Зенер карти
Зенер карти се карти кои се користени при експерименти во врска со екстра-сензорна перцепција (ЕСП) и јасновидост. Психологот Карл Зенер ги дизајнирал овие карти на почетокот на 1930-те години заради експериментите кои ги вршел со својот колега Џ. Б. Рин.[1]
Содржина |
[уреди] Дизајн
Постојат само пет карти: празен круг (една линија), крст (две линии), три вертикални брановити линии (или бранови), празен квадрат (четири линии), и празна форма на ѕвезда. Во еден шпил на Зенер карти има 25 карти, по пет од секоја.
Кога првпат се употребени овие карти, биле направени од бела делумно провидна хартија. Неколкумина испитаници покажале многу високо ниво на погаѓање на картите, сè додека е утврдено дека тенката бела хартија е проѕирна. Картите потоа се печатени на хартија преку која било невозможно да се видат.
[уреди] Експерименти
При тестирање на јасновидост, од испитаникот се бара да ја погоди картата која случајно ќе биде извлечена од шпилот. Експериментот завршува откако сите карти ќе бидат извлечени.
При некои експерименти на екстра-сензорна перцепција, испитаникот се наоѓа во посебна просторија.
На интернет постои онлајн тестирање со Зенер карти.[2]
Зенер картите се користат и за тестирање на телепатија. При вакво тестирање потребни се двајца испитаници, поставени во две посебни простории. Едниот од нив црта една од картите, и се обидува ментално да му ја испрати информацијата на другиот испитаник, кој треба да каже за која карта станува збор.
[уреди] Наводи
- ↑ „Зенер карти“. „Glossary of Skepticism & the Paranormal“. About.com. http://atheism.about.com/library/glossary/paranormal/bldef_zenercards.htm. проверено на 2006-12-20.
- ↑ „The Anima Project“. http://www.animaproject.org. проверено на 2008-04-08.