Зеленика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Зеленика
Шимшир (Buxus sempervirens)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Зелениковидни
Фамилија: Зеленики
Род: Зеленика
Л.
Видови

Околу 70 вида; видете текст

Шимшир (Buxus sempervirens)
Лисја на на Buxus sinica
Лисја на Buxus henryi
Лисја и капсули на Buxus wallichiana
Кора на зеленика
Детал од кора на зеленика

Зеленика (лат. Buxus) е род од околу 70 видови во семејството Зеленики.

Зелениката води поткло од западна и јужна Европа, југозападна, јужна и источна Азија, Африка, Мадагаскар, најсеверна Јужна Америка, Средна Америка, Мексико и Карибите, со тоа што најголемиот број видови се тропски или суптропски; само европските и некои азиски видови се отпорни на мраз. Центри на диверзитет наоѓаме во Куба (околу 30 вида), Кина (17 вида) и Мадагаскар (9 вида).

Ова се бавнорастечки зимзелени грмушки и мали дрва, кои растат до висина од 2-12 m (ретко до 15 m). Листовите се спротиставени, заоблени, ланцеолатни и кожести; кај највеќето видови се мали, со должина од 1.5-5 cm и широчина од 0.3-2.5 cm, но до 11 cm долги и 5 cm широки кај B. macrocarpa. Цветовите се мали и жолтозелени, со обата пола на едно растение. Плодовите се мали капсули долги по 0.5-1.5 cm (до 3 cm кај B. macrocarpa), и доржат по неколку мали семиња.

Родот се дели на три генетски посебни отека, секој од различен регион - еден од Евроазија, друг од Африка (соврен северозападна Африка) и Мадагаскар, и трет од Америка. Африканските и американските отсеци се генетски посродни од евроазискиот отсек (Балтазар и др., 2000).

Содржина

[уреди] Одбрани видови

Европа, северозападна Африка, Азија
Африка, Мадагаскар
Америка

[уреди] Симболика и употреба

Зелениките често се користат како жива ограда и топијарија, а црвстото дрво (наречено „шимшир“) е особено вреднувано за дрворез и дрвени печати за печатење. Фактот што цветовите се незабележителни значи дека растението се одгледува за листовите. Зелениката особена примена наоѓа кај живата ограда, топијаријата, и лавиринти во формални градини. Ако ѝ се даде време, живата ограда може да порасне огромна. Меѓутоа често се кастри во мал формат, како кај познатите градини на Виландрискиот дворец во Франција.

Скопската населба Зелениково е именувана по ова растение, заради неговото изобилие во тоа подрачје.

Зелениката традиционално се користела за израборка на белите шаховски фигури.

[уреди] Наводи

  • Balthazar, M. von, Peter K. Endress, P. K., и Qiu, Y.-L. 2000. Phylogenetic relationships in Buxaceae based on nuclear internal transcribed spacers and plastid ndhF sequences. Int. J. Plant Sci. 161(5): 785–792 (онлајн).

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици