Зигост

Координати: 40°5′N 21°31′E / 40.083° СГШ; 21.517° ИГД / 40.083; 21.517
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зигост
Μεσόλακκος
Зигост is located in Грција
Зигост
Зигост
Местоположба во областа
Зигост во рамките на Гребен (општина)
Зигост
Местоположба на Зигост во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°5′N 21°31′E / 40.083° СГШ; 21.517° ИГД / 40.083; 21.517
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаГребен
Надм. вис.&10000000000000610000000610 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно49
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Зигост или Зигости (грчки: Μεσόλακκος, Месолакос; до 1927 г. Ζυγόστι, Зигости[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 49 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 9 км источно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 610 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Зигост било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Зигост живееле 170 Грци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зигос се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 24 куќи.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Зигост живееле 140 Грци христијани.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 175 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 160.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Месолакос (Μεσόλακκος).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото располага со плодни обработливи површини чиј дел се наводнува. Населението произведува жито, овошје и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и краварство.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 217 222 233 158 116 70 84 49
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Zygosti -- Mesolakkos“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-01.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 116–117.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
  6. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]