ЗиЛ-41047
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| ЗиЛ-41047 ЗиЛ-41041 |
|
| Произведувач: | ЗиЛ |
|---|---|
| Производство: | 1985 - 2002 |
| Претходник: | ЗиЛ-4104 |
| Наследник: | сѐ уште нема |
| Класа: | Луксузен автомобил |
ЗиЛ-41047 е лимузина од руската марка ЗиЛ. Има седум седишта заедно со возачот. Натоварен тежи 3550 kg. Максималната брзина му е наведена како „не помалку од 190 km/h“. Автомобилот има 7,7 литарски мотор со V8 од сопствена конструкција со 315 кс (232 kW) при 4.600 вртежи во минута. Погонот е на задните тркала, со трибрзински автоматски пренос во следниов сооднос:
- Прва брзина: 2.02:1
- Втора брзина: 1.42:1
- Трета брзина: 1:1
- Рикверц: 1.42:1
Овој автомобил во 1985 го наследил моделот ЗиЛ-41045 без практично никакви механички измени. Главните промени се во стилот, особено во ретрозиворите, што претставуваат драстична модернизација во споредба со претходните ЗиЛ-ови модели. Биле модернизирани и предните трепкачи, каде квадратната хоризонтална линија е заменета вертикално поставена линија, во облик на врата. Преработен бил и обликот на предните фарови, како и задната полица. Во внатрешноста, најбитната промена била замената на копчињата за менување на брзини со менувач од подот. Автомобилот е толку широк, што управувачката табла е паралелна на менувачот[1].
ЗиЛ-41041 е сличен модел, но со доста помало меѓуосовинско растојание. Ова е седан со пет седишта кој нема додатен прозорец зад задните врати.
Бил претставен и прототип ЗиЛ-4112, како сосема современа верзија на овој автомобил, со директно вбризгување и со сила зголемена за 25% [2]. Овој модел за прв пат е прикажан во 2005. Се очекува истиот да влезе во производство.
[уреди] Надворешни врски
- Официјална страница на автомобилот (англиски) (руски)
- Новиот ЗиЛ-4112 (руски)

