Зенон (владетел)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Зенон |
|
| Цар на Византија | |
| Роден/а | 425 Исаврија |
|---|---|
| Починал/а | 9 april 491 Константинопол |
Зенон бил цар на источниот дел од Римската империја, познат како Византија. Роден е во Исаврија, изолирана област на медитеранскиот брег во јужна Мала Азија, во богато семејство. Се викал Траскалисеј (Τρασκαλισσαίος) или Тарасикодиса. Кога се оженил за Аријадна, ќерка на Лав I го сменил името на Зенон. Во 474 Лав I умрел и прогласиле за император неговиот внук Лав II. Зенон получил регентство по настојување на неговата баба и станал совладетел. Наскоро потоа малолетниот Лав II умрел и Зенон се прогласил за император.