Златна зора

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Херметичкиот ред Златна зора, или како што најчесто се нарекува само Златна зора, е магиски ред од доцниот 19 век и почетокот на 20 век, во кој се практикувал спиритуален развој. Овој ред се смета дека го извршил најголемото влијание на западниот окултизам во 20 век. Концептот на магиски ритуали од тогаш станал суштински елемент на многу други традиции, вклучувајќи ги Вика,[1][2] Телема, и други форми на магиски спиритуализам кои се и денес популарни.

Тројцата основачи, Вилијам Роберт Вудман, Вилијам Вин Весткот и Самуел Лидел МекГрегор Метерс, биле масони и членови на друштвото на розекрајцери во Англија, (S.R.I.A.).[3] Весткот исто така бил член на Теозофското друштво.

Системот на „Златна зора“ се засновал врз иницијација и хиерархија по углед на масонските ложи, со таа разлика што во овој ред се примале и жени. Во суштина, „Златна зора“ е само првиот од трите редови, иако сите три заедно исто така се нарекуваат „Златна зора“. Првиот ред изучувал Кабала и личен развој преку свесност за класичните елементи, како и астрологија, тарот и геомантија. Вториот ред, изучувал магија вклучувајќи астрална проекција и алхемија. Третиот ред бил редот на „тајните водачи“, за кои се велело дека веќе не се инкарнирани, но кои раководат со активностите на првите два реда преку спиритуална комуникација со водачите на вториот ред.

Во концептот на „Златна зора“ се чувствува влијание од: мистицизмот, Кабала, херметизам, египетска митологија, повикување божества, масоните, алхемија, теозофија, Елифас Леви, Папус, магијата на Енох, и ренесансните магиски текстови.

Наводи[уреди]

  1. Ithell Colquhoun (1975) The Sword of Wisdom. New York: G.P. Putnam's Sons.
  2. Phillips, Julia (1991) History of Wicca in England: 1939 - present day. Предавање од конференцијата Вика во Канбера, 1991.
  3. Regardie, 1993, page 10

Наводи[уреди]

  • Fra. A.o.C. (2002). A Short Treatise on the History, Culture and Practices of The Hermetic Order of the Golden Dawn. Retrieved 3 август, 2007.
  • Armstrong, Allan; R.A. Gilbert (eds.) (1997). Golden Dawn: The Proceedings of the Golden Dawn Conference, London - 1997. Hermetic Research Trust.
  • Chic Cicero and Tabatha Cicero (1991). The New Golden Dawn Ritual Tarot. St. Paul, MN: Llewellyn Publications. ISBN 0-87542-139-3
  • Colquhoun, Ithell. Sword of Wisdom: Macgregor Mathers and the Golden Dawn. (Neville Spearman, 1975) ISBN 0-85435-092-6.
  • Greer, Mary K. Women of the Golden Dawn. (Park Street, 1994) ISBN 0-89281-516-7.
  • Greer, Mary K & Darcy Kuntz. (1999) The Chronology of the Golden Dawn. Holmes Publishing Group, ISBN 1-55818-354-X
  • Gilbert, Robert A. The Golden Dawn: Twilight of the Magicians. The Aquarian Press, 1983. ISBN 0-85030-278-1.
  • Gilbert, Robert A. The Golden Dawn Companion. Weiser Books, (1986) ISBN 0-85030-436-9
  • Gilbert, Robert A. Golden Dawn Scrapbook - The Rise and Fall of a Magical Order Weiser Books (1998) ISBN 1-57863-037-1
  • Howe, Ellic. The Magicians of the Golden Dawn: A Documentary History of a Magical Order 1887-1923. Samuel Weiser (1978). ISBN 0-87728-369-9.
  • S.L. Mathers et al. Ritual Magic of the Golden Dawn (edited by Francis King 1997) ISBN 0-89281-617-1
  • Francis X. King (1989) Modern Ritual Magic: The Rise of Western Occultism ISBN 1-85327-032-6
  • King, Francis (1971) The Rites of Modern Occult Magic, Macmillan Company, New York, Library of Congress Catalog Card Number 76-158-933
  • Israel Regardie, et al., eds., The Golden Dawn: A Complete Course in Practical Ceremonial Magic (Llewellyn, 1989) ISBN 0-87542-663-8
  • Regardie, Israel, What you should know about the Golden Dawn (6th edition, 1993) ISBN 1-56184-064-5
  • Regardie, Israel (1982). „The Golden Dawn“. Llewellyn Publications. ISBN 0-87542-664-6. 
  • Runyon, Carroll Secrets of the Golden Dawn Cipher Manuscripts, (C.H.S., 1997) ISBN 0-9654881-2-8
  • Suster, Gerald. (1990) Crowley's Apprentice: The Life and Ideas of Israel Regardie. Weiser Books. ISBN 0-87728-700-7
  • Wasserman, James. (2005) The Mystery Traditions: Secret Symbols and Sacred Art. Rochester, Vermont: Destiny Books. ISBN 1-59477-088-3

Надворешни врски[уреди]