Зенерови карти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зенерови карти

Зенеровите карти се карти кои се користени при експерименти во врска со вонсетилно восприемање (ESP) и јасновидост. Психологот Карл Зенер ги осмислил овие карти на почетокот на 1930-те години заради експериментите кои ги вршел со својот колега Џ. Б. Рин.[1]

Изглед[уреди | уреди извор]

Постојат само пет карти: празен круг (една линија), крст (две линии), три вертикални брановидни линии (или бранови), празен квадрат (четири линии), и празна форма на ѕвезда. Во еден шпил на Зенерови карти има 25 карти, по пет од секоја.

Кога првпат се употребени овие карти, биле направени од бела делумно провидна хартија. Неколкумина испитаници покажале многу високо ниво на погаѓање на картите, сè додека е утврдено дека тенката бела хартија е проѕирна. Картите потоа се печатени на хартија преку која било невозможно да се видат.

Експерименти[уреди | уреди извор]

При тестирање на јасновидост, од испитаникот се бара да ја погоди картата која случајно ќе биде извлечена од шпилот. Експериментот завршува откако сите карти ќе бидат извлечени.

При некои експерименти на вонсетилно восприемање, испитаникот се наоѓа во посебна просторија.

На интернет постои онлајн тестирање со Зенерови карти.[2]

Зенеровите карти се користат и за тестирање на телепатија. При вакво тестирање потребни се двајца испитаници, поставени во две посебни простории. Едниот од нив црта една од картите, и се обидува ментално да му ја испрати информацијата на другиот испитаник, кој треба да каже за која карта станува збор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Зенерови карти“. Glossary of Skepticism & the Paranormal. About.com. Посетено на 2006-12-20.
  2. „The Anima Project“. Посетено на 2008-04-08.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]