Земјотрес во Јушу (2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Земјотрес во Јушу (2010)
Карта на епицентарот
Датум 13 април 2010 23:49:37 UTC
Магнитуда 6.9 or 7.1 Mw
Длабочина 10 км (6 mi)
Епицентар 33° СГШ 96° ИГД / 
Зафатени земји/подрачја Кина
Жртви 2,183

Земјотресот во Јушу се случил на 14 април 2010 година. Според Рихтеровата скала, јачината на земјотресот била 6,9[1][2] или 7.1 [3].Земјотресот се случил во Јушу, во кинеската провинција Чингаи, северозападно од Пекинг, Кина. Замјата започнала да се тресе во 7,49 часот по локално време.[4]Американскиот геолошки институт потврдил дека половина час по првиот земјотрес следеле уште два послаби со магнитуда од 5.2 и 5.3 степени по Рихтер. Кинескиот центар за земјотреси потврдил дека во Јушу на Тибет, каде живеат околу сто илјади луѓе, имало многу уништени објекти.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, околу 2,183 луѓе загинале, а 12,135 биле повредени, 84 исчезнати.[3][5] Епицентарот бил лоциран во селото Рима ((日瑪村),)[6][7]во близина на границата со Тибет. Епицентарот се наоѓа на околу 30 километри од Гиегу, седиштето на покраината,[8] и на околу 240 километри од Камдо.[9]

Според последните информации (14 април), од земјотресот се урнати над 85% од куќите во близина на епицентарот. Повеќе од 5.000 припадници на армијата им се придружиле на спасувачките екипи во обид да им помогнат на настраданите жители.

Наводи[уреди]