Зеленонога тринга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зеленонога тринга
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Зеленонога тринга
Биномен назив
Tringa nebularia
(Gunnerus, 1767)

Зеленоногата тринга (науч. Tringa nebularia) е крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa), која заедно со жолтоногата и дамчестата тринга сочинуваат поблиска група, покажувајќи ја различноста во бојата на нозете. Оваа птица е субарктичка, распространета од северна Шкотска на исток, преку северна Европа и Азија. Ја има и во Македонија. таа е типична птица преселница која зимува во Африка, Индија и Австралија.

Опис[уреди]

Младенче на зеленонога тринга
Зеленонога тринга во Австралија

Зеленоногата тринга е долга до 35 см со распон на крилјата од 70 см и тежина од 280 г. Тој има долги сивозелени нозе и долг, силен и малку искривен надолу клун. Горните делови му се кафеавосива боја, а стомакот е бел. Немаат полов диморфизам. Природни непријатели им се грабливите птици. Во принцип, тие е кротки и внимателни птици кои знаат да пливаат и нуркаат. Неговото пеење звучи како тиу-тиу-тиу.

Размножување[уреди]

Овие птици гнездат на сува земја близу до мочурливи предели. Сезоната за парење трае од мај до јули. Гнездото е шуплина во земјата послана со трева. Женките несат 4-5 големи јајца кои се инкубираат од двата родитела во период од 25 дена. Пилињата уште од првиот ден на животот се многу активни.

Исхрана[уреди]

Како повеќето крајбрежни птици се хранат со разни без’рбетници, инсекти, мекотели, црви, како и со мали риби.

Статус[уреди]

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи[уреди]

  • Pereira, S. L., & Baker, A. J. (2005). Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107 (3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 HTML abstract

Надворешни врски[уреди]