Зебрњак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-обележјето денес

Спомен-костурница на ридот Зебрњак — монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во слава и чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година. Српската војска, во која имало и Македонци, извојува победа над турската и со тоа го означи почеток на ослободувањето на југоисточна Европа од Отоманското Царство. Во македонската историографија овој настан се оценува како почеток на српската власт над Вардарска Македонија. Спомен-обележјето е најзначајното остварување на белградскиот архитект Момир Коруновиќ и беше најмонументалниот воен материјал на балканските простори. Споменикот е подигнат во 1937 година на локацијата на самата борба - ридот Зебрњак кај Куманово во тогашната Вардарска бановина во Југославија, денешна Република Македонија. Воена сила од околу 90.000 војници под команда на Александар I Караѓорѓевиќ. Оваа битка ја одлучи Првата балканска војна. На турската војска и бил нанесен тежок пораз, по кој следуваше завршното протерување на Турците од Балканот. Во спомен-костурницата, почиваат посмртни остатоци на 678 загинати српски броци. По ова била исполнето и тежнеењето на српскиот народ да се ослободи Косово и Метохија. Денеска споменикот е во руинирана состојба, поради тоа што бил срушен од страна на бугарските воени сили во текот на Втората светска војна.[1]

Изградба[уреди | уреди извор]

Уште во 1922 година група српски воени ветерани формира одбор со цел да се подигне споменик на загинатите војници на 23. и 24 октомври 1912. во Кумановската битка - вооружен конфилкт кој ја одлучи исходот на првата балканска војна.
Споменикот е свечено осветен на 31 октомври 1937 година, на 25-годишнината од победата во Кумановската битка, од страна на скопскиот митрополит Јосиф, нишкиот епископ Јован и рашко-призренскиот епископ Серафим. Изграден е на ридот Зебрњак, највисоката точка на кумановските воени места. За време на осветувањето во костурницата се положени посмертните остатоци на околу 400 припадници на српската војска кои до тогаш биле чувани во манстирот свети Ѓорѓи, недалеку од костурницата (во Старо Нагоричане).
Споменикот на Зебрњак е изграден од најтврд базалт и армиран бетон. Имал облика на кула со висина од 48,5 метри. Тоа бил убедливо највискиот споменик не само на територијата на Кралството Југославија, туку и на целиот Балкан. Со складни пропорции, овој меморијал можел да се види и од далеку, дури и преку ноќ, затоа што од неговиот купол светел три петро-макс лампи. Тоа било симболично, вечно кандило на починатите.

Спомен-костурницата во 1937 година

На приземје се наоѓаа простории со посмртни остатоци. Над нив, се наоѓал простор, поделен во девет одаи, во кои биле сместени музеолошки поставки. Над подножјето на споменикот, осумнаесет метри од земјата, се наоѓала меморијална капела до која се стигнувало со отворена спирална рампа. На секој агол од спиралната стаза стоеја сталки со оригинални топови кои се користени во битката. Железните скали водеа во простор над капелата во која биле поставени дрвени храстови слуби кои ги спојувале петте спратови на високата кула со бетонските галерии. На самиот врв на кулата, под самата кровна конструкција, се наоѓале споменатите светилки кои во текот на ноќта ја осветлувале околината. На врвот на објектот, се наоѓал крст, додека нејзиниот највисок спрат бил украсен со хералдички знамиња на кралството Србија.
Фреско-декорацијата во капелата и во костурницата ја изработил Живорад Настасијевиќ.

Рушење[уреди | уреди извор]

Монументалниот споменик на ридот Зебрњак кај Куманово е срушен на самиот почеток на Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор. Експертите на републичкиот завод за заштина на спомениците за култура, во Белград во 1985 година го реализирале проектот за заштита на објектот на Зебрњак во дадена состојба. Денес, од страна на Министерстово за социјални работи и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија е поставен постојан чувар.

Извори[уреди | уреди извор]