слично на сојка, но песната ѝ е помилозвучна и непогрешлива.
[уреди] Наводи
- ↑ BirdLife International (2004). Oriolus oriolus. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 год. МСЗП 2006. Вчитано на 12 мај, 2006. Тука е објаснето зошто оваа птица е најмалку загрозена
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Златна саријазма“ |
- Развој и размножување (PDF) (англиски)
- Песната на златната саријазма (германски)
- Видеоинсерти со златна саријазма (англиски)
- Фотографии на златни саријазми (англиски)
[уреди] Галерија
-
Женка во Сикандерабад, Индија.
-
Мажјак во Сикандерабад, Индија.
-
Мажјак во Сикандерабад, Индија.
-
Мажјак во Сикандерабад, Индија.
-
Мажјак во Сикандерабад, Индија.
-
Мажјак во Сикандерабад, Индија.
-
Мажјак во Сикандерабад, Индија.
-
Мажјак во Сикандерабад, Индија.
