Зевкиј и Пархасиј
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Зевкиј и Пархасиј биле сликари од Ефес во V век п.н.е.. Зевкиј бил дворски уметик во престолнината на Македон, Пела повикан од кралот Архелај I. Двајцата се спомнуваат во книгата Naturalis Historia на авторот Плиниј Постариот во контекст на натпреварот кои двајцата го одржиле за да одредат кој од нив е подобар уметник (како и за титулата „Најдобар уметник на светот“). Кога Зевкиј ја тргнал завесата од неговата слика со гроздови, тие изгледале толку примамливо, што птици долетале од небото за да ги колват. Потоа тој го замолил Пархасиј да го направи истото со неговата завеса. Кога се открило дека всушност самата завеса била сликата на Пархасиј, Зевкиј морал да признае пораз, бидејќи додека неговото дело ги измамило очите на птиците, Пархасиј ги измамил очите на еден уметник.
Најважните дела на Зевкиј се: Хелен, Устоличениот Зевс и Малиот Херкул дави змија. Сликал и собрание на боговите, Ерос крунисан со рози, а ги сликал и Алкмен, Менелај (атлетичар), Пан, окованиот Марсиј и др.
[уреди] Смрт
Се вели дека Зевкс насликал некоја старица, која потем му се видела толку смешна, што се изнасмеал до смрт. По смртта, неговите дела биле однесени во Рим и Византија, но подоцна исчезнале за времето на Павзаниј и до денес ниедно не е пронајдено.
[уреди] Видете исто така
| Оваа статија за сликар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
