Зет Домазет
| Yabanci Damat Зет Домазет |
|
| Формат | теленовела |
|---|---|
| Настапуваат | Нехир Ердоган Ердал Озиагчар Сумру Јавручук Озгур Чевик Илкер Асум Бинур Каја |
| Продукција | |
| Кинематографија | Erler Film |
| Камера | Мултикамера |
| Времетраење | 90 минути |
| Емитување | |
| Формат на слика | Color |
Зет Домазет е популарна турска серија снимена на двете брегови на Егејското Море, Турција и Грција. Во серијата се зборува за двајца млади кои се од различни држави кои се непријателски настроени за битката што се случила на Кипар помеѓу Турција и Грција, се заљубуваат еден во друг. Назли е ќерка на Караман Баклаваџиоглу, кој е познат мајстор на правење баклави. Нејзиниот дедо Мемик Баклаваџиоглу ги мрази грците бидејки неговиот татко загинал во битката на Кипар.
Нико, кои неговите родители се имигранти од Истамбул, е син на познат бродовласник во Грција. Назли и Нико се стретнаа во Бодрум, се заљубија на прв поглед и решија за се венчат. Комедијата започнува кога Нико оди во Газиантеп да ја побара раката на Назли од нејзиниот татко. Историското непријателство меѓу двете нации го прави многу тешко, и двете семејства се противат на брак на почетокот. Конечно, Назли и Нико основаат семејство и се населија во Истанбул. Тие го именуваат својот син Еге ("Егеј"), морето меѓу Турција и Грција.
Двете семејствата одат едни кај други неколку пати на посета од различни причини и се зближуваат се повеќе. Тетката на Нико, Катина добива брачен предлог од Турчин, но нејзината мајка Ефтелија го влошува тоа. Дури и на почетната омраза меѓу постарите членови на семејствата, Мемик и Ефтелија, се претвора во романтична врска. Од друга страна, Кадир, синот од Океш, кој е ортак со Караман, се жени Стела, грчката секретарка на Нико.
Улоги [уреди]
| Актер/Актерка | Улога | Опис на улогата | |
|---|---|---|---|
| Нехир Ердоган | Назли | ќерка на Караман Баклаваџиоглу, познат мајстор на баклави во Газиантеп | |
| Ердал Озиагчар | Караман | татко на Назли, познат мајстор на баклава од Газиантеп | |
| Сумру Јавручук | Фериде | мајка на Назли | |
| Бинур Каја | Назире | постара сестра на Назли | |
| Илкер Асум | Рушен | сопруг на Назире | |
| Ариф Екрин Гузелбејоглу | Мемик | дедо на Назли | |
| Озан Угурлу | Мустафаџан | помал брат на Назли | |
| Еге Услу | Еге | постариот син на Назли и Нико | |
| Озгур Чевик | Нико (Никос) | син на Ставро, познат бродосопственик од Грција | |
| Мазлим Кипер | Ставро (Ставрос) | татко на Нико | |
| Ајла Караџа | Елени | мајка на Нико | |
| Тулин Орал | Ефтелија | баба на Нико | |
| Нилгун Белгун | Катина | тетка на Нико | |
| Енгин Акурек | Кадир | поранешен свршеник на Назли, син на Океш | |
| Зеки Аласја | Океш | татко на Кадир | |
| Серај Гозлер | Хајрије | мајка на Кадир | |
| Наталиа Доисопоулос | Ана | поранешна девојка на Кадир | |
| Катерина Моутсатсос | Стела | првата жена на Кадир | |
| Асли Алтајар | Ајсел | последната жена на Кадир | |
| Јелиз Акаја | Есра | асистентката на Нико | |
| Гузун Алкан | Доне | слугинка во куќата на Караман | |
| Биназ Ергин | Икрамије | слугинка во куќата на Назли и Нико во Истамбул | |
| Јилмаз Груда | Џелаир | мајсторот за баклава на Океш | |
| Ахмет Уз | Хикмет | мажот на тетката на Нико,Катина | |
| Синаси Уртсевер | Хамит | сопругот на Доне | |
| Назли Тосуноглу | Рабија | мајката на Рушем | |
| Кајра - Илаида - Талиа Сонгур | Михрибан Сафие и Фазила | ќерките на Назире и Рушен |
} |